Мегидо
Градот Мегидо (Израел) ( хебрејски: מגידו; арап. المجیدو; грчки: Μεγιδδώ/Μαγεδδών) е антички град кој бил населен во периодот од 7000 пр.н.е. донекаде 500 пр.н.е. Бил сместен на работ на Израелската Рамнина. Блиската планина Мегидо (хебрејски Хар) го дала името на Армагедонот, што се споменува во Библијата. Денес од него се останати урнатини во 26 одделни слоеви, на рид во близина на кибуцот Мегидо во Израел. [1]
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Службен назив | Мегидо |
Место | Близу кибуцот Мегидо, Израел |
Критериум | Културно наследство: ii, iii, iv, vi |
Запис | 2005 (29. заседание) |
Површина | 1.605, 29.085 ха (172.800.000, 3,1307×109 sq ft) |
Мегидо се наоѓал на стратешка положба на западниот раб на израелската рамнина, на влезот на единствениот премин низ планинскиот венец Кармел, преку кој патот водел од Египет кон Асирија. Блиската планина Мегидо му го дала името на Армагедон, кое се споменува во Новиот завет, што е грчко име за хебрејскиот израз Хар Мегиддо, т.е. „Градина Мегидо“.[2]
Во 2005 година, Мегидо, заедно со градовите Хазор и Тел Беер Шева, бил запишан на Списокот на светско наследство на УНЕСКО во Азија и Австралија.
Историја на Мегидо
уредиМегидо била важна град-држава на раскрсницата на неколку древни патишта кои ги поврзувле Египет и Асирија, поради што владетелите на Блискиот Исток често војувале со Египет. Неколку битки се имаат случено на Мегидо:
- Битка кај Мегидо (1469 година пр.н.е.) помеѓу египетскиот фараон Тутомос III и коалицијата на Ханаанците составена од владетелите на Мегидо и Кадеш.
- Битка кај Мегидо (609 пр.н.е.) помеѓу Египет и Јудејското Царство во кое бил убиен царот Јосија.
- Битка кај Мегидо (1918), за време на Првата светска војна, меѓу Сојузниците и турската војска.
Исто така се споменува во Стариот завет под еврејско име דרך הים („Патот до морето“), а за време на Римското Царство бил важен дел од истоимениот воен пат Виа Марис.
Во Новиот завет се споменува во книгата Откровение (Апокалипса), во која се наведени идните настани од големата битка на ридот кај Мегидо, т.е. Армагедон, па така ова име станало синоним за крајот на светот.
Мегидо е ненаселен од 586 година, кога Вавилонците го уништиле Соломоновиот храм во Ерусалим и ги одвеле Евреите во вавилонско ропство. Како резултат, зградите на археолошкиот локалитет се останати точно како што биле тогаш, ненарушени со понатамошната изградба.
Денес, Мегидо е израелски национален парк и важен крстопат на главниот пат што го поврзува централниот Израел со Галилеја и северните покраини.
Галерија
уреди-
Поглед од Мегидо до Израелската Долина и Табор -
Кружен олтар во храмот -
Градска порта -
Големи штали во Мегидо -
Урнатини во центарот на тврдината
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Davies 1986.
- ↑ [1] Bible Gateway passage: Revelation 16:16 - New International Version
Литература
уредиНадворешни врски
уреди„Мегидо“ на Ризницата ? |
- Tel Megiddo National Park - official site at the Israel Nature and National Parks Protection Authority
- The Megiddo Expedition
- Jezreel Valley Regional Project
- Pamela Weintraub, Rewriting Tel Megiddo's Violent History: At the ancient site of Megiddo, archaeologists unearth new scientific insights that may turn centuries of gospel on its head., Discover Magazine, November 2015 issue
- Megiddo At Bibleplaces.com Архивирано на 8 декември 2015 г.
- Megiddo: Tell el-Mutesellim from Images of Archaeological Sites in Israel
- „Mageddo“. Catholic Encyclopedia.
- Excavation of an early christian building in Megiddo, with floor mosaics (fish) and three inscriptions
- The Devil Is Not So Black as He Is Painted: BAR Interviews Israel Finkelstein Biblical Archaeology Review
- Oriental Institute of the University of Chicago Palestine Collection Архивирано на 10 ноември 2013 г.
- The Megiddo Expedition: Archaeology and the Bible Архивирано на 29 јули 2016 г., UW-L Journal of Undergraduate Research VIII (2005)
- H.G. May Archaeology of Palestine Collection - contains images of several archaeological sites, including Tel Megiddo
- English translation Schumacher's Tell el-Mutesellim, Volume I: Report of Finds