С’лп

село во Општина Велес
(Пренасочено од С'лп)

С'лп — село во северниот дел на територијата на Општина Велес, во околината на градот Велес, сместено во близина на западниот брег, на вештачкото езеро Младост, познато како Велешко Езеро.

С'лп

Поглед на селото С'лп

С'лп во рамките на Македонија
С'лп
Местоположба на С'лп во Македонија
С'лп на карта

Карта

Координати 41°46′50″N 21°41′4″E / 41.78056° СГШ; 21.68444° ИГД / 41.78056; 21.68444
Регион  Вардарски
Општина Велес
Население 16 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29067
Надм. вис. 300 м
С'лп на општинската карта

Атарот на С'лп во рамките на општината
С'лп на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Традиционална куќа во селото

С'лп — село во северниот дел на територијата на Општина Велес. Селото С'лп е сместено на јужните падини во подножјето на планината Голешница од десната страна во долината на реката Вардар. Атарот на селото се наоѓа на десната страна во долината на реката Вардар и се допира до територијата на Општина Зелениково.[2] Од градот Велес е оддалечено 15 (12) километри и е поврзано преку земјен пат од два правци: преку ридот Гроот и селата Белештевица и Раштани, со земјен пат е исто така поврзано и со железничката станица „Рајко Жинзифов“. С'лп е ридско село на надморска височина од 300 метри,[2] сместено на блага падина од левата страна на долот низ кој тече С'лпскиот поток. Местоположбата на селото С'лп е поволна за земјоделско-стопански дејности. Во самото село и непосредната околина постојат 4 чешми, односно извори, кои преку лето се со послаб водостој. Главното снабдување со вода на селото е од изворот Студена Вода, северозападно од селото во правец на селото Добрино. Месности и предели околу селото се: Козарица, Гроот (на југ), Студена Вода, Старо Село, Градишта, Будимаж (на запад и север). Атарот на селото С'лп зафаќа површина од 27 км2 од кои 304 хектари зафаќа обработливото земјиште, 49 хектари се под пасишта и 1815 хектари се под шуми.[2]

Историја

уреди
 
Поглед на дел од селото С'лп

Селото С'лп постои многу одамна за што сведочат двете месности Градишта и Старо Село. Селаните раскажуваат дека најпрвин С'лп се наоѓал погоре во планината, северно од денешното село, во месноста Старо Село. Поради болест (или насилство од муслимани) селото се раселило, а голем дел од луѓето изумреле.[3] Малкумината луѓе што останале пред околу 200-250 години се преселиле на денешното место. Покрај ова предание, меѓу жителите на селото постојат преданија и за месностите Студена Вода и Градишта. На месноста Студена Вода се наоѓало езеро, кое жителите го затрупале, а студената вода повторно протекла и денес таа претставува еден од изворите на вода со кои се напојува селото.[3] За месноста Градишта во правец на селото ’Рлевци, изгинале многу војници и војска, така што на тоа место има „заживена крв“ и таму „навечер може да се чујат луѓе со музика како пеат, свират и играат“.[3] Во декември 1911 година во селото С'лп пристигнала четата на велешкиот војвода на ВМРО Мирчо Атанасов, која по предавството од селскиот поп, влегла во судир и започнала борба со турскиот аскер во која на крајот војводата со пет четници за да не паднат живи во непријателските раце се самоубиле.[4] Овој настан и подвиг е опеан меѓу народот преку народната песна „Мирчо Велешки“.[4]

Стопанство

уреди
 
Сокак во селото
 
Поглед на селото С'лп во подножјето на Голешница

Селото С'лп има поволна положба за земјоделство и сточарство бидејќи е расположено во долина непосредно крај реката Вардар и во подножјето на планината Голешница, изобилувајќи со извори. Во основа селото има поледелско-сточарска функција.[2] Од полјоделството најзастапени се градинарските култури: домат, пипер (зелен и црвен), кромид, лук, грашок (безелје), грав, тикви. На благите падини во голема мера се одгледуваат и повеќе сорти на пченица и други житарици, како и тутун, а застапено е и лозарството со повеќе лозови насади. Од сточарството највеќе се одгледуваат кози и крави, а на презимување во околината во помала доаѓаат и стада овци. Живинарството, одгледувањето на кокошки и мисирки во голема мера е застапено. Еден дел од жителите на селото работат во железницата, на пругата и во ЖС „Рајко Жинзифов“. Исто така е застапено и шумарството и сечата на дрва за огрев.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948449—    
1953450+0.2%
1961378−16.0%
1971269−28.8%
1981156−42.0%
ГодинаНас.±%
199188−43.6%
199467−23.9%
200247−29.9%
202116−66.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во С'лп живееле 466 жители, од кои 460 Македонци и 6 Турци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во С'лп имало 584 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото С'лп живеат 47 жители, од кои 46 Македонци и 1 Србин.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 16 жители, сите Македонци.

Селото С'лп како и повеќето македонски села, бележи постојано опаѓање на бројот на жителите, па така во 1961 година броело 378 жители, а во 1994 само 67 жители.[2] Денес во селото живеат десетина семејства, а има и куќи кои се повремено посетувани од нивните сопственици иселени во Велес. Во селото има деца и млади луѓе. Од печатот и медиумите позната е сторијата за трите братчиња Александар, Спасе и Никола Попови, кои секој ден пешачејќи и со воз одат на училиште во ОУ „Васил Главинов“ - Велес.[9][мртва врска]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 466 584 449 450 378 269 156 88 67 47 16
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Во селото С'лп, отсекогаш па сѐ до денес живееле исклучиво православни Македонци. Според записи од 1935 година во селото живееле следните македонски православни христијански родови: Терзиовци, Ѓорговци, Оцедаровци, Вериџовци, Илковци, Шојлевци, Трајановци, Писаници, Николовци, Пејковци, Оклевци, Аџиовски (сите старинци, преселени од Старо Село), Левковци (од с. Кожле), Давевци (од с. Карабуниште), Камишовци (веројатно старинци), Трајковски (од раселеното с. Лафчани).[14]

Општествени установи

уреди

Во селото порано работело основното училиште „Гоце Делчев“, кое било реонско за повеќе околни села (Карабуниште, Белештевица, Сопот). Денес постои неговата зграда која се наоѓа во непосредна близина на селската црква „Свети Илија“.

Цркви и манастири

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото С'лп е седиште на месна заедница која ги опфаќа и селата Карабуниште и Белештевица. Претседател на месната заедница е Трајко Димов, а членови се и Јордан Пановски и Ангел Зафиров.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2202 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница. Во ова избирачко место е опфатено и селото Белештевица.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта
  • Кале — градиште од римско време
Традиционална архитектура

Во селото постојат повеќе куќи стари над 100 години. Нивниот архитектонски изглед и начинот на градба се доста различни во однос на соседните блиски села од преку Вардар (на пример с. Сопот), делкан камен — наспроти непечени тули плитари (ќерпич). Тоа се должи на ридско-планинската конфигурација на теренот во кој се наоѓа селото. Куќите во село С'лп се вистински пример за македонското народно градителство и архитектура.

Редовни настани

уреди

Прослава на верскиот празник Илинден (Свети Илија) кој е патронен светец на селската црква и воедно е селска слава на селото.

Личности

уреди
Родени во С’лп
уреди
  • Славко Петров (1937–2009) — поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (2002-2004)
Починати во С’лп
уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Најголем дел од некогашните жители и нивни потомци се иселени во Велес. Во помала мера има иселеници и во Скопје, а од потомци на некогашните жители во денешно време исленици има и во странство.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.276
  3. 3,0 3,1 3,2 По кажување на селанецот Димитар Илиевски (78 години) на 25.8.2011. Забележал Марио Шаревски
  4. 4,0 4,1 Аврамов, Н. Стефан. „Револуционерните борби во Азот (Велешко) и Поречието“. Макавеј, Скопје, 2008. стр. 148
  5. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 157.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 118-119.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=C1D30FFB052B574997CB618DB4B4F16A[мртва врска]
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Филиповиќ, Миленко. Северни велешки села. Белград, 1935. стр.545-546
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди