Благоја Марковски (режисер)
- За други значења видете на појаснителната страница за Благоја Марковски
Благоја Марковски (Битола, 1949 - Битола, 28 октомври 2008) бил познат македонски телевизиски режисер.[1]
Благоја Марковски | ||
Роден | 1949 Битола, денешна Македонија | |
---|---|---|
Починал | 28 октомври 2008 Битола | |
Националност | Македонец | |
Занимање | режисер |
Животопис
уредиМарковски е роден во Битола во 1949 година, во Загреб дипломирал режија, а целиот свој работен век го минал во Македонската телевизија. Марковски оставил белег во речиси сите телевизиски жанрови, од кои најпознати се музичките серии: „Самовила град градила“, „Песната на ангелот“, како и фестивалските преноси, документарните емисии, телевизиски патописи и репортажи, за дел од кои бил наградуван. На последниот југословенски телевизиски фестивал во Неум ја доби наградата Гран-при за режија на документарната драма „Мојот татко Изет“. Починал на 28 октомври 2008 во Битола.[2]
Наводи
уреди- ↑ Makedonska bibliografija: Monografski publikacii. Skopje: Narodna i Univerzitetska Biblioteka "Kliment Ohridski". 1988.
- ↑ „ПОСЛЕДЕН ЗБОР Благоја Марковски“. Утрински Весник. 29 октомври 2008. Посетено на 2011-01-27.[мртва врска]