Во име на љубовта
Во име на љубовта (англиски: преведено - In the Name of Love, назив на песната: Let me love You) е песна во изведба на Тамара Тодевска, Адријан Гаџа и Врчак со која настапиле на Скопскиот фестивал 2008. Песната победила, освојувајќи ги најголемиот број гласови од “телевоутингот“ и на 7-членото стручно жири. На 22 мај 2008 година, англиската верзија ("Let me love You") ја претставувала Македонија[1] на евровизискиот натпревар во Белград, Србија. Таа била изведена под реден број 18, но не освоила доволно бодови за да продолжи во завршна фаза на натпреварот. Со гласовите од телевоутингот се пласирала на 10 место, но жирито избрало Шведска да учествува во финалето.
Во име на љубовта | |
---|---|
Тамара Тодевска на Евровизија 2008 | |
Евровизија 2008 | |
земја | Македонија |
изведувач | Тамара Тодевска, Врчак и Адријан Гаџа |
јазик | македонски |
композитор | Раде Врчаковски, Кире Костов |
текст | Раде Врчаковски |
пласман | |
позиција во полуфинале | 10 |
бодови во полуфинале | 64 |
хронологија на учество | |
◄ Мојот свет (2007) | |
Нешто што ќе остане (2009) ► |
Песната била снимена и на руски јазик (под наслов "Во Имя Любви"), на српски (наслов "Тебе Волим"), турски (наслов "Yoksun") и на албански јазик (под наслов "Dashuri Mistike"). За сите верзии на песната биле изготвени видео спотови.
На натпреварот, триото настапило со кореографска придружба. Кореографијата ја подготвил Адријан Гаџа, со помош од познат германски кореограф.[2]
Текст на песната
уреди
Како маѓепсан, буден те сонувам, Сама во себе заробена, Знам баш како ти е сам, Како маѓепсан, буден те сонувам, Како по вода да чекорам, Знам баш како ти е сам, (Знам баш како ти е сам) |
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Participating member Архивирано на 18 јуни 2012 г. of EBU
- ↑ Four more versions to be released — FYR Macedonia: Song in english for Belgrade Архивирано на 19 мај 2011 г. Eurovision Song Concert Today.