Освојувачи на медали на Летните олимписки игри 2016

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Летните олимписки игри 2016 се наведени сите земји учеснички на игрите кои освоиле медал. Игрите се одржале во Рио де Жанеиро од 5 до 21 август 2016, а медали биле доделени во 306 натпреварувања во 28 спортови.

Карта на светот на којашто е претставен успехот на секоја земја на Летните олимписки игри 2016.
Легенда:
       Со златна боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден златен медал.
       Со сребрена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден сребрен медал.
       Со бронзена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден бронзен медал.
       Со сина боја се обележани земјите-учеснички коишто не освоиле медал.
       Со црвена боја се обележани земјите коишто не учествувале на игрите.

Виетнам, Косово, Фиџи, Сингапур, Порторико, Бахреин, Јордан, Таџикистан и Брегот на Слоновата Коска за првпат освоиле златен медал. Од нив, Косово, Фиџи и Јордан ги освоиле првите олимписки медали воопшто.[1][2][3][4][5][6][7][8][9][10] Кувајтскиот стрелец Фехајд ал-Дихани станал првиот независен учесник кој освоил златен медал,[11][12] иако златни медали во минатото освоиле спортисти кои настапиле под олимпиското знаме, како на пример Обединетата екипа во 1992.

Медали

уреди

Олимписките медали за игрите во 2016 година биле најголеми во споредба со медалите на олимписките игри во минатото во поглед на големината на пречникот.[13] Златотните медали биле почисто злато од било кои игри претходно. Сребрените медали биле изработени од залемено рециклирачко огледало на рендгенска плоча. Поголемиот дел од бакарот упоребен за изработка на бронзените медали бил добиен преку рециклажа на остатокот од ковањето на медалите. На предната страна на медалите била прикажана Ника — божицата на победата.[14]

Список по земји

уреди

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Медали на игрите освоиле спортисти од рекордни 87 земји, при што 120 земји не освоиле не медал, а златен медал освоиле рекордни 59 земји.

Во бокс (13 натпреварувања), борење (18), теквондо (8) и џудо (14) биле доделени два бронзени медали во секое натпреварување или вкупно 53 бронзени медали повеќе.

Два златни медали биле доделени во женската трка на 100 м слободен стил, а како последица на тоа не бил доделен сребрен медал.

Три сребрени медали биле доделени во машката трка на 100 м делфин, а како последица на тоа не бил доделен бронзен медал.

Два бронзени медали биле доделени во женската трка на 100 м грбно и во машката поединечна кајакарска трка на 200 м.

      земја домаќин (Бразил)

 Место  НОК Злато Сребро Бронза Вкупно
1   САД (USA) 46 37 38 121
2   Велика Британија (GBR) 27 23 17 67
3   Кина (CHN) 26 18 26 70
4   Русија (RUS) 19 18 19 56
5   Германија (GER) 17 10 15 42
6   Јапонија (JPN) 12 8 21 41
7   Франција (FRA) 10 18 14 42
8   Јужна Кореја (KOR) 9 3 9 21
9   Италија (ITA) 8 12 8 28
10   Австралија (AUS) 8 11 10 29
11   Холандија (NED) 8 7 4 19
12   Унгарија (HUN) 8 3 4 15
13   Бразил (BRA)* 7 6 6 19
14   Шпанија (ESP) 7 4 6 17
15   Кенија (KEN) 6 6 1 13
16   Јамајка (JAM) 6 3 2 11
17   Хрватска (CRO) 5 3 2 10
18   Куба (CUB) 5 2 4 11
19   Нов Зеланд (NZL) 4 9 5 18
20   Канада (CAN) 4 3 15 22
21   Узбекистан (UZB) 4 2 7 13
22   Казахстан (KAZ) 3 5 9 17
23   Колумбија (COL) 3 2 3 8
24   Швајцарија (SUI) 3 2 2 7
25   Иран (IRI) 3 1 4 8
26   Грција (GRE) 3 1 2 6
27   Аргентина (ARG) 3 1 0 4
28   Данска (DEN) 2 6 7 15
29   Шведска (SWE) 2 6 3 11
30   ЈАР (RSA) 2 6 2 10
31   Украина (UKR) 2 5 4 11
32   Србија (SRB) 2 4 2 8
33   Полска (POL) 2 3 6 11
34   Северна Кореја (PRK) 2 3 2 7
35   Белгија (BEL) 2 2 2 6
  Тајланд (THA) 2 2 2 6
37   Словачка (SVK) 2 2 0 4
38   Грузија (GEO) 2 1 4 7
39   Азербејџан (AZE) 1 7 10 18
40   Белорусија (BLR) 1 4 4 9
41   Турција (TUR) 1 3 4 8
42   Ерменија (ARM) 1 3 0 4
43   Чешка (CZE) 1 2 7 10
44   Етиопија (ETH) 1 2 5 8
45   Словенија (SLO) 1 2 1 4
46   Индонезија (INA) 1 2 0 3
47   Романија (ROU) 1 1 3 5
48   Бахреин (BRN) 1 1 0 2
  Виетнам (VIE) 1 1 0 2
50   Кинески Тајпеј (TPE) 1 0 2 3
51   Бахами (BAH) 1 0 1 2
  Брег на Слоновата Коска (CIV) 1 0 1 2
  Независни учесници (IOA) 1 0 1 2
54   Фиџи (FIJ) 1 0 0 1
  Јордан (JOR) 1 0 0 1
  Косово (KOS) 1 0 0 1
  Порторико (PUR) 1 0 0 1
  Сингапур (SIN) 1 0 0 1
  Таџикистан (TJK) 1 0 0 1
60   Малезија (MAS) 0 4 1 5
61   Мексико (MEX) 0 3 2 5
62   Алжир (ALG) 0 2 0 2
  Ирска (IRL) 0 2 0 2
64   Литванија (LTU) 0 1 3 4
65   Бугарија (BUL) 0 1 2 3
  Венецуела (VEN) 0 1 2 3
67   Индија (IND) 0 1 1 2
  Монголија (MGL) 0 1 1 2
69   Бурунди (BDI) 0 1 0 1
  Гренада (GRN) 0 1 0 1
  Нигер (NIG) 0 1 0 1
  Филипини (PHI) 0 1 0 1
  Катар (QAT) 0 1 0 1
74   Норвешка (NOR) 0 0 4 4
75   Египет (EGY) 0 0 3 3
  Тунис (TUN) 0 0 3 3
77   Израел (ISR) 0 0 2 2
78   Австрија (AUT) 0 0 1 1
  Доминиканска Република (DOM) 0 0 1 1
  Естонија (EST) 0 0 1 1
  Финска (FIN) 0 0 1 1
  Мароко (MAR) 0 0 1 1
  Молдавија (MDA) 0 0 1 1
  Нигерија (NGR) 0 0 1 1
  Португалија (POR) 0 0 1 1
  Тринидад и Тобаго (TTO) 0 0 1 1
  ОАЕ (UAE) 0 0 1 1
Вкупно (87 НОК) 307 307 361 975

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „2016 Rio Olympics Medals Tally“. 7 August 2016. Посетено на 7 August 2016.
  2. „Rio Olympics 2016: Vietnam win first ever Games gold“. BBC.com. 6 August 2016. Посетено на 7 август 2016.
  3. „Majlinda Kelmendi wins gold for Kosovo's historic first Olympic medal“. CNN.com. 7 August 2016. Посетено на 7 август 2016.
  4. „Fiji wins rugby sevens for nation's first Olympic gold“. usatoday.com. 11 August 2016. Посетено на 12 август 2016.
  5. „Olympics: Joseph Schooling's coronation complete as he wins Singapore's first gold“. Straits Times. Посетено на 13 август 2016.
  6. „Rio Olympics 2016: Monica Puig wins Puerto Rico's first ever gold medal“. BBC.com. 13 August 2016. Посетено на 13 август 2016.
  7. „Jebet wins Bahrain's first ever gold“. reuters.com. 15 August 2016. Посетено на 15 август 2016.
  8. „Ahmad Abughaush earns Jordan its first-ever gold in taekwondo 68kg“. nbcolympics.com. 18 August 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-22. Посетено на 18 август 2016.
  9. „Nazarov wins men's hammer for Tajikistan's first gold“. reuters.com. 19 August 2016. Посетено на 19 август 2016.
  10. „Olympics: Cisse wins first ever gold for Ivory Coast“. straitstimes.com. 19 August 2016. Посетено на 19 август 2016.
  11. „Kuwaiti becomes first independent athlete to win gold with men's double trap win“. stuff.co.nz. 10 August 2016. Посетено на 10 август 2016.
  12. „Veteran Deehani wins men's double trap gold – First-ever gold medal won by Kuwaiti at Olympics“. Kuwait Times. 10 August 2016. Посетено на 14 август 2016.
  13. "Olympics Primetime". Rio 2016. CBC. 11 August 2016.
  14. „Innovative Medal Design Unveiled For Rio 2016“. Olympics. 2016.

Надворешни врски

уреди