Козјак (езеро)

вештачко езеро во Македонија
За други значења на поимот Козјак видете на појаснителната страница

Козјаквештачко езеро во Западна Македонија, најголемо во државата, сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и резерватот „Јасен“ на исток. Езерото е долго 32 км, некаде е длабоко и 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 м. Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска. Другиот пристап е од Скопје при што патот се протега под јужните падини на Водно.

Козјак
Поглед кон Козјак од врвот Фојник, непосредно над селото Брест
ПодрачјеОпштина Македонски Брод
Координати41°48′42″N 21°09′58″E / 41.8116° СГШ; 21.1661° ИГД / 41.8116; 21.1661 (езеро Козјак)
Видвештачко
Сливни земјиМакедонија Македонија
Најг. должина32 км км
Најг. ширина400 м км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
13,5 км2 км2
Најг. длабочина135 м м
Зафатнина0,38 км3 км3

Езерото е создадено во 2004 г., кога започнала со работа хидроцентралата „Козјак“, со капацитет од 150 гигават-часови просечно годишно производство на електрична енергија. Целиот акумулациски систем бил проектиран од кинески инженери. Основата на браната е 500 м, а круната или врвот 310 м. Максимална кота на езерото е 469,9 м. Капацитетот на езерото е приближно 0,38 км3 вода.[1]

Флора и фауна

уреди

Во акумулацијата Козјак се среќаваат девет видови риби, но не е исклучено да се најдат и други видови на риби.[2] Во последните години активно и редовно се врши порибување на езерото.

Вид Научен назив Слика
поточна пастрмка Salmo macedonicus  
крап Cyprnus carpio  
виножитна пастрмка Oncorhynchus mykiss  
клен Leuciscus cephalus  
скобуст Chondrostoma nasus  
мрена Barbus barbus  
гомнушка Alburnoides bipunctatus  
јагула Anguilla anguilla  

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Јане Војчески, „Езеро Козјак“, Економија и бизнис, година 17, бр. 189, март 2014, стр. 90-91.
  2. Езера - ЗПР „Јасен“

Надворешни врски

уреди
  • Страница за езерото „Козјак“ Архивирано на 25 март 2016 г.Општина Македонски Брод
  • Николоски, Никола (24 ноември 2017). „Необичната убавина на езерото Козјак“. ИГЕО-ПОРТАЛ.