Ана Голејшка
Ана Голејшка Џикова (р. 8 август 1987) — македонска писателка.
Ана Голејшка | |
---|---|
Роден/а | 8 август 1987 |
Занимање | писателка |
Националност | Македонка |
Образование | Скопски универзитет |
Животопис
уредиДипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет при Скопскиот универзитет.[1]
Активизам
уредиВеќе три години е посветен социјален активист како дел од иницијативата #ретвитниоброк.[1]
Личен живот
уредиГолејшка сака да пее и да изведува, ужива во храната и во готвењето.[1]
Дела
уредиВо септември 2013 година ја издаде својата прва книга, „Љубов на улица“, поезија за ритамот на нејзиниот живот.[1]
Со свои песни е преведена на српски, турски и англиски јазик.[1]