Ѓоко Здравески (Скопје, 1985) — македонски поет, писател и есеист.

Ѓоко Здравески
Занимањепоет, раскажувач, есеистичар
НационалностМакедонец
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилолошки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Значајни дела„Палиндром со две н“, „Љубавина“, „Дедикар икарал“, „Отсечки ставрност“

Животопис

уреди

Ѓоко Здравески е роден 14 март 1985 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Осум години работел како лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Ниш. Соработува со електронското списание „Блесок“ (www.blesok.mk) како уредник за поезија, со електронскиот месечник за култура и уметност „Репер“ (www.reper.net.mk), а работел и како уредник на порталот „Окно“. Од 2014 до 2018 година, заедно со Ана Голејшка, во кафето „Менада“ ги организирал книжевните вечери „Астални проекции“. Од 2018 година е дел од тимот што го организира книжевниот фестивал „Друга приказна“. Работел како уредник во издавачките куќи „Бегемот“ и „Темплум“, а од февруари 2019 година работи како библиотекар на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.[1]

Творештво

уреди

Здравески пишува поезија, кратка проза и есеи. Има објавено четири книги поезија и една книга со кратки раскази:[1]

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]

Од 2015 година, Здравески е дел од европската поетска платформа „Версополис“. Неговите творби се преведени на десетина европски јазици, а учествувал на десетина европски фестивали за книжевност, како што се:

  • Dzejas dienas. Riga, 2019
  • Mihai Eminescu Poetry Festival. Craiova, 2017
  • Malta Mediterranean Literature Festival. Valletta, 2017
  • Üsküdar Poetry Festival. Istanbul, 2016
  • Europejski Poeta Wolności (Европски поет на слободата). Gdańsk, 2016
  • Dnevi poezije in vina (Денови на поезијата и виното). Ptuj, 2015
  • Festival Voix Vives de Méditerranée en Méditerranée (Живите гласови на Средоземјето). Sѐte, 2015
  • Ledbury Poetry Festival. Ledbury, 2015
  • Lirikonfest. Velenje, 2014
  • Mlade rime (Млади рими). Ljubljana, 2013
  • Trgni se! Poezija! (Разбуди се! Поезија!). Belgrade, 2013

Исто така, тој преведува од хрватски, српски и бошњачки на македонски јазик:

  • Херцег, Моника. Почетни координати. Скопје: ПНВ публикации, 2020 (поезија, превод од хрватски, реобјава)
  • Херцег, Моника. Почетни координати. Скопје: СВП, 2019 (поезија, превод од хрватски)
  • Бактијаревиќ, Валентина. Помеѓу. Скопје: Антолог, 2019. (поезија, превод од српски)
  • Јерговиќ, Миљенко. Сараевско марлборо. Скопје: Бегемот, 2019. (проза, превод од хрватски)
  • Јерговиќ, Миљенко. Бјуик Ривера. Скопје: Бегемот, 2018. (проза, превод од хрватски)
  • Каламуиќ, Лејла. Викајте ме Естебан. Скопје: Блесок, 2017. (проза, превод од босански)
  • Јерговиќ, Миљенко. Рута Таненбаум. Скопје: Бегемот, 2017. (роман, превод од хрватски)
  • Тулиќ, Теа. Коса насекааде. Скопје: Темплум, 2016. (роман, превод од хрватски)
  • Пишувачот. (прир. Весна Мојсова-Чепишевска). Скопје: Македонска реч, 2012. (проза, превод од српски, група преведувачи)
  • Tortu kroz prozor. Niš: 2010. (поезија, превод од македонски на српски)
  • 12. жени. гласови. (прир. Весна Мојсова-Чепишевска). Скопје: Македонска реч, 2008. (проза, превод од српски, група преведувачи)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 295-299.