Влад Јулијан Кирикеш (роден на 14 ноември 1989 година) е романски фудбалер, играч од одбраната на ФКСБ и поранешен репрезентативец на Романија.

Влад Кирикеш
Лични податоци
Роден на 14 ноември 1989(1989-11-14)(35 г.)
Роден во Бакау, Романија
Држава Романија Романија
Висина &100000000000001840000001,84 м[1]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб ФКСБ ФКСБ
Број 21
Младинска кариера
ЛПС Бакау
Ардеалул Клуж
Бенфика Бенфика
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2010 Интернационал Куртеа де Арџеш Инт. Куртеа де Арџеш 41 (1)
2010-2011 Пандуриј Пандуриј 39 (0)
2012-2013 Стеауа Букурешт Стеауа Букурешт 42 (1)
2013-2015 Тотенхем Тотенхем 27 (1)
2015-2019 Наполи Наполи 32 (3)
2019-2022 Сасуоло Сасуоло 62 (2)
2022-2023 Кремонезе Кремонезе 16 (0)
2023- ФКСБ ФКСБ 17 (0)
Репрезентација
2009-2010 Романија Романија 21 4 (0)
2011-2022 Романија Романија 75 (0)

Првите години од кариерата Кирикеш ги поминал во својата родна Романија играјќи за Интернационал Куртеа де Аргеш, Пандуриј и Стеауа Букурешт, помагајќи му на последно споменатиот клуб да ја освои титулата во Лига 1 и Суперкупот на Романија, пред да се пресели во Тотенхем во 2013 година. Неговиот трансфер претставувал рекордна продажба на еден клуб од Романија и изнесувал 9,5 милиони евра. По две сезони во Премиер лигата, тој се преселил во Италија каде го поминал најголемиот дел од својата кариера играјќи за три клуба: Наполи (2015-2019), Сасуоло (2019-2022) и Кремонезе (2022-2023). Во 2023 година, се вратил во Романија каде одново го облекол дресот на ФКСБ (некогашната Стеауа).

Кирикеш бил репрезентативец на Романија во периодот 2011-2022, играјќи 75 натпревари за својата земја. Тој ја претставувал Романија на Европското првенство 2016.

Технички карактеристики

уреди

Централен дефанзивец, кој може да игра и како десен бек или дефанзивен играч за врска. Вешт е во маркирањето, контранападите, техничкото управување со топката и постигнувањето голови.

Клупска кариера

уреди

Рана кариера

уреди

Кирикеш ја започнал својата младинска кариера во клубот од својот роден град ЛПС Бакау, како играч од средниот ред, па дури играл и како напаѓач неколку години подоцна кога се преселил во Ардеалул Клуж. Во оваа екипа, тој бил соиграч со, исто така, идните романски репрезентативци Михаи Радуц и Александру Максим.[2] Во 2007 година, Кирикеш се преселил во португалскиот клуб Бенфика.[3][4][5]

По неговото враќање во Романија откако минал дванаесет месеци во Лисабон, Кирикеш му се придружил на клубот од пониските лига на романскиот фудбал Интернационал Куртеа де Арџеш и им помогнал да постигнат промоција во првата лига во 2009 година.[6] Во 2010 година, набргу откако Интернационал се распаднал и бил распуштен, тој се преселил заедно со многу негови соиграчи во Пандуриј.[7] Во истото време, Кирикеш бил блиску да потпише за Стеауа Букурешт, но нивниот тренер Виктор Пицурка не го одобрил овој трансфер.[8]

Стеауа Букурешт

уреди

По една сезона во Таргу Жиу, Кирикеш на крајот сепак потпишал за Стеауа во трансфер вреден 700.000 евра и 25% за Пандуриј во случај на идна продажба.[9] Стеауа подоцна платила уште 500.000 евра за преостанатите проценти кој биле сопственост на Пандуриј во август 2013 година, со што вкупната сума на трансферот достигнала 1,2 евра милиони.[10]

На 25 октомври 2012 година, тој постигнал гол од волеј речиси од белата точка во победата со 2–0 против Молде во Лига Европа, со што Стеауа ја контролирала групата Е.[11] Кирикеш постигнал гол од далечина против Ајакс на 21 февруари 2013 година, анулирајќи ја негативата од два гола во првиот натпревар, за потоа Стеауа да триумфира преку пенал серијата и да обезбеди осминафинале против победникот на Лигата на шампионите во 2012 година, Челси.[12][13] Тој повторно постигнал гол на гости, израмнувајќи го резултатот за 1-1 со добра завршница од непосредна близина на полувремето во поразот од 3-1 во реваншот против „сините“ на Стемфорд Бриџ, откако Стеауа победил на првиот натпревар 1–0.[14]

Тотенхем

уреди

На 30 август 2013 година, Тотенхем платил 9,5 милиони евра за да го потпише Кирикеш од Стеауа, што во моментот била најголемата продажба во романското првенство.[15][16] Своето деби за Спарс го направил на 24 септември во победата со 4-0 над Астон Вила во Лига купот.[17] Неговото деби во Премиер лигата било против истиот противник, при победата со 2–0 на 20 октомври во која навивачите го изгласале за играч на натпреварот.[18] На 4 декември, Кирикеш го постигнал својот прв гол за Тотенхем, со удар надвор од шеснаесетникот во победата со 2-1 над Фулам.[19]

Кон крајот на зимскиот преоден рок на 2015 година, италијанската екипа Рома понудила 500.000 евра за да го добие Кирикеш на шестмесечна позајмица, понуда која била оценета како премногу ниска од Тотенхем и потоа одбиена.[20] На 9 мај 2015 година, тој бил исклучен добивајќи два жолти картони во поразот со 3–0 од Стоук Сити на стадионот „Британија“.[21]

Наполи

уреди
 
Кирикеш (лево) играјќи за Наполи против Ред Бул Салцбург во Лига Европа, на 14 март 2019 година.

На 30 јули 2015 година, Кирикеш потпишал четиригодишен договор со италијанскиот клуб Наполи во трансфер вреден 4,5 милиони фунти.[22]

Дебитирал за Наполи на 23 август 2015, во првенствен натпревар против Сасуоло, кој завршил со пораз на неговата екипа од 2–1.[23] На 1 октомври, тој го одиграл својот прв натпревар за Наполи во Лига Европа, во Варшава против Легија Варшавија, во рамките од второто коло од групната фаза што завршил со победа на италијанската екипа од 2-0. Во ова натпреварување, на 26 ноември, тој го постигналл својот прв гол за партенопеите во натпреварот добиен со 0-1 против Бриж. На 5 март 2016 година, тој го постигнал својот прв гол во Серија А во натпреварот Наполи-Кјево 3-1, набргу откако направил грешка што довела до голот на Никола Ригони за гостите.[24]

Тој играшел уште три сезони во Наполи, во кои што не можел да најде доволно простор за игра и поради конкуренцијата и поради честите повреди.

Сасуоло

уреди

На 2 септември 2019 година, Кирикеш му се приклучил на Сасуоло на позајмица со обврска за откуп на крајот од сезоната.[25][26] Дебитирал за емилијанците на 15 септември во поразот со 4-2 од Рома.

После тешката прва сезона во клубот во која пропуштил многу натпревари поради повреди, во втората се изборил да биде стартер и го постигнал првиот гол за неровердите во ремито 3-3 против Торино.[27]

Кремонезе

уреди

На 8 јули 2022 година, Кирикеш потпишал за новопромовираниот член на Серија А, Кремонезе.[28]

ФКСБ

уреди

На 25 јули 2023 година, тој потпишал за ФКСБ, каде што се вратил по десет години.[29][30]

Репрезентативна кариера

уреди
 
Кирикеш играјќи за Романија против Австрија во јуни 2012.

Кирикеш го направил своето деби за сениорската репрезентација на Романија во квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2012 против Луксембург на 2 септември 2011 година.[31]

На 14 август 2013 година, на возраст од 23 години, Кирикеш за првпат излегол на терен како капитен на романската репрезентација, во ремито 1–1 со Словачка во пријателски натпревар. Потоа, тој ја предводел репрезенацијата како капитен во три натпревари од квалификациите за Светското првенство 2014, каде сепак романците не успеале да се квалификуваат.

Кирикеш бил стандарден првотимец на својата земја во квалификациите за Европското првенство 2016, низ кој романците успешно минале и се квалификувале за првото големо натпреварување после пауза од 8 години. Во меѓувреме, тој ја преземал капитенската лента од Разван Рац на почетокот на 2016 година, станувајќи прв капитен на репрезентацијата до неговото повлекување од истата. На Европското првенство 2016,[32] Кирикеш како капитен од почеток до крај ги одиграл сите три натпревари на Романија во групната фаза, во која тие освоиле само еден бод и неуспеале да минат натаму.

Својот последен натпревар за репрезентацијата, Кирикеш го одиграл во поразот со 0-3 од Црна Гора во УЕФА Лигата на нации на 14 јуни 2022.[33]

Вкупно за Романија одиграл 75 натпревари без да постигне погодок.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Романија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
10-8-2011 Сан Марино Сан Марино   0 – 1   Романија Пријателска -
2-9-2011 Луксембург Луксембург   0 – 2   Романија Квал. за Евро 2012 -   62'
6-9-2011 Букурешт Романија   0 – 0   Франција Квал. за Евро 2012 -
11-11-2011 Лиеж Белгија   2 – 1   Романија Пријателска -   70'
15-11-2011 Алтах Грција   1 – 3   Романија Пријателска -   63'   70'
29-2-2012 Букурешт Романија   1 – 1   Уругвај Пријателска -
30-5-2012 Луцерн Швајцарија   0 – 1   Романија Пријателска -   80'
5-6-2012 Инсбрук Австрија   0 – 0   Романија Пријателска -   70'
15-8-2012 Љубљана Словенија   4 – 3   Романија Пријателска -
7-9-2012 Талин Естонија   0 – 2   Романија Квал. за СП 2014 -
11-9-2012 Букурешт Романија   4 – 0   Андора Квал. за СП 2014 -
12-10-2012 Истанбул Турција   0 – 1   Романија Квал. за СП 2014 -
16-10-2012 Букурешт Романија   1 – 4   Холандија Квал. за СП 2014 -
14-11-2012 Букурешт Романија   2 – 1   Белгија Пријателска -
6-2-2013 Малага Австралија   2 – 3   Романија Пријателска -
22-3-2013 Будимпешта Унгарија   2 – 2   Романија Квал. за СП 2014 -   87'
26-3-2013 Амстердам Холандија   4 – 0   Романија Квал. за СП 2014 -
14-8-2013 Букурешт Романија   1 – 1   Словачка Пријателска -  
6-9-2013 Букурешт Романија   3 – 0   Унгарија Квал. за СП 2014 -  
10-9-2013 Букурешт Романија   0 – 2   Турција Квал. за СП 2014 -  
11-10-2013 Андора ла Веља Андора   0 – 4   Романија Квал. за СП 2014 -     78'
19-11-2013 Букурешт Романија   1 – 1   Грција Квал. за СП 2014 -
31-5-2014 Ивердон Албанија   0 – 1   Романија Пријателска -
4-6-2014 Ланси Алжир   2 – 1   Романија Пријателска -
7-9-2014 Атина Грција   0 – 1   Романија Квал. за Евро 2016 -
11-10-2014 Букурешт Романија   1 – 1   Унгарија Квал. за Евро 2016 -
14-10-2014 Хелсинки Финска   0 – 2   Романија Квал. за Евро 2016 -
14-11-2014 Букурешт Романија   2 – 0   Северна Ирска Квал. за Евро 2016 -
18-11-2014 Букурешт Романија   2 – 0   Данска Пријателска -   70'
29-3-2015 Плоешт Романија   1 – 0   Фарски Острови Квал. за Евро 2016 -
13-6-2015 Белфаст Северна Ирска   0 – 0   Романија Квал. за Евро 2016 -  
4-9-2015 Будимпешта Унгарија   0 – 0   Романија Квал. за Евро 2016 -   50'
7-9-2015 Букурешт Романија   0 – 0   Грција Квал. за Евро 2016 -
8-10-2015 Букурешт Романија   1 – 1   Финска Квал. за Евро 2016 -
11-10-2015 Торшавн Фарски Острови   0 – 3   Романија Квал. за Евро 2016 -
17-11-2015 Болоња Италија   2 – 2   Романија Пријателска -   90+4'
23-3-2016 Џурџу Романија   1 – 0   Литванија Пријателска -  
27-3-2016 Клуж-Напока Романија   0 – 0   Шпанија Пријателска -  
25-5-2016 Комо ДР Конго   1 – 1   Романија Пријателска -  
29-5-2016 Торино Романија   3 – 4   Украина Пријателска -     50'
10-6-2016 Сен Дени Франција   2 – 1   Романија Евро 2016 - Прва фаза -     32'
15-6-2016 Париз Романија   1 – 1   Швајцарија Евро 2016 - Прва фаза -  
19-6-2016 Лион Романија   0 – 1   Албанија Евро 2016 - Прва фаза -  
11-11-2016 Букурешт Романија   0 – 3   Полска Квал. за СП 2018 -
26-3-2017 Клуж-Напока Романија   0 – 0   Данска Квал. за СП 2018 -  
10-6-2017 Варшава Полска   3 – 1   Романија Квал. за СП 2018 -  
13-6-2017 Клуж-Напока Романија   3 – 2   Чиле Пријателска -  
1-9-2017 Букурешт Романија   1 – 0   Ерменија Квал. за СП 2018 -  
4-9-2017 Подгорица Црна Гора   1 – 0   Романија Квал. за СП 2018 -  
5-10-2017 Плоешт Романија   3 – 1   Казахстан Квал. за СП 2018 -  
8-10-2017 Копенхаген Данска   1 – 1   Романија Квал. за СП 2018 -  
9-11-2017 Клуж-Напока Романија   2 – 0   Турција Пријателска -  
14-11-2017 Букурешт Романија   0 – 3   Холандија Пријателска -  
7-9-2018 Плоешт Романија   0 – 0   Црна Гора УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -     31'
6-9-2019 Букурешт Романија   1 – 2   Шпанија Квал. за Евро 2020 -  
8-9-2019 Плоешт Романија   1 – 0   Малта Квал. за Евро 2020 -  
12-10-2019 Торшавн Фарски Острови   0 – 3   Романија Квал. за Евро 2020 -     39'
4-9-2020 Букурешт Романија   1 – 1   Северна Ирска УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -  
7-9-2020 Виена Австрија   2 – 3   Романија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -     74'
25-3-2021 Букурешт Романија   3 – 2   Македонија Квал. за СП 2022 -  
28-3-2021 Букурешт Романија   0 – 1   Германија Квал. за СП 2022 -  
31-3-2021 Ереван Ерменија   3 – 2   Романија Квал. за СП 2022 -  
2-6-2021 Плоешт Романија   1 – 2   Грузија Пријателска -  
6-6-2021 Мидлсбро Англија   1 – 0   Романија Пријателска -  
2-9-2021 Рејкјавик Исланд   0 – 2   Романија Квал. за СП 2022 -     37'
8-9-2021 Скопје Македонија   0 – 0   Романија Квал. за СП 2022 -  
8-10-2021 Хамбург Германија   2 – 1   Романија Квал. за СП 2022 -  
11-10-2021 Букурешт Романија   1 – 0   Ерменија Квал. за СП 2022 -  
11-11-2021 Букурешт Романија   0 – 0   Исланд Квал. за СП 2022 -  
25-3-2022 Букурешт Романија   0 – 1   Грција Пријателска -  
29-3-2022 Нетанја Израел   2 – 2   Романија Пријателска -     46'
4-6-2022 Подгорица Црна Гора   2 – 0   Романија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -  
7-6-2022 Зеница Босна и Херцеговина   1 – 0   Романија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -  
11-6-2022 Букурешт Романија   1 – 0   Финска УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -  
14-6-2022 Букурешт Романија   0 – 3   Црна Гора УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -  
Вкупно Настапи 75 Голови 0

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 4 јули 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2009-2010   Интернационал Куртеа Л1 15 0 КР 1 0 - - - - - - 16 0
2010-2011   Пандуриј Л1 24 0 КР 0 0 - - - - - - 24 0
2011-јан. 2012 Л1 15 0 КР 2 0 - - - - - - 17 0
Вкупно Пандуриј 39 0 2 0 - - - - 41 0
јан.-јун. 2012   Стеауа Букурешт Л1 14 0 КР 0 0 ЛЕ 2 0 - - - 16 0
2012-2013 Л1 26 1 КР 0 0 ЛЕ 13 3 - - - 39 4
јул.-авг. 2013 Л1 2 0 КР 0 0 ЛШ 3[34] 0 СР 1 0 6 0
авг. 2013-2014   Тотенхем ПЛ 17 1 ФАКуп+ЛК 1+3 0 ЛЕ 3 0 - - - 24 1
2014-2015 ПЛ 10 0 ФАКуп+ЛК 3+1 1+0 ЛЕ 5[35] 0 - - - 19 1
Вкупно Тотенхем 27 1 8 1 8 0 43 2
2015-2016   Наполи А 8 1 КИ 2 0 ЛШ 7 1 - - - 17 2
2016-2017 А 14 2 КИ 1 0 ЛШ 1 0 - - - 16 2
2017-2018 А 7 0 КИ 1 0 ЛШ+ЛЕ 1+0 0+0 - - - 9 0
2018-2019 А 3 0 КИ 0 0 ЛШ+ЛЕ 0+3 0+0 - - - 6 0
Вкупно Наполи 32 3 4 0 12 1 - - 48 4
2019-2020   Сасуоло А 9 0 КИ 0 0 - - - - - - 9 0
2020-2021 А 24 2 КИ 0 0 - - - - - - 24 2
2021-2022 А 29 0 КИ 0 0 - - - - - - 29 0
Вкупно Сасуоло 62 2 - 0 0 - - - - - - 62 2
2022-2023   Кремонезе А 16 0 КИ 1 0 - - - - - - 17 0
2023-2024   Стеауа Букурешт Л1 10 0 КР 0 0 ЛК 3[36] 0 - - - 13 0
2024-2025 Л1 0 0 КР 1 0 ЛШ 0 0 СР 1 0 1 0
Вкупно Стеауа Букурешт 52 1 0 0 21 3 2 0 75 4
Вкупно во кариерата 225 7 16 1 41 4 2 0 284 12

Репрезентативна статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 29 ноември 2024.

Репрезентација Година Настапи Голови
  Романија 2011 5 0
2012 9 0
2013 8 0
2014 7 0
2015 7 0
2016 8 0
2017 9 0
2018 1 0
2019 3 0
2020 2 0
2021 10 0
2022 6 0
Вкупно 75 0

Титули

уреди

Клупски

уреди

Стеауа Букурешт

уреди
2012–2013
2013

Индивидуални

уреди

Наводи

уреди
  1. „Prima Squadra - SSC Napoli“. www.sscnapoli.it. Архивирано од изворникот на 23 March 2016. Посетено на 16 June 2016.
  2. „Chiricheş, Maxim, Răduţ. Ce mai scoate Şcoala Ardealul“ (романски). ProSport. 1 October 2014. Посетено на 12 April 2015.
  3. „Sky Sports Scout – Vlad Chiriches“. Sky Sports. 15 November 2012. Посетено на 17 November 2012.
  4. „Un fost jucător de la Benfica a dezvăluit de ce n-a fost păstrat Vlad Chiricheş“ (романски). ProSport. 30 October 2013. Посетено на 12 April 2015.
  5. „I-a dus pe Chiricheş la Benfica şi pe Răduţ la Sporting! Omul care l-a descoperit pe Grozav pe când era minor aduce un nou nume în prim plan: "E foarte talentat" (романски). ProSport. 31 May 2012. Посетено на 12 April 2015.
  6. „Nou promovata lui Ştefan Stoica a pornit la drum în Liga 1: FC Internaţional a început pregătirile“. Gazeta Sporturilor (романски). 22 June 2009.
  7. „Ionuţ Badea a ales 15 jucători de la Inter pentru lotul Pandurilor“. Gazeta Sporturilor (романски). 21 July 2010.
  8. „Povestea celui mai scump transfer din liga 1“. Gazeta Sporturilor. 25 August 2013. Посетено на 25 August 2013.
  9. „Chiricheş a semnat cu Steaua, dar vine la iarnă“. Gazeta Sporturilor (романски). 3 August 2011.
  10. „Steaua pays 1.2 million euros for Chiriches“. Gazeta Sporturilor. 6 August 2013. Посетено на 25 August 2013.
  11. „Chiricheş stunner helps Steaua sink Molde“. UEFA. 25 October 2012.
  12. „Latovlevici shines as Steaua beat Ajax on penalties“. UEFA. 21 February 2013.
  13. „Blues edge through, Ajax outed on penalties“. FIFA. 21 February 2013. Архивирано од изворникот на 2 October 2013.
  14. „Torres on target as Chelsea sneak past Steaua“. UEFA. 14 March 2013.
  15. „Tottenham agree price for Chiriches“. FIFA. 25 August 2013. Архивирано од изворникот на 25 August 2013.
  16. „Spurs announce Vlad Chiriches signing“. ESPN FC. 30 August 2013.
  17. „Chiriches transfer agreed“. Tottenham Hotspur FC. 30 August 2013. Посетено на 30 August 2013.
  18. „Chiriches voted Man of the Match“. @SpursOfficial. Twitter. 20 October 2013. Посетено на 20 October 2013.
  19. Cryer, Andy. „Fulham 1–2 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. Посетено на 5 December 2013.
  20. „Tottenham Reject Roma Loan Offer for Chirches (and Hands Him Bonus)“. tribalfootball.com. Посетено на 12 April 2015.
  21. Johnston, Neil (9 May 2015). „Stoke 3-0 Tottenham“. BBC Sport. Посетено на 9 May 2015.
  22. „Tottenham Hotspur Official Announcement Regarding Vlad Chiriches“. Spurs Official Twitter. 30 July 2015. Посетено на 30 July 2015.
  23. „Sassuolo-Napoli 2-1. Hamsik illude, poi segnano Floro Flores e Sansone“. 23 август 2015.
  24. Dario De Martino (6 март 2016). „BUONANOTTE TUTTONAPOLI - Dal sogno all'incubo, lo striscione perfetto per Chiriches e gli azzurri, le polemiche di chi non aspetta altro e "Lasciateci sognare". Посетено на 7 март 2016.
  25. „OFICIAL Vlad Chiricheș a plecat de la Napoli » Sassuolo l-a prezentat astăzi pe fundașul român“. 2 September 2019.
  26. „UFFICIALE: Sassuolo, preso Chiriches. Prestito con obbligo di riscatto“. Посетено на 2 September 2019.
  27. „Serie A, Sassuolo-Torino 3-3: altra rimonta dei neroverdi, primo punto per i granata“. Посетено на 24 октомври 2020.
  28. „CHIRICHES NUOVO CALCIATORE DELLA CREMONESE“. uscremonese.it (италијански). US Cremonese. 8 July 2022. Архивирано од изворникот на 2022-07-09. Посетено на 8 July 2022.
  29. „Bine ai venit acasă, Vlad Chiricheș!“ (романски). 25 јули 2023. Посетено на 25 јули 2023.
  30. Matteo Occhiuto (25 јули 2023). „Chiricheș torna a casa: firma con la Steaua dopo dieci anni | Goal.com Italia“. Посетено на 26 јули 2023.
  31. „Torje double keeps Romania in touch“. UEFA. 2 September 2011.
  32. „23 pentru Euro!“ (романски). 31 мај 2016. Архивирано од изворникот на 2 јуни 2016. Посетено на 31 мај 2016. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  33. „Vlad Chiricheș admite că se gândește la retragerea din națională: „Suport orice, dar până la asta!". gsp.ro. 14 јуни 2022. Посетено на 29 ноември 2024.
  34. Во квалификациските кола.
  35. Еден настап во квалификациските кола.
  36. Во квалификациските кола.

Надворешни врски

уреди