Отвори го главното мени

Стемфорд Бриџ е фудбалски стадион во Фулам, во непосредна близина на Челси во југозападен Лондон. Стадионот е дом на премиерлигашкиот фудбалски клуб Челси.

Стемфорд Бриџ
Stamford Bridge.jpg
Целосно име Стемфорд Бриџ
Место Лондон, Англија
Координати 51°48′17″N 0°19′10″W / 51.80472° СГШ; 0.31944° ЗГД / 51.80472; -0.31944 (Stamford Bridge)
Отворен 28.04.1877
Сопственик Chelsea Pitch Owners
Подлога Трева
Игра ФК Челси (1905–денес)
Гледачи 41.631

Капацитетот му е 41.631, што го прави осмиот најголем стадион во сезоната 2017/2018 во Премиер Лигата.

Клубот има планови да го прошири капацитетот на ова игралиште на 63.000 седишта до сезоната 2023/2024. Кога ќе започне ова проширување, Челси ќе игра на Вембли сè до 2024 година.

Челзи имале само еден терен Стемфорд Бриџ каде играле од кога бил создаден клубот (1905 г.). Официјално бил отворен на 28 април 1877, но тој 28 години бил користен од атлетскиот клуб Лондон како арена за атлетика, состаноци, а воопшто не за фудбал. Во 1904 година земјата била купена од страна на бизнисменот Гус Меарс и неговиот брат Јосиф. Димензиите на теренот се 103 x 67 метри.

Стемфорд Бриџ е место каде исто така се играле натпреварите на англиската репрезентација и финалињата на ФА купот. Исто така била локација каде што се одвивале бројни други спортови како: крикет, рагби, бејзбол и американски фудбал. Најголемата забележана посетеност на овој стадион е 82.908, за лигашкиот меч помеѓу Челси и Арсенал на 12 октомври 1935.

ИсторијаУреди

 
Стадионот „Стемфорд Бриџ“ - 1930 година

Рани годиниУреди

Стeмфорд Бриџ бил отворен во 1877 како дом за лондонскиот атлетски клуб и бил користен речиси исклучиво за таа намена до 1904 година, кога закупот го купија браќата Гус и Џозеф Мејрс, кои сакаа да одржат високи професионални фудбалски натпревари таму. Сепак, претходно на ова, во 1898 година, Стемфорд Бриџ бил домаќин на Светскиот шампионат на хокеј на трева помеѓу Beauly Shinty Club и  London Camanachd.  Стемфорд Бриџ е изграден во близина на Лили Бриџ, постар спортски терен кој бил домаќин на финалето на ФА Купот во 1873 година и првите аматерски боксерски натпревари (меѓу другото). Првично беше понуден на фудбалскиот клуб Фулам, но тие го одбија поради финансиски причини. По разгледувањето на продажбата на земјиштето на Големата западна железничка компанија, Mears одлучија да основаат свој фудбалски клуб, Челси, и така да ја земат земјата како ривали на Фулам. За да се изгради стадионот, бил ангажиран архитектот на фудбалски терени Арчибалд Леич, кој исто така го дизајнирал Ibrox, Селтик Парк, Кревен Коли и Хампен Парк. Во раните денови Стамфорд Бриџ бил сместен во близина на мала железничка станица, Chelsea & Fulham railway station, која подоцна била затворена по бомбардирањето vа Втората светска војна.

РазвојУреди

 
Влезот на "Стемфорд Бриџ"

Стемфорд Бриџ имал официјален капацитет од околу 100.000, што го правело втор по големина терен во Англија по Кристал Палас. Се користел како место каде се оддржува финалето на ФА Купот. Како првобитно изграден, Стемфорд Бриџ бил атлетска патека, а теренот првично се наоѓал на средината на патека за трчање. Ова значи дека гледачите биле одвоени од полето на играње од сите страни со ширината на трчање, а на север и на југ, одвоеноста била особено голема, бидејќи долгите страни на патеката за трчање значително ја надминале должината на фудбалскиот терен. Стадионот имал единечна трибина за 5.000 гледачи на источната страна. Дизајниран од Арчибалд Леич, тоа била точна реплика на Stevenage Road Stand што претходно го изградил во ре-развиениот Craven Cottage ( главната причина зошто Фулам избрал да се пресели во новата земја). Останатите страни биле отворени во огромна чинија.

КризаУреди

Во раните 1970-ти, сопствениците на клубот започнале амбициозен проект за реновирање на Стемфорд Бриџ. Сепак, трошоците за изградба на источната трибина ескалираа надвор од контрола поради недостиг на материјали и штрајк на градители, а остатокот од теренот остана недопрен. Новата источна трибина беше завршена, но повеќето од (неупотребливата) површина за трчање останала, а новата трибина исто така била дислоцирана приближно 20 метри, во споредба со теренот. Идејата била да се премести целиот стадион кон север. Но, поради финансиската ситуација во средината на 1970-тите, останатите трибини не биле повторно изградени до 1990-тите. Зголемувањето на трошоците, во комбинација со други фактори, го испратиле клубот во пад. Како дел од финансиското реструктуирање во доцните 1970-ти, кога новиот претседател на Челзи Кен Бејтс го купил клубот за 1 фунти во 1982 година, тој не го купил теренот. Големиот дел од слободниот удел на Стемфорд Бриџ бил последователно продаден на сопствениците на недвижнини Marler Estates. Продажбата резултираше со долготрајна и цврста правна борба помеѓу Бејтс и Марлер Естејтс. Малер Естејтс биле на крајот принудени да банкротираат по падот на пазарот во раните 1990-ти, дозволувајќи им на Бејтс да се справи со своите банки и повторно да ја обедини слободата на сопственост со клубот.

ИднинаУреди

Моментални плановиУреди

Челси има во план да го прошири стадионот на 60.000 гледачи, така што со овој капацитет “Стемфорд Бриџ” ќе биде вториот најголем стадион во Лондон и трет по големина во Премиер лигата. Исто така ќе биде деветти најголем стадион во Обединетото Кралство по капацитет.

 
Стемфорд Бриџ - западна трибина

ДозволиУреди

На 5 Јануари 2017 било прогласено дека реновирањето на стадионот е дозволено. Целата околина на досегашниот стадион на Челси ќе биде демолирана и новиот стадион ќе вклучува нов клупски шоп, музеј, бар и ресторан. Двата постоечки хотели, ресторани, барови и спа центри ќе бидат преместени. На 6 Март 2017 била дадена и целосната дозвола на реконструкција на стадионот од страна на градоначалникот на Лондон, Садик Кан, кој рекол: “Високиот квалитет и спектакуларниот дизајн ќе придонесат многу за фантастичната низа на спортски арени на главниот град на Англија”.

СтатистикаУреди

РекордиУреди

Највисока посетеност: Најголемата забележана посетеност на овој стадион е 82,908, за лигашкиот меч помеѓу Челси и Арсенал на 12 Октомври 1935.

Најниска посетеност: Најниската забележена посетеност на овој стадион е 3,000 на мечот помеѓу ФК Челси и ФК Линколн во 1906 година.

 
Локација на стадионот

Просечна посетеностУреди

Премиер лига

  • 1992–93: 18,755
  • 1993–94: 19,211
  • 1994–95: 21,062
  • 1995–96: 25,598
  • 1996–97: 27,617
  • 1997–98: 33,387
  • 1998–99: 34,571
  • 1999–00: 34,532
  • 2000–01: 34,700
  • 2001–02: 38,834
  • 2002–03: 39,784
  • 2003–04: 41,234
  • 2004–05: 41,870
  • 2005–06: 41,902
  • 2006–07: 41,909
  • 2007–08: 41,397
  • 2008–09: 41,590
  • 2009–10: 41,425
  • 2010–11: 41,435[1]
  • 2011–12: 41,478[1]
  • 2012–13: 41,462[1]
  • 2013–14: 41,490[2]
  • 2014–15: 41,546[3]
  • 2015–16: 41,500[4]
  • 2016–17: 41,508[5]
  • 2017–18: 41,282[6]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Falls, Gregory A.; Natke, Paul A. (2 јуни 2015 г). College Football Attendance: A Panel Study of the Football Championship Subdivision. „Managerial and Decision Economics“ том  37 (8): 530–540. doi:10.1002/mde.2740. ISSN 0143-6570. http://dx.doi.org/10.1002/mde.2740. 
  2. Coombs, Danielle S.; Osborne, Anne (2012). Sports Journalists and England’s Barclays Premier League: A Case Study Examining Reporters’ Takes on Modern Football. 1 Oliver's Yard, 55 City Road, London EC1Y 1SP United Kingdom: Human Kinetics, Inc.. ISBN 9781526437563. http://dx.doi.org/10.4135/9781526437563. 
  3. Grant, Sir Paul (Joseph Patrick), (born 16 May 1957), DL; leadership advisor, consultant, mentor and coach, Premier League, since 2017; Consultant Headteacher, since 2017. „Who's Who“ (Oxford University Press). 1 декември 2009 г. http://dx.doi.org/10.1093/ww/9780199540884.013.250088. 
  4. Pertsukhov, Andrii (30 јуни 2017 г). Special aspects of transferring the ball by Leicester City players in the matches of the 2015–2016 Premier League season. „Слобожанський науково-спортивний вісник“ том  59 (3): 101–105. doi:10.15391/snsv.2017-3.018. ISSN 1991-0177. http://dx.doi.org/10.15391/snsv.2017-3.018. 
  5. Grant, Sir Paul (Joseph Patrick), (born 16 May 1957), DL; leadership advisor, consultant, mentor and coach, Premier League, since 2017; Consultant Headteacher, since 2017. „Who's Who“ (Oxford University Press). 1 декември 2009 г. http://dx.doi.org/10.1093/ww/9780199540884.013.250088. 
  6. E. King, Barry; Rice, Jennifer (2018 г). Predicting Attendance at Major League Soccer Matches: A Comparison of Four Techniques. „JOURNAL OF COMPUTER SCIENCE AND INFORMATION TECHNOLOGY“ том  6 (2). doi:10.15640/jcsit.v6n2a2. ISSN 2334-2366. http://dx.doi.org/10.15640/jcsit.v6n2a2.