Отвори го главното мени

Ратомир Грозданоски


Ратомир Грозданоски (роден во с. Брест, Македонски Брод, на 15 мај, 1959) е македонски теолог, професор и протоѓакон[1].

Ратомир Грозданоски.jpg
Роден 15 мај 1959
Брест (Порече)

Завршил Богословија и Богословски факултет во Скопје. Бил на студии и во Солун, Атина и Даблин. Докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил секретар на САС на МПЦ, професор и декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Бил близок соработник на поглаварите: Ангелариј, Гаврил, Михаил и Стефан. Членувал во разни синодски комисии и црковни делегации. Живее во Скопје.

БиблиографијаУреди

Учествувал на научни симпозиуми и медиумски настапи и има над 300 свои написи, статии и научни трудови. Редактирал, рецензирал, уредувал и лекторирал книги и списанија со богословска содржина. Посебно ги обработувал егзегетиката и исагогиката на Новиот завет. Во оваа област има дадено значаен придонес.

  • Евангелие според Матеј;
  • Господовата молитва;
  • Михаил А. О. и М.;
  • Декалог;
  • Стефан А. О. и М.;
  • Библијата во делата на свети Климент Охридски;
  • Евангелие според Марко;
  • Послание до Римјаните;
  • Географска карта на МПЦ;
  • Блаженствата;
  • Свети апостол Павле и Македонија;
  • Веронаука;
  • Вовед во Новиот завет.
  • „Блаженствата земнонебесни скалила“, Скопје, 2009[2]
  • „Вовед во светото писмо на новиот завет“ Скопје, 2009, [2]
  • „Прво послание на Светиот Апостол Павле до Коринтјаните“ Скопје, 2009[2]

НаводиУреди

  1. Протоѓаконот проф. д-р Ратомир Грозданоски- СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ И МАКЕДОНИЈА“, Премин (посет. 23 ноември 2009 г). (на македонски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Т, Д. „НОВИ ТРИ КНИГИ НА ПРОТОЃАКОНОТ ПРОФ. Д-Р РАТОМИР ГРОЗДАНОСКИ“, Вечер, 27 ноември 2009 (посет. 27 ноември 2009 г). (на македонски)

Надворешни врскиУреди