Старо камено време

(Пренасочено од Старото камено време)
Трипериоден систем
Холоцен Железно време Протоисторија
Доцно бронзено време  
Средно бронзено време
Младо бронзено време
Бронзено време
Бакарно време (енеолит)    
Младо камено време (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено време

Старо камено време или палеолит е термин со кој Л. Лубок во 1865 година ја означил најстарата и најдолга предисториска епоха. Се протега од најраната позната употреба на камени алатки од страна на хоминините, пред ок. 3.3 милиони години, до крајот на плеистоценот, пред ок. 11,650 години.[1]

Материјалната култура на овој период ја оствариле мали човечки заедници (едно или неколку семејства), чиј опстанок се засновал на ловечко - собирачки начин на живеење. Подвижноста на ваквите заедници била ускладена со годишните времиња, користењето на природните ресурси, или помалку или повеќе широкиот спектар на растителни или животински видови на одредена територија. Поради тоа археолошката документација за палеолитските заедници се однесува на трагите кои тие ги оставиле зад себе во Пештерапештерите, поткарпите, или на отворен простор (огништа, орудија, коски од уловените животни). Со оглед на геолошката старост на слоевите во кои таквите остатоци се најдени, како и на технолошкиот начин на изработка на орудијата од делкани, најчесто силикатни карпи и минерали, животински коски и рогови, изведена е традиционална поделба на палеолитот на ран, среден и доцен палеолит.

Ран палеолит

уреди
 
Череп на Homo neanderthalensis, од раниот палеолит, пред 430,000 години.

Наоѓалиштата од раниот палеолит (пред 2,6/2,3 милиони до 128,000 години) потекнуваат од крајот на Терциерот (плиоцен) и периодот на долниот и средниот плеистоцен. Најстаријте орудија за работна и друга намена припаѓаат на културата na Облутоци (околу 2,6/2,3 милиони до 700 000 години) и потекнуваат од наоѓалишта долж јужноафриканската пукнатина (Хадар, Олдувај, Мелка-Кунтуре). Фосилни остатоци на астралопитекус, хомохабилис и првиот хомоеректус, исто така потекнуваат од оваа област, па затоа таа се смета за колевка на човештвото.

Хомоеректусот освојува нови простори, ширејќи се од Африка на дотогаш ненаселени континенти, оставајќи значајни траги на својот начин на живот во Европа и Азија, почнувајќи од пред 1,5 милион години до 700 000 години. Нови технологии на изработка на делканото орудие се јавуваат во рамките на постарата ашелска култура или технокомплекси во Африка (1,7 милиони години) и Европа (пред 700 000 до 300 000 година). Помлада Ашелска култура (пред 300 000 до 100 000 година) на низа локалитети. Хомо еректусот почнал да го контролира огнот, најмалку пред 400 000 години. Во рамките на помладата ашелска култура, пред 300 000 години, изработката на делканото камено орудие е уште повеќе усовршена, (Левалоазиен|левалуазиенска техника]] за да стекне широка примена во средниот палеолит пред 350 000 години веројатно се појавил архаичниот Хомо сапиенс. Една од неговите варијанти е и Хомо сапиенс неандерталенсис, чии остатоци се најдени во Европа и на Блискиот Исток.

Среден палеолит

уреди

Почеток на средниот палеолит (пред 128 000 – 40 000/35 000 години) се поистуветува со почетокот на доцниот плеистоцен. Продолжуваат старите технолошки традиции и се усовршуваат нови техники кои биле присвоени и во претходниот период. Сосема нова појава претставуваат најдените гробници (Комб Гренал, Мустија, Тешик-Таш, Шанидар), пружајќи јасно потврда за постоење на култ, односно укажување на се позначајната улога во идеологијата во животот на ловечко-собирачките заедници. Горниот или помладиот палеолит претставува период на големи пресврти, посебно во поглед на прилагодување на ловечко-собирачките заедници, на многу различни услови кои ги диктирал животот. На пример од оние во поларните до оние во тропските предели и посложена социјална организација.

Доцен палеолит

уреди

Доцен палеолит (пред 40 000 – 10 000 години) траел до крајот на доцниот плеистоцен, односно за време на најсилно изразените климатски осцилации на последниот леден период. Обележен е со појава на новиот хомо сапиенс сапиенс и нови технологии. Обработено камено орудие кое добива форма на сечиво, помало е од претходното, експлоатацијата на суровините е поекономична (оттаму за младиот палеолит се користи името лептолит). Започнува широка употрба на предемти изработени од животински коски, рогови и заби (од забите се правени шила, проектили, исфрлувачи на копја, украси). Кон крајот на доцниот палеолит се јавуваат и многубројни технолошки иновации (лак и стрела, харпун, орудије од изделкан камен), нови стратегии за користење на ресурсите, риболов, собирање на школки, можеби и припитомување на кучиња. Орудието се изработува во многу поголем број на облици, кои одговараат за специфични намени. Но стиловите на изработка на орудието се разликуваат од регион до регион. Таа појава е условена покрај останатото, со порастот на општата популација, промените во еколошката сфера, неможноста на ловечко-собирачките заедници да си обезбедат опстанок и сопствена биолошка и социјална репродукција на начин практикуван со стотици илјади години. Решавањето на тој проблем одело двојно. Прво палеолитските заедници се ориентираат на планска експлоатација на својата територија, воспоставувајќи постојани резиденцијални логори, од кои ги преземале ловечко-собирачките активности. Таквите походи однапред сè планираат, ресурсите интензивно се прибираат во кратки периоди, а вишокот се претвора во залихи кои обезбедуваат опстанок во месеците на немаштија. Подвижноста на групата сега е ограничена и тие се сè повеќе насочени кон соработка со соседните заедници кои престојувале во истиот регион. Таквите заедници поминуваат низ процес на длабока социјални и технолошка интерграција, која археолошки јасно се гледа во наодите коишто се поврзани за култот(пред сè појавата на палеолитската уметност, еден од најважните белези на овој период).

Дополнување

уреди

Друг начин на обезбедување опстанок, подразбирало одвојување или расцепкување на заедницата на делови и потрага по нови територии. Во текот на раниот палеолит биле освоени и двата преостанати континенти и тоа штом биле создадени услови за можност за пловење (чамци и навигација со видливост на копното или островот) и штом биле совладани тешкотиите за опстанок во поларните предели(опрема, засолништа и санки). Се препоставува дека со чамци можело да се стигне од остров на остров, од Југоисточна Азија во Австралија(пред 40 000/35 000 години). Преминот на новиот американски континент можел да се случи еднинствено во времето на најголемото заладување во последниот леден период, кога помеѓу Сибир и Алјаска постоела копнена врска(најрано пред 15 000 години)

Улогите на жените

уреди

Антрополозите обично претпоставувале дека во Палеолитските општества жените биле одговорни за собирањето на растенија и дрва за огрев, а мажите биле одговорни за лов.[2][3] Меѓутоа, аналогии со сегашните општества на ловци-собирачи како на Хадза луѓето и австралиските Абориџини укажуваат на тоа дека половата поделба на трудот во палеолитот беше релативно флексибилна. Мажите можеле да учествуваат во собирањето на растенија, дрва за огрев и инсекти, и жените можеле да ловат животни.[3][4] Освен тоа, неодамнешното истражување на антропологот и археологот Стивен Кун од Универзитетот во Аризона ја докажува теоријата дека половата поделба на трудот не постоела пред Горниот Палеолит и била измислена релативно неодамна во човечката праисторија.[5][6] Имаше еднаквост меѓу мажите и жените во текот на средниот и горниот палеолит, а е можно тој период во однос на половите да е бил и најегалитарното време во човечката историја.[7][8][9] Археолошките докази од уметноста и погребните ритуали укажуваат на тоа дека голем број на поединечни жени имале висок статус во своите заедници, и дека двата пола учествувале во донесувањето на одлуки.[9] Најраниот познат Палеолитски шаман (пред околу 30.000 години) беше жена.[10] Џеред Дајмонд укажува на тоа дека статусот на жените опадна со појавата на земјоделството, бидејќи жените во земјоделските општества обично се почесто бремени и се очекува да работат повеќе отколку жените во општествата на ловци-собирачи.[11] Како и повеќето современи општества на ловци-собирачи, Палеолитот и Мезолитот биле претежно матрилинеарни и амбилинеарни; патрилинеарноста била поретка отколку во следниот неолитски период.[12][13]

Религијата можеби била апотропејска; поточно, таа вклучувала имитативна магија.[3] Венерските фигурини, кои се во изобилство во Горниот Палеолит, обезбедиле еден пример за можната Палеолитска имитативна магија, бидејќи се користеле за обезбедување на успех во ловот и да се донесе плодност на земјиштето и жените.[2] Венерските фигурини од Горниот Палеолит понекогаш се објаснети како претстави на божицата на земјата слична на Геја, или како претстави на божицата која е владетел или мајка на животните.[14][15] Џејмс Харод ги опишал како претстави на шаманистички духовни трансформациски процеси на жени.[16]

Венерските фигурини понекогаш се толкуваат како претстави на мајка божица; изобилството на таквите женски претстави доведе некои да веруваат дека општествата на Горниот Палеолит (а подоцна и неолитот) имале религија центрирана на жени и општество доминирано од жени. На пример, ова беше предложено од страна на археологот Марија Гимбутас и научничката Мерлин Стоун, која е автор на книгата Кога Бог Беше Жена.[17][18] Разни други објаснувања за целите на фигурините биле предложени, како што се хипотезите на Кетрин Макоид и Лероа Макдермот според кои фигурините се создадени како авто-портрети на вистински жени.[3][19]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Toth, Nicholas; Schick, Kathy (2007). „Overview of Paleolithic Archaeology“. Во Henke, H. C. Winfried; Hardt, Thorolf; Tatersall, Ian (уред.). Handbook of Paleoanthropology. 3. Berlin; Heidelberg; New York: Springer. стр. 1943–1963. doi:10.1007/978-3-540-33761-4_64. ISBN 978-3-540-32474-4.
  2. 2,0 2,1 McClellan (2006). Science and Technology in World History: An Introduction. Baltimore, Maryland: JHU Press. ISBN 0-8018-8360-1. Page 8-12
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Miller, Barbra; Bernard Wood; Andrew Balansky; Julio Mercader; Melissa Panger (2006). Anthropology. Boston Massachusetts: Allyn and Bacon. стр. 768. ISBN 0-205-32024-4.
  4. Barbara Ehrenreich (1997). Blood Rites: Origins and History of the Passions of War. London, United Kingdom: Macmillan. ISBN 0-8050-5787-0. Page 123
  5. Dahlberg, Frances (1975). Woman the Gatherer. London: Yale university press. ISBN 0-300-02989-6.
  6. Stefan Lovgren. „Sex-Based Roles Gave Modern Humans an Edge, Study Says“. National Geographic News. Посетено на 2008-02-03.
  7. R Dale Gutrie (2005). The Nature of Paleolithic art. Chicago: University of Chicago Press. ISBN 0-226-31126-0. Page 420-422
  8. Leften Stavros Stavrianos (1991). A Global History from Prehistory to the Present. New Jersey, USA: Prentice Hall. ISBN 0-13-357005-3. the sexes were more equal during Paleolithic millennia than at any time since. Page 9
  9. 9,0 9,1 Museum of Antiquites web site Архивирано на 21 ноември 2007 г. . Retrieved February 13, 2008.
  10. Tedlock, Barbara. 2005. The Woman in the Shaman's Body: Reclaiming the Feminine in Religion and Medicine. New York: Bantam.
  11. Jared Diamond. „The Worst Mistake in the History of the Human Race“. Discover. Посетено на 2008-01-14.
  12. Marlowe FW (2005). „Hunter-gatherers and human evolution“ (PDF). Evolutionary Anthropology. 14 (2): 15294. doi:10.1002/evan.20046. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-05-27. Посетено на 2014-11-01.
  13. Felipe Fernandez Armesto (2003). Ideas that changed the world. Newyork: Dorling Kindersley limited. стр. 400. ISBN 978-0-7566-3298-4.; [1][мртва врска]
  14. Karl J. Narr. „Prehistoric religion“. Britannica Online Encyclopedia 2008. Посетено на 2008-03-28.
  15. Christopher L. C. E. Witcombe, "Women in the Stone Age Архивирано на 1 август 2010 г.," in the essay "The Venus of Willendorf" . Retrieved March 13, 2008.
  16. „Upper Paleolithic Art, Religion, Symbols, Mind By James Harrod“. Originsnet.org. Посетено на 2010-01-31.
  17. Merlin Stone. (1978). When God Was a Woman. Harcourt Brace Jovanovich. стр. 265. ISBN 0-15-696158-X.
  18. Marija Gimbutas 1991. The Civilization of the Goddess
  19. McDermott, LeRoy. "Self-Representation in Upper Paleolithic Female Figurines". Current Anthropology, Vol. 37, No. 2, April., 1996. pp. 227–275.