Македонија во 2008 година
Република Македонија во 2008 година | |
---|---|
|
Години : | 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 |
Векови: | 20 век · 21 век · 22 век |
Децении: | 1980-ти 1990-ти 2000-ти 2010-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти |
Години: | 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 |
Водачи
уреди- Претседател - Бранко Црвенковски
- Премиер - Никола Груевски
- Претседател на Собранието
- Љубиша Георгиевски (до 21 јуни)
- Трајко Вељаноски (од 21 јуни)
Настани
уредијануари
уреди- 1 јануари - Стапија на сила Спогодбата за визно олеснување и Спогодбата за реадмисијата со ЕУ.
- 12 јануари - На враќање од мировната мисија во Босна и Херцеговина во хеликоптерска несреќа загинуваат 11 македонски војници.
февруари
уреди- 20 февруари - Отворен Дијалогот за либерализација на визниот режим со Европската комисија во Скопје.
март
уреди- 5 март - Објавена Информацијата на ЕК “Западен Балкан: зајакнување на европската перспектива“
април
уреди- 2/4 април - се одржа Самитот на НАТО во Букурешт. Самитот беше познат уште и како Самит на проширување на кој се очекуваше да бидат поканети трите МАП земји односно земјите од т.н. Јадранска група (Албанија, Хрватска и Македонија). Сепак и покрај јасно препознатите достигнувања, посветеност на вредностите и придонесот за оперативните активности на НАТО, како и напредокот во реформските процеси што ги направи земјата, поканата за Република Македонија за полноправно членство во НАТО изостана, со образложение дека ќе биде испратена од страна на Северно-атлантскиот совет веднаш штом ќе се изнајде заедничко прифатливо решение за спорот околу името.
- 3 април - И покрај решеноста на останатите 25 членки, Грција го спречи приклучувањето на Македонија кон НАТО, оправдувајќи го овој потег со потребата за подобрување на соседските односи со решавање на спорот со името на Македонија.
- 17/18 април -На покана на македонскиот претседател Бранко Црвенковски на 17 и 18 април во официјална посета на Република Македонија престојува претседателот на Сојузна Република Германија Хорст Келер [1]
- 23 април - Усвоена Резолуција на Европскиот Парламент за напредокот на Република Македонија во 2007.
мај
уреди- 1 мај - АД „Македонски Телекомуникации“ официјално стана дел од Дојче Телеком групацијата променувајќи го своето име во T-home Македонија.
- 2/3 мај - самит на претседателите на земјите од централна и источна Европа.
- 7 мај - Потпишана Декларација за стратешко партнерство и соработка помеѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија.
- 22 мај - Регистриран е Бугарскиот културен клуб со седиште во Скопје.
јуни
уредијули
уреди- 10 јули - Бошковски бил прогласен за невин од страна на Хашкиот трибунал за настаните во скопското село Љуботен во август 2001 и бил ослободен[2]. Единствено Јохан Тарчуловски бил осуден на десет години затвор.[3]
- 12 јули - Основана Партија на обединети демократи на Македонија.
август
уреди- 28 август - авион од типот Цесна со регистарски таблици ZL-DCV се урна во месноста Скребатно кај с. Лескоец, во близина на Охрид. Во несеќета животот го загубија пилотот и тројца патници во авионот. За среќа избегната е поголема катастрофа бидејќи авионот удри во автомобил фиќо во кој во моментот се наоѓаше малечко девојче. Истото освен претрпен шок нема други повреди. Очевидци велат дека авионот летал ниско, имал неправилна работа на моторот, по што се урнал најверојатно обидувајќи се да ја избегне толпата.
септември
уреди- 1 септември - Собранието на Република Македонија го усвои амандманот кон Законот за одбрана за елиминирање на законските пречки за присуство на силите на Алијансата на територија на Република Македонија, во согласност со чл.5 од Северно-атлантскиот договор. Со оваа дополна на Законот за одбрана отстранета е и последната потенцијална правна пречка за учество на наши војници во меѓународни воени мисии и за присуство на НАТО сили во Република Македонија согласно чл. 5 од Северно-атлантскиот договор.
- 25 септември - За времетраењето на македонското претседавање со Јадранската група, на маргините на 63-то Генерално собрание на ООН, во Њујорк, донесена е одлука да се упати покана до Црна Гора и Босна и Херцеговина за приклучување во Јадранската Повелба.
октомври
урединоември
уреди- 6 ноември - Република Македонија во седиштето на НАТО во Брисел, во својство на земја- претседавач беше домаќин на амбасадорскиот состанок на земјите членки на Групата за управување на безбедносната соработка во ЈИЕ (СЕЕГРОУП), на кој учествуваа 32 земји членки и земји партнери на НАТО, во присуство на претставници на службите на НАТО, предводени од Генералниот Секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер.
- 28 ноември - Европската комисија подготви "Првична оценка за имплементација на Патоказот за визна либерализација на Република Македонија"[4].
декември
уреди- 2-14 декември - Во Македонија се одржа Европското првенство во ракомет за жени.
- 14/15 декември- Претседателот на Владата на Република Бугарија Сергеј Станишев, е во официјална посета на Република Македонија[5].
- 15 декември - Собранието на Република Македонија усвои Резолуција за приоритетите во 2009 година во процесот на пристапување на Република Македонија кон Европската унија.
Култура
уредиМузика
уреди- Македонија на Евровизија 2008 ја претастави Тамара Тодевска, Адријан Гаџа и Врчак со песната Во име на љубовта.
- Интро, албум на Браво Бенд.
- Македонско девојче, албум на Каролина Гочева.
- Милионер, албум на Елена Ристеска.
- Get Back to Studio Rock 'n Roll, албум на Александра Пилева
- Аграрни реформи и варијации на тема..., албум на Fighting Windmills
- Next Time, албум на Next Time
- Се што сакам си ти, албум на Ареа
- И сега што?, албум на Суперхикс
- 300 години, албум на Адријан Гаџа
- Македонски рози, албум на Андријана Јаневска
- Во дилема, албум на Бојана Атанасовска
- Македонски звуци, албум на Мартин Вучиќ
- Another Dawn, албум на Dedicated for Life.
Книги и списанија
уреди- Започна да излегува неделниот весник Зенит.
- Доречувања од Санде Стојчевски
- Вечноста и мигот од Бранко Цветкоски
- Граница од Венко Андоновски
- Синтакса на светлината од Јовица Тасевски - Етернијан
- Помеѓу од Ирена Јорданова
- Алкомена, древен град во Пелагонија, тврдина на македонските кралеви од Ангелина Маркус
- Сказни разни од Борис Апостолов
- Патување на душата од Борис Апостолов
- Летот на шаторските крила од Мирослав Спироски
Филм и телевизија
уреди- Започна да работи А2 телевизија.
- Започна да работи Сител 3.
- Започна да работи Канал 5+.
- Започна да работи Телевизија Алфа.
- Започна да работи К-15 Телевизија.
Објекти
уреди- Поставен Споменик на Итар Пејо во Прилеп.
- Започна изградба на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
- Изградена Вила Водно во Скопје, официјалното работно место на Претседателот на Република Македонија.
- Изграден Глобал во Струмица, градски пазар.
- Изградена црквата „Воведение на Пресвета Богородица“ во Драчево.
- Осветен манастирот „Св. Петка“ во С'лп.
- Осветена црквата „Св. Апостол Тома“ во Зубовце.
- Осветена црквата „Св. Никола“ во Маврово.
- Осветена црквата „Вознесение Христово“ во Горобинци.
- Осветена црквата „Св. Никола“ во Отушиште.
- Осветена црквата „Св. Тома“ во Зубовце.
- Осветена црквата „Св. Ѓорѓи“ во Дрвош.
- Камен темелник на црквата „Св. Јован Крстител “ во Струмица.
Останато
уреди- За првпат доделена Повелба на Република Македонија.
- Започна да работи БМГ Универзум.
Спорт
уредиФудбал
уреди- ФК Работнички стана шампион по фудбал во сезоната 2007/2008 година.
- ФК Работнички го освои купот на Македонија.
- Квалификации за светското првенство во фудбал (2010)
6 септември 2008 15:00 UTC+1 |
Македонија | 1 – 0 | Шкотска | Филип II Арена, Скопје Гледачи: 9,000 Судија: Павел Карловец (Чешка) |
---|---|---|---|---|
Наумовски 5' | Report |
10 септември 2008 20:30 UTC+1 |
Македонија | 1 – 2 | Холандија | Филип II Арена, Скопје Гледачи: 11,000 Судија: Грегор Гилевски (Полска) |
---|---|---|---|---|
Пандев 77' (пен..) | Report | Хеитинга 46' Ван дер Варт 59' |
15 октомври 2008 18:00 UTC±0 |
Исланд | 1 – 0 | Македонија | Лаутардалсволур, Рејкјавик Гледачи: 5,527 Судија: селчук Дерели (Турција) |
---|---|---|---|---|
В. Гунарсон 16' | Report |
* Пријателски натпревари
06 02 2008 17:00 |
Македонија | 1 – 1 | Србија | Градски, Скопје Гледачи: 12,000 Судија: Георгиев Цветан (Бугарија) |
---|---|---|---|---|
Новевски Николче 58' | Report | Лазовиќ Данко 43' |
26 03 2008 20:15 |
Босна и Херцеговина | 2 – 2 | Македонија | Бојно Поле, Зеница Гледачи: 10,000 Судија: Свилокос Владо (Хрватска) |
---|---|---|---|---|
Дамјановиќ Дарко 17', 19' | Report | Мазнов Горан 41', 45' |
06 02 2008 20:30 |
Македонија | 1 – 1 | Полска | Кројцајх, Ројтилнген Германија Гледачи: 12,000 Судија: Брих Фелис (Германија) |
---|---|---|---|---|
Мазнов Горан 45' | Report | Радослав Матушјак 84' (пен..) |
20 08 2008 20:15 |
Луксембург | 1 – 4 | Македонија | Жозе Баргел, Луксенбург Сити Гледачи: 5,000 Судија: Бригер Берн (Австрија) |
---|---|---|---|---|
Китинге Џоел 73' | Report | Пандев Горан 6', 45' Гроздановски Влатко 33' Наумовки Илчо 49' |
19 11 2008 17:50 |
Црна Гора | 2 – 1 | Македонија | Под Горица, Подгорица Гледачи: 5,000 Судија: Паниќ Јово (Босна и Херцеговина) |
---|---|---|---|---|
Џудовиќ Миодраг 24' Јоветиќ Стеван 33' (пен..) |
Report | Попов Горан 85' |
Кошарка
уреди- КК Фени Индустри стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига.
- КК Фени Индустри го освои купот на Македонија.
* Квалификации за европското првенство во кошарка 2009
3 септември 2008. | |||
Латвија | 83 - 82 | Македонија | |
6 септември 2008. | |||
Македонија | 85 - 48 | Португалија | |
10 септември 2008. | |||
Естонија | 78 - 90 | Македонија | |
13 септември 2008. | |||
Македонија | 80 - 78 | Латвија | |
17 септември 2008. | |||
Португалија | 81 - 71 | Македонија |
Ракомет
уредиНа Европското првенство во ракомет за жени, Македонија го освои 7 место.
2 декември 2008 20:15 |
Германија | 25 – 22 | Македонија | Спортска сала Борис Трајковски Гледачи: 4500 Судии: Brunovsky, Canda (SVK) |
Краузе 11 | (Извештај) | Портјанко 8 | ||
4 декември 2008 20:15 |
Македонија | 31 – 29 | Хрватска | Спортска сала Борис Трајковски Гледачи: 6000 Судии: Dobrovits, Tajok (HUN) |
Кресоја, Портјанко 8 | (Извештај) | Франиќ 7 | ||
6 декември 2008 20:15 |
Македонија | 31 – 30 | Србија | Спортска сала Борис Трајковски Гледачи: 6000 Судии: Baranowski, Lemanowicz (POL) |
Тодоровска 8 | (Извештај) | Лекиќ 7 | ||
8 декември 2008 | Русија | 43 - 24 | Македонија | Спортска сала Борис Трајковски |
10 декември 2008 | Шведска | 24 - 23 | Македонија | Спортска сала Борис Трајковски |
11 декември 2008 | Белорусија | 24 - 29 | Македонија | Спортска сала Борис Трајковски |
Починати
уреди- Михо Атанасовски, македонски писател.
- Ксенте Богоев, македонски економист и државник.
- Јозо Т. Бошковски - Јон, македонски поет.
- Искра Грабул, македонски уметник и архитект.
- Бранко Гапо, македонски режисер.
- Никола Кљусев, македонски политичар.
- Константин Апостолов, македонски лекар.
- Лилјана Минова - Ѓуркова, македонски професор.
- Методи Манев, македонски писател.
- Благоја Марковски, македонски режисер.
- Методи Манев, македонски писател.
- Шерафетин Неби, македонски глумец.
- Бошко Перински, македонски писател.
- Живко Стефановски, македонски функционер.
- Стојче Тошевски, македонски композитор.
Родени
уредиНаводи
уреди- ↑ http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/436261/index.html
- ↑ „Утрински весник: Бошкоски се врати во Македонија“. Архивирано од изворникот на 2008-08-03. Посетено на 2010-12-25.
- ↑ „Утрински весник: Резиме на пресудата за Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски“. Архивирано од изворникот на 2008-08-03. Посетено на 2010-12-25.
- ↑ www.macedonianembassy.org
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-11. Посетено на 2014-07-12.