Борење на Летните олимписки игри 2016
Борење на Летните олимписки игри 2016 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Слободен стил | Грчко-римски стил | ||||
до 57 кг | до 59 кг | ||||
до 65 кг | до 66 кг | ||||
до 74 кг | до 75 кг | ||||
до 86 кг | до 85 кг | ||||
до 97 кг | до 98 кг | ||||
до 125 кг | до 130 кг | ||||
Women | |||||
до 48 кг | до 63 кг | ||||
до 53 кг | до 69 кг | ||||
до 58 кг | до 75 кг |
Натпреварите во борење на Летните олимписки игри 2016 ќе се одржат од 14-21 август во Сала 3 од Олимписката вежбалница во Бара да Тижука. Спортот е поделен во две дисциплини: слободен стил[1] и грчко-римски стил.[2] Секоја од двете дисциплини е поделена во повеќе категории. Мажите ќе се натпреваруваат во обете дисциплини, додека жените само во слободен стил.
Околу 344 борачи се очекува да настапат во вкупно 18 натпревари. Во септември 2013, направени биле нови промени во правилата од страна на Меѓународниот олимписки комитет и ФИЛА (сега позната како „Обединето светско борење“). Притоа, по една категорија била укината од борењето во слободен и грчко-римски стил во машка конкуренција за да се додадат две нови категории во женска конкуренција и на тој начин да се намали половиот јаз и да се овозможи секој од трите стила да имаат по 6 категории.[3][4]
Структура на натпреварување
уредиВо секоја категорија се 19 мажи или 18 жени, и уште 6 други натпреварувачи распоредени преку земјата-домаќин или тројната комисија. Борачите преку жреб било одредено да се натпреваруваат во квалификации за нивниот број да се намали на 16, по што следува фаза на елиминации за одредување на финалистите и освојувачи на златен и сребрен медал. Натпреварувачите кои во двете половини од елиминациската фаза ќе бидат поразени во осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето од двајцата финалисти ќе разигруваат за два бронзени медали, при што поразените во полуфиналните натпревари ќе имаат натпревар помалку во разигрувањето.[1][2]
Распоред
уредиНатпреварите ќе бидат распоредени во два дела во секој натпреварувачки ден од олимписката програма. Освен последниот ден, првиот дел (квалификации и елиминациска фаза) ќе се одржи од 10:00 до 13:00 (UTC−03:00), а вториот дел (разигрување и финале) ќе се одржи од 16:0 до 19:00 (UTC−03:00). Поради церемонијата на свечено затворање во вечерниот дел од последниот ден, термините за првиот и вториот дел ќе бидат од 08:30 до 11:15 и од 12:45 до 15:15 (UTC−03:00) соодветно.
К | Квалификации и елиминациска фаза | Ф | Разигрување и финале |
Натпревар ↓/Датум → | 14 август | 15 август | 16 август | 17 август | 18 август | 19 август | 20 август | 21 август | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Слободен стил за мажи | ||||||||||||||||||
Слободен стил за мажи до 57 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Слободен стил за мажи до 65 кг | К | FФ | ||||||||||||||||
Слободен стил за мажи до 74 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Слободен стил за мажи до 86 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Слободен стил за мажи до 97 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Слободен стил за мажи до 125 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Грчко-римски стил за мажи | ||||||||||||||||||
Грчко-римски стил за мажи до 59 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Грчко-римски стил за мажи до 66 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Грчко-римски стил за мажи до 75 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Грчко-римски стил за мажи до 85 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Грчко-римски стил за мажи до 98 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Грчко-римски стил за мажи до 130 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Слободен стил за жени | ||||||||||||||||||
Слободен стил за жени до 48 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Слободен стил за жени до 53 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Слободен стил за жени до 58 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Слободен стил за жени до 63 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Слободен стил за жени до 69 кг | К | Ф | ||||||||||||||||
Слободен стил за жени до 75 кг | К | Ф |
Учесници
уредиЗемји-уеснички
уреди- Алжир (3)
- Аргентина (1)
- Ерменија (8)
- Австралија (3)
- Австрија (1)
- Азербејџан (14)
- Бахреин (1)
- Белорусија (7)
- Бразил (5)
- Бугарија (11)
- Камбоџа (1)
- Камерун (3)
- Канада (8)
- Кина (13)
- Колумбија (5)
- Хрватска (1)
- Куба (10)
- Чешка (1)
- Данска (1)
- Еквадор (2)
- Египет (10)
- Естонија (3)
- Финска (3)
- Франција (2)
- Грузија (11)
- Германија (7)
- Грција (1)
- Гвинеја-Бисао (2)
- Хаити (1)
- Хондурас (1)
- Унгарија (8)
- Индија (8)
- Иран (12)
- Израел (1)
- Италија (2)
- Јапонија (10)
- Казахстан (12)
- Киргистан (7)
- Латвија (1)
- Литванија (1)
- Мексико (1)
- Молдавија (3)
- Монголија (10)
- Мароко (3)
- Холандија (1)
- Нов Зеланд (1)
- Нигерија (7)
- Северна Кореја (4)
- Норвешка (2)
- Палау (1)
- Перу (1)
- Полска (8)
- Порторико (2)
- Романија (5)
- Русија (17)
- Сенегал (2)
- Србија (3)
- Јужна Кореја (5)
- Шпанија (1)
- Шведска (7)
- Кинески Тајпеј (1)
- Тунис (4)
- Турција (14)
- Украина (11)
- САД (14)
- Узбекистан (8)
- Венецуела (9)
- Виетнам (2)
Официјални судии
уредиСписокот на официјални судии е во продолжение:[5]
- Антонио Р. Силвестри (шеф на судиската комисија)
- Гуљелмо Орестес Молина Гонсалес (инструктор)
- Едит Доса (инструктор)
- Осаму Саито (инструктор)
- Андреј Криков (инструктор)
- Камел Мохамед Буазиз (инструктор)
- Халил Ибрахим Џиџиоглу (инструктор)
- Зах Ерет (инструктор)
- Константин Михајлов (инструктор)
- Перти Вехвилеинен (инструктор)
- Режин Легло (надзорник)
- Едишер Махаиѕе (надзорник)
- Бахитжан Јаксикулов (надзорник)
- Норедин Мохафа (надзорник)
- Сергеј Новаковскиј (надзорник)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Rio 2016: Freestyle Wrestling“. Rio 2016. Архивирано од изворникот на 2015-01-09. Посетено на 31 јануари 2015.
- ↑ 2,0 2,1 „Rio 2016: Greco-Roman Wrestling“. Rio 2016. Архивирано од изворникот на 2014-12-30. Посетено на 31 јануари 2015.
- ↑ „FILA announces new weight classes“. Associated Press. ESPN. 17 декември 2013. Посетено на 9 март 2015.
- ↑ Longman, Jere (8 септември 2013). „Wrestling, With Revamped Rules, Returns to Summer Games“. The New York Times. Посетено на 9 март 2015.
- ↑ „List of the officials for the Olympic Games 2016“ (PDF). Обединето светско борење. Посетено на 29 декември 2015.