Ирена Јорданова (Скопје, 8 септември 1980) — македонска писателка која своето образование го завршува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на отсекот Општа и компаративна книжевност.

Ирена Јорданова

Дела уреди

Ирена Јорданова објавува уште од своите студентски денови, а нејзиниот расказ „Улици“ е објавен во заедничкото издание наречено „Пресметка кај ОКК“. Објавува раскази и во македонските литературни списанија. Нејзиниот прв роман Помеѓу[1] е објавен во 2008 година а со овој роман таа влегува во најтесниот избор за наградата Роман на Годината на „Утрински Весник“. Со своето творештво учествува на многубројни прозни настани, читања, конференции и е дел од Интернационалното Биенале за млади уметници од Европа (The International Association of the Biennial of Young Artists from Europe) во 2009 година. Во 2010 година таа го објавува својот втор роман „Катализатор 33“.

Стил на пишување уреди

За стилот на пишување на Јорданова критичарите ќе речат дека тоа е проза со една храбра авто-иронија, проза која покажува, во исто време, широка книжевна култура како и цела палета раскажувачки техники. Постојаните „шифтови“, играњето со значењата, разликите, постојаниот дијалог помеѓу „Јас и другиот“, и преместувањето на се што е „фиксно“ во „подвижно“ - ја заокружува приказната на Јорданова на линија на сукобот на една „нова етика“ со зацврстените, традиционални норми. Во нејзините дела постои доминација на бизарното како естетски и етички елемент и тоа како на фабуларен, така и на јазичен план со што оваа проза добива своја оригинална црта.

Наводи уреди