Хронологија на распадот на СФРЈ
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Распадот на Југославија (СФРЈ) се смета дека започнал со смртта на Јосип Броз Тито на 4 мај 1980 година а завршил кога СР Србија и СР Црна Гора ја формираа Сојузна Република Југославија на 27 април 1992 година.
1980
уреди4 мај - Доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито умира во Љубљана. Контролата во државата ја презема деветчлено Претседателство сочинето од осум членови на републиките и покраините и од Претседателот на претседателството на Сојузот на комунистите на Југославија.
1981
уреди- 11 март - Започнуваат протести на Косово во кои се бара Косово да стане република во Југославија и да излезе од прегратките на Србија.
- 1 април - Помеѓу 5.000 и 25.000 демонстранти од албанска националност во Косово бараат статус на република за покраината.
- 2 април - Претседателството на СФРЈ испраќа специјални сили да ги запрат демонстрациите и прогласува вонредна состојба во Косово. Вонредната состојба трае 7 дена.[1]
- 3 април - Завршуваат демонстрациите на Косово. Девет лица се убиени, а повеќе од 250 се повредени.[2]
1982
уреди1983
уреди12 април - Владиките на Српската православна црква потпишуваат петиција против прогонувањето на Србите од Косово.
јули-август - Алија Изетбеговиќ бил уапсен од страна на властите. Изетбеговиќ бил обвинет и осуден за неговите дела, а особено за Исламската декларација, во која тој пишува за ренесансата меѓу муслиманите од светот и за нивното будење од летаргијата во која се наоѓале.
1984
уреди1 јануари - Група од 26 словенечки интелектуалци и јавни личности бараат промена на Уставот на Југославија на начин на кој експлицитно ќе бидат заштитени слободата на говорот и здружувањето.
1985
уреди25 мај - Српската академија на науките и уметностите одлучува да создаде меморандум за политичката, економската, и културната положба на српскиот народ во СФРЈ.
20 јули - Претседателството на СФРЈ го прифаќа извештајот на Милан Кучан во кој се наведува дека правото на српскиот народ за сопствена држава не е исполнето поради автономијата на провинциите Косово и Војводина.
1986
уреди28 мај - Слободан Милошевиќ е избран за претседател на Сојузот на комунистите на Србија.
24 и 25 септември - Белградскиот дневен весник Вечерње новости го објавува Меморандумот на Српската академија на науките и уметностите.
1987
уреди20 февруари - Излегува од печат словенечкиот месечник Нова ревија 57 во која се пренесени Прилозите за словенечката национална програма[3] кои претставуваат еден вид одговор на словенечките интелектуалци на Меморандумот на САНУ.
24 април - Милошевиќ го посетува САП Косово каде што се состанува со локалните Срби каде тие се жалат дека се тероризирани од албанското мнозинство. Во текот на неговите разговори со Србите и со локалите комунистички функционери, илјадници Срби се собрале пред зградата и почнале да ја каменуваат, барајќи средба со Милошевиќ. Доаѓа до конфликт на масите со милицијата и Милошевиќ застанува на страната на народот изговарајќи го познатото „Никој не смее да ве тепа.“
28 јуни, на Видовден, Милошевиќ ѝ се обраќа на публиката на Косово Поле по повод шестогодишнината од Битката на Косово. Некои аналитичари неговиот говор го карактеризираат како официјален почеток на српската националистичка кампања.
2/3 септември - во ноќта помеѓу помеѓу втори и трети септември Азиз Кељменди, војник на ЈНА од албанска националност, на спиење убива четворица војници и ранува уште 7 други.[4]
14 декември - Претседателот на Претседателството на СР Србија, Иван Стамболиќ, во директен судир со Слободан Милошевиќ е сменет од позицијата. Со тоа Милошевиќ конечно завршува промената на властта во СР Србија иницирана со поделбата во раководството предизвикана од Меморандумот на САНУ.
1988
уреди12 февруари - Група на српски академици бара создавање на српски автономни области на територијата на СР Босна и Херцеговина и во СР Хрватска.
12 мај - На масовен митинг во Љубљана, СР Словенија формиран е Словенечкиот селански сојуз (словенечки: Slovenska kmečka zveza) - првo некомунистичкo политичкото здружување во СФРЈ. Овој настан се смета за почетокот на Словенечката пролет.
15 мај - Сменет е сојузниот секретар на народна одбрана Бранко Мамула поради спротивставувањето Слободан Милошевиќ.[5] На неговото место доаѓа Вељко Кадијевиќ.
4 октомври - Во Бачка Паланка се собира толпа која протестира против покраинската влада на САП Војводина.
5 октомври - Под контрола на Слободан Милошевиќ, Михаљ Кертез со 100.000 луѓе од Бачка Паланка, Србија, и од остатоко од Србија доаѓаат во Нови Сад на протести против Владата на САП Војводина.
6 октомври - ЈНА одбива да ја растера толпата собранииската зграда во Нови Сад. Владата на Војводина поднесува оставка и е заменети нова лојална на Милошевиќ.[6] Со овој настан Србија добива 2 од деветте гласови (наскоро 8) во Претседателството на СФРЈ.
17 октомври - Неуспешен обид на Стипе Шувар да го отстрани Милошевиќ од СК на СКЈ.
ноември - Бројот на членови на сојузното претседателство е намален на 8 - елиминирана е на позиција на претседател на Претседателството на СКЈ.
17 ноември - Покраинската Влада на Косово (на Азем Власи, Јашари) поднесува оставка. Поставени се политичари лојални на Милошевиќ. Овој настан ги иницирал првите од многуте демонстрации на Албанци кои ќе следуваат. Србија со овој потег контролира 3 од 8 гласови во Претседателството на СФРЈ.
18 ноември - Масовен митинг на околу 1.000.000 луѓе се одржува на устието на Сава во Дунав, во Белград.[7].
19 ноември - Во Приштина маршираат околу 100.000 Албанци, гневни поради промената на покраинската влада.[8]
31 декември - Соочувајќи се со надворешниот долг достигна 21 милијарда американски долари, стапка на невработеност од 15% и на инфлација од 250%, југословенската владата предводена од Бранко Микулиќ поднела оставка.[9]
1989
уреди10 јануари - Во Титоград се собераат повеќе од 100.000 демонстранти кои протестираа против владата и СР Црна Гора, која поднесува оставка следниот ден.[10] Новото раководство е сочинето од сојузниците на Милошевиќ: Момир Булатовиќ, Мило Ѓукановиќ и Светозар Маровиќ. Со ова Србија може да смета на 4 од вкупно 8 гласови во Претседателството.
28 февруари - Фрањо Туѓман на зградата на Здружението на писателите на Хрватска, јавно ја претстави на политичката програма на она што подоцна ќе стане Хрватска демократска заедница.
3 март - Уапсен е Азем Власи.
17 јуни - Формирана е Хрватската демократска заедница.
1990
уреди22 јануари - Делегатите на Словенија, Хрватска и Македонија го напушите 14-иот конгрес на СКЈ.[11]
април/мај - Избори во Хрватска. Хрватската демократска заедница освојува повеќе места во собранието и го бираат Фрањо Туѓман за претседател.
13 мај - Немири на Максимир (стадион) помеѓу навијачите на Динамо и Црвена ѕвезда.
13 мај - Благоје Аџиќ, началник на Генералштабот на ЈНА, издал наредба за преземање на вооружувањето и муницијата на ТО и нивно складирање во складиштата на ЈНА.
17 јуни - Формирана е ВМРО-ДПМНЕ.
17 август - ЈНА го спречила хрватското МВР да преземе контрола над Книн.
19 август - 2 септември - Србите од Хрватска одржале референдум за прашањето автономија на Србите во Хрватска.
25 ноември - ВМРО-ДПМНЕ победи на првите повеќепартиски избори во Македонија со 37 места во парламентот. Комунисти добиваат само 31 места.
29 ноември - Аркан од Српската доброволна гарда е уапсен во Хрватска, но наскоро е ослободени.
8 декември - Слободан Милошевиќ е избран за претседател на Република Србија.
21 декември - Српското национално собрание и привременото претседателство на Заедницата на општина северна Далмација и Лика го прогласуваат САО Краина.
24 декември - Момир Булатовиќ, близок соработник на Слободан Милошевиќ, е избран за претседател на Република Црна Гора.
22 декември - Хрватскиот парламент усволи нов устав, со кој статусот на Србите во Хрватска е сведен на национално малцинство.
1991
уреди26 февруари - Српското национално собрание СБЗС ја усвоило Декларацијата за суеверност и автономија на Србите, со која Србите во Хрватска се прогласуваат за суеверен народ кој има право на автономија.
март - Конфликт во полициската станица Пакрац.
31 март - Вооружен конфликт во Навионалниот парк Плитвица.
1 април - Извршниот совет на САО Краина донел одлука за присоединување на САО Краина со Република Србија.
30 април - Милан Бабиќ е избран за претседател на Извршниот совет на САО Краина.
6 мај - Извршувајќи ја стражарската должност во касарната во Сплит, во текот на масовните демонстрации на поддржувачите на независноста на Хрватска застрелан е Сашо Гешовски (од Кавадарци) - првата македонска жртва во војната што се распламтуваше. Во тенковите и транспортерите кои тој ден излегоа на улиците на Сплит се наоѓаа и голем број други македонски војници.[12]
12 мај - На територијата САО Краина е одржан референдум за тоа дали треба САО Краина да се присоедини со Република Србија и да остане во Југославија.
15 мај - Стипе Месиќ треба да ја преземе должноста претседател на Претседателството на СФРЈ.
19 мај - Хрватска одржала референдум на кој гласачите се изјасниле за независност во однос на СФРЈ.
29 мај - Собранието на САО Краина прогласило Статут на САО Краина за Уставниот закон и го избрала Милан Бабиќ за претседател на владата, а Милан Мартиќ за министер за одбрана.
Јуни - Ратко Младиќ станува командат на IX Корпус (Книскиот корпус) на ЈНА.
25 јуни - Хрватска и Словенија прогласиле независност во однос на Југославија.
25 јуни - Конституирано е Големото народно собрание на Славонија, Барање и на западен Срем. Одлучено е областа СБЗС да се конситуира како САО СБЗС и дека треба да се отцепи од Хрватска. Горан Хаџиќ е избран за кандидат за претседател на владата.
26 јуни - Ден после прогласувањето на независност на Словенија и Хрватска, делегатите од овие две републики трајно го напуштаат Собранието на СФРЈ. На овој начин Собранието на СФРЈ станува првата “распарчена” институција на СФРЈ.
26 јуни - Сојузниот извршен совет оценил дека одлуките донесени на
25 јуни 1991 година за осамостојување на Словенија и Хрватска се нелегални. СИВ издава наредба со која се забранува воспоставување на гранични премини внатре во територијата на СФРЈ. СИВ издава целосно овластување на Сојузниот Секреторијат за Внатрешни работи( ССУП т.е. сојузна полиција) и на Југословенската Народна Армија (ЈНА) да воспостават контрола над државните граници на СФРЈ (одлуката се однесува на граничните премини кои ги поставиле словенските погранични органи).
28 јуни - Известување за јавноста дека единиците на ЈНА ја преземале контролата на границата на територијата на Словенија, со тоа извршувајќи ги работните задачи.
28 јуни - Единиците на ЈНА почнале да ја напуштаат Словенија; последните единица на ЈНА ја напуштиле Словенија на 26 октомври 1991 година.
29 јуни - Договор помеѓу претседателот на СИВ и претседателот на Претседателството на Словенија. Договорот налага да се прекинат војните операции, ранетите припадници на ЈНА да се префрлат во болници, единиците на ЈНА да се повлечат од границите и патиштата на касарните и да се формира мешовита комисија која ќе го надгледува сето тоа.
1 јули - Претседателството на СФРЈ го прогласило Стјепан Месиќ за претседател на Претседателството, д-р Бранко Костиќ за потпретседател. На изборот присуствува трочлена делегација на Европската заедница. Четири члена на претседателството (членови од СР Србија, САП Војводина, САП Косово и СР Црна Гора) бараат писмена гаранција од ЕЗ дека Собранието на Хрватска и Собранието на Словенија ќе го почитуваат моротариумот од три месеца на спроведување на законот за раздружување.
7 јули - Потпишана Брионската декларација.
12 јули - Претседателството на СФРЈ ја прифатило Брионската декларација од 7 јули 1991 година. Донесена е одлука дека од 18 јули ќе се демобилизираат сите вооружени групи освен ЈНА и народната полиција (мирнодропски состав). Исто така е донесена одлука да на границите на СФРЈ се воспостави состојба каква што била пред 25 јуни и да се деблокираат касарните и војните објекти на ЈНА.
18 јули - Претседателството на СФРЈ донело одлука за повлекување на ЈНА од Словенија (даден е рок од три месеца)
21 јули - СИВ составил предлог под назив Договор за функциоирање на земјите во периодот на мораториумот. Предлогот е пратен на усвојување кај Претседателството на СФРЈ, како и на сите републики на СФРЈ.
22 јули - Седница на Претседателството на СФРЈ во Охрид во проширен состав. Усвоена заедничка Изјава против употреба на сила.
26 јули - Седница на Претседателството на СФРЈ. Претседателството констатирало влошување на ситуацијата. Усвоено е барањето за итно прекинување на огнот во Хрватска. Претседателството на СФРЈ предлага на Република Хрватска да не ги упатува вооружените сили во кризните подрачја со повеќебројно српско население.
30 јули - На седницата на Претседателството на СФРЈ договорено е да се воспостави државна комисија која ќе ја контролира одлуката од 26 јули за прекин на огнот во Хрватска. За раководител на комисијата е избран д-р Бранко Костиќ. Стјепан Месиќ во знак на протест ја напушта седницата.
3 август - Претседателството на СФРЈ донесува одлука за апсолутен и неодложен прекин на огнот во Хрватска. Исто така е донесена одлука за прекинување на понатамошни акции и разделување на вооружените конфликтни сили во Хрватска. Формирана е државна комисија на чело со д-р Бранко Костиќ кој во соработка со надлежните органи на Република Хрватска треба да го надгледува спроведувањето на овие одлуки. Претседателот на претседателството на СФРЈ Стјепан Месиќ истиот ден се обратил на Собранието на Хрватска и барал да не се прифати комисијата.
6 август - На седницата на Претседателството на СФРЈ едногласно е усвоена одлуката за прогласување на апсолутниот и безусловниот прекин на огнот на територијата на Република Хрватска.
13 август - Членови на Главниот одбор на Српската демократска партија од западна Славонија одржале седница во Пакрац, на која е одлучено да се прогласи основување САО Западна Славонија.
20 август - Проширена седница на Претседателството на СФРЈ. Заклучено е дека мирот е најбитна претпоставка за договор за иднината на СФРЈ.
крај на август - Почеток на Битката за Вуковар.
28 август - Вооружен конфликт во Шотин
7 септември - Сите членови на Претседателството на СФРЈ патуваат во Хаг на почетокот на Конференцијата за Југославија во Хаг (исто позната како Мировна конференција за Југославија). На членовите на Претседателството на СФРЈ се придружува претседателот на СИВ, шестмината претседатели на југословенските републики и сојузниот секретар за надворешни работи. Првата седница се одржува позади затворени врати на 12 септември.
8 септември - Во Македонија се одржува референдум на кој е донесена одлука за осамостојување од СФР Југославија.
12 септември - Вооружен конфликт во Товарник.
14 - 19 септември - Главен дел на Битката за касарните.
21 септември - Товарник е заземен.
18 септември - На заседавањето на СИВ претседателот Анте Марковиќ го поставува прашањето за улогата која ЈНА ја игра во конфликтите во Хрватска. Анте Марковиќ бара оставка од сојузниот секретар за народна одбрана Вељко Кадијевиќ и неговиот заменик.
26 септември - Претседателот на Претседателството на СФРЈ Стјепан Месиќ одбива да одржи седница. Потпретседателот д-р Бранко Костиќ вика седница, повикуваќи се на Редот на работа за Претседателството.
1 октомври - Почнува блокада на Дубровник.
1 октомври - Момир Булатовиќ издал наредба за мобилизација на единиците од специјалната полиција за водење на борбени операции заедно со ЈНА и ТО на дубровничкиот фронт.
3 октомври - Одржана е седница на Претседателството на СФРЈ. Седницата е одржана во непотполн состав со само четири члена (член од СР Србија, САП Војводина, САП Косово и СР Црна Гора). Претседателството констатира дека се стекнале услови за работа и делување дефинирани со уставот на СФРЈ во услови на непосредна војна опасност. Од овој ден на седниците на Претседателството ќе присуствуваат само четири члена(во домашните медии ова Претседателство е познато како “растурено” Претседателство).
4 октомври -Претседателството на СФРЈ го унапредил генералот Ратко Младиќ во чин генерал-мајор.
5 октомври - Хрватска започнува општа мобилизација.
8 октомври - Датум на остварување на независноста на Хрватска и Словенија, на основа на договорот кој го средила со Европската заедница.
10 октомври - Масакар во Ловас.
15 октомври - На состанок на клубот на пратеници на Српската демократска партија донесена е одлука за формирање на одвоено собрание под име “Собрание на српскиот народ во Босна и Херцеговина” која требала да ги заштити српските интереси.
16 октомври - ЈНА престанува да ја користи петокраката како симбол.
16 - 18 октомври - Масакар во Госпиќ.
20 октомври - Баќински масакар.
24 октомври - Собранието на српскиот народ во Босна и Херцеговина донело одлука за распишување на плебисцит на српскиот народ во Босна и Херцеговина на кој ќе се одлучува и за останување во заедничка држава Југославија со Србија, Црна Гора, Српската автономна област Краина, САО Западна Славонија и САО Источна Славонија, Барања и западен Срем.
31 октомври - 4 ноември - Операција Откос 10.
9 ноември - Претседателството на СФРЈ праќа писмо до Советот на Безбедност за Обединетите Нации со барање итно да се пратат мировни сили на ОН во Хрватска.
9-10 ноември - Босанските Срби одржале плебисцит за прашањето дали БиХ ќе остане во Југославија или ќе стане независна држава. Резултатот покажал дека повеќето босански Срби сакале да останат во Југославија.
18 ноември - Крај на Битката за Вуковар.
18 ноември - Масакар во Овчара.
18 ноември - Масакар во Шкабрњ
23 ноември - Слободан Милошевиќ, Вељко Кадијевиќ и Фрањо Туѓман прифатиле договор кој е потпишан под покровителство на специјалниот пратеник на Обединетите Нации Сајрус Венс, по кој бил предвидено хрватските сили да ги укинат блокадите на касарните на ЈНА, а силите на ЈНА да се повлечат од Хрватска. Двете страни се обврзале на моментален прекин на огнот на цела територија на Хрватска од страна на единици кои се на нивна страна, контролом или политичко влијание, а покрај тоа се обврзале дека ќе обезбедат сите паравоени и нерегуларни единици кои се поврзани со нивните сили исто така што го поштуваат прекинот на огнот.
5 декември - Собранието на Хрватска го отповикува Стјепан Месиќ од Претседатеството на Југославија. На овој повод Месиќ дава контраверзна изјава која се толкува на повеќе начини “Мислам дека ја извршив својата обврска. Југославија повеќе не постои.”
5 декември - Вицеадмиралот на ЈНА Миодраг Јокиќ се согласува на прекинот на огнот во Дубровник, како и ублажување на поморските блокади на градот.
6 декември - Гранатирање на Стариот град во Дубровник.
9 декември - Состанок на комплетното Претседателство на СФРЈ (вклучуваќи го и отповиканиот Стјепан Месиќ) и претседателите на сите шест југословенски републики во Хаг, на иницијатива од Лорд Карингтон.
12 декември - 3 јануари - Операција Оркан 91
13 декември - Воќински масакар.
20 декември - Премиерот Анте Марковиќ поднесува оставка затоа што не сака да го прифати предлого за буџет на СФРЈ за 1992 година. Анте Марковиќ предлогот го нарекол “воен буџет”.
1992
уреди3 јануари - Уште еден договор бил потпишан за прекин на огнот помеѓу Туѓман и Милошевиќ. Према планот на Венс, воспоставени билечетири заштитени зони на ОН во областите кои биле контролирани од српските сили. По планот се барало повлекување на ЈНА од Хрватска и враќање на раселените лица во нивните домови во заштитените зони на ОН.
8 јануари - Сојузниот секретар за народна одбрана Вељко Кадијевиќ поднесува оставка.
9 јануари - Собранието на српскиот народ во БиХ ја усвоило декларацијата за прогласување на Српска Република Босна и Херцеговина.
15 јануари - Европската заедница ја признала Хрватска како независна држава.
26 февруари - САО западна Славонија и САО Славонија, Барања и западен Срем се приклучиле на САО Краина во рамка на Република Српска Краина.
29 февруари-2 март - Во БиХ е одржан референдум за независност, кој босанските Срби го бојкотирале. На референдумот 99,43% од излезените гласале за независност.
1 март -Во Сараево е убиен српскиот сват Никола Гардовиќ.
5 март - Извештајот на Сојузниот секретаријат за народна одбрана за конфликтите во Хрватска. На основа на извештајот во Хрватска погинале 1279 припадника на ЈНА.
27 март - Последните единици на ЈНА пред договорениот рок (15 април 1992) ја напуштиле Македонија.[13]
6 април - САД и Европската заедница формално ја признале независноста на БиХ.
27 април - Делегатите на “растурениот” Сојузен совет на Собранието на СФРЈ го усвоиле Уставот на СРЈ. Со овој чин СФРЈ легално престанала да постои, а создадена е Сојузна Република Југославија.
3 мај - Напад на колона на ЈНА во Сараево.
15 мај - Напад на колона на ЈНА во Тузла.
20 мај - Претседателството на СРЈ донело одлука за реорганизација на ЈНА во Војска на Југославија(ВЈ). ЈНА официјално престана да постои.
мај - ЈНА се повлекла од Хрватска.
22 мај - Хрватска станува членка на ОН.
21 јуни - Напад на Миљевачки плато.
Наводи
уреди- ↑ KOSOVO: ONE YEAR AFTER THE RIOTS
- ↑ 6 More Yugoslavs Sentenced For Ethnic Rioting in Kosovo
- ↑ „Нова ревија 57 на РТВСло“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03. Посетено на 2010-06-07.
- ↑ Ethnic Killing Delivers a Jolt To Yugoslavs
- ↑ „Ne klepecem mamulama!“. Архивирано од изворникот на 2007-02-22. Посетено на 2010-06-09.
- ↑ Growing Yugoslav Ethnic Protests Lead Province Officials to Resign
- ↑ Rally in Belgrade Protests Ethnic Albanian Surge
- ↑ Yugoslav Groups Hold Rival Demonstrations - New York Times
- ↑ BELGRADE CABINET QUITS IN A DISPUTE
- ↑ Leaders of a Republic In Yugoslavia Resign
- ↑ Yugoslavia on the Brink
- ↑ Demonstracije u Splitu 1991 ispred komande JNA
- ↑ Киро Глигоров, Македонија е сѐ што имаме, Три, 2001, 190.