Асурбанипал
Асурбанипал, Ашурбанипал или Сарданапал, (владеел 669 - 627 п.н.е.) — последниот голем крал на стара Асирија. Познат е по тоа што бил еден од ретките кралеви во антиката кој самиот можел да чита и пишува. За време на неговата власт, асирската скулптура го достигнала својот врв (Северна палата и Југозападна палата Нинива, Битка кај Улај). Кај грците тој бил познат како Сарданапалос; латинските и другите средновековни текстови го нарекуваат Sardanapalus. Во Библијата тој е наречен Ас(е)напар или Оснапер (Езра 4:10).
Месопотамија |
---|
Еуфрат · Тигар |
Градови / Царства |
Сумер: Урук · Ур · Ериду |
Киш · Лагаш · Нипур |
Акадско Царство: Акад |
Вавилон · Изин · Суза |
Асирија: Ашур · Нинива |
Дур-Шарукин · Нимруд |
Вавилонија · Халдејско Царство |
Елам · Аморити |
Хурити · Митани |
Касити · Урарту |
Хронологија |
Кралеви на Сумерија |
Кралеви на Асирија |
Кралеви на Вавилонија |
Јазик |
Арамејски |
Сумерски · Акадски |
Еламски · Хуритски |
Митологија |
Енума Елиш |
Гилгамеш · Мардук |
Енлил · Енки |
Нинурта · Нинлил |
За време на неговото владеење, Асирската слава не само што била видлива по воената моќ, туку и по културата и уметноста. Асурбанипал ја создал „првата систематска библиотека“ во Нинива, позната како Асурбанипалова библиотека, каде тој ја собрал сета клинеста литература во тоа време. Покрај ова имало и архива.
Таблиците од Нинива претставуваат најцелосен извор за сумерската и акадската верзија на Епот за Гилгамеш. Други збирки таблици нудат сумерско-акадски речник. Исто така тука се наоѓале и астрономски/астролошки текстови. Од сите групи на таблици, најголемата се занимава со тоа како да се препознаат предзнаци. Речиси сите денес се наоѓаат во Британскиот музеј во Лондон).
Асурбанипал станал принц-престолонаследник во 672, кога најстариот син на Есархадон, Син-идина-апла починал. Асурбанипал бил мошне непопуларен со дворјаноството и свештенството. Биле склучувани договори со водечките асирци, членовите на кралското семејство и странски владетели за да се обезбеди нивната лојалност кон принцот-наследник. Но само со усилбите на неговата мајка, Накија-Закуту, тој успеал да дојде на власт кога Есархадон ненадејно починал за време на неговиот египетски поход во 669.
Раниот дел од Асурбанипаловото владеење, какоо и кај највеќето асирски кралеви, бил пол со воени конфликти. Тој завојувал со својот брат Шамаш-шум-укин, кој бил назначен за крал на Вавилон, и кој се бунтувал против него. Кралот на Вавилон бил во коалиција со голем број на луѓе од јужна Месопотамија (исто така и Египет). На крајот, Асурбанипал повторно го освоил Вавилон, и коалицијата се растурила. Тојисто така го задушил востанието во Египет и го освоил Елам, срамнувајќи го со земја гланиот град, Суза. Тој исто така освоил голем дел од арапските територии.
По поразот на вавилонската коалиција, во неговата 22-ра година, Асурбанипал го назначил Кандалану за марионетски крал на Вавилон. Меѓутоа, постојат некои докази дека Асурбанипал и Кандалану се впрочем еден ист човек т.е. дека Асурбанипал само решил да избере некое измислено име при неговата власт во Вавилон.
За време на поселдната декада од неговото владеење, Асирија живеела во мир, но истата почнала сериозно да опаѓа. Документацијата од овој период е многу оскудна, па затоа дури и годината на неговата смрт не ни е позната.
По смртта на Асурбанипал, неговите синови почнале жестоко да се борат аз престолот. Меѓу соперниците се вбројувале Асур-етил-илани, Син-шар-ишкун и Син-шуму-лишир, кои веројатно биле негови синови, и новиот крал на Вавилон потоа, Набополасар.
Асурбанипал е еден од најпопуларните асирски кралеви, и неговото име често се дава на момчиња во рамките на асирските заедници.
Асурбанипал како тема во уметноста
уреди- „Ashurbanipal killing a wounded lion“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.[1]
Претходник Есархадон |
Крал на Асирија 669–627 п.н.е. |
Наследник Асур-етил-илани |
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Великиот Асурбанипал Архивирано на 8 февруари 2006 г.
- Библиотеката на крал Асурбанипал Архивирано на 9 јули 2008 г.
- ↑ Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 263-264.