КК Еуро Никел 2005

(Пренасочено од КК Фени Индустри)

Кошаркарскиот клуб Еуро Никел 2005 - македонски кошаркарски клуб, со седиште во Кавадарци. Клубот бил трикратен првак во Првата македонска кошаркарска лига и двократен првак во Купот на Македонија. Своите натпревари, клубот ги игра во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.

КК Еуро Никел 2005
ЛигаПрва Лига Мажи
Основан11 јануари 1970; пред 50 години (1970-01-11)
СалаЈасмин
Сала Капацитет1,800
ЛокацијаКавадарци
Бои на клуботпортокалова, бела и црна
              
ПретседателДарко Цеков
ТренерГоран Самарџиев
СопственикЕуро Никел Индустри
Позиција 2018/197ми
Прваци3 Прва кошаркарска лига
2 Куп на Македонија
1 БИБЛ
Дресови
Kit body thinorangesides 2.png
Домашен jersey
Kit shorts orangesides.png
Team colours
Домашен
Kit body thinblacksides.png
Гостински jersey
Kit shorts blacksides.png
Team colours
Гостински


Во својата историја, овој клуб дал многу значајни имиња кои ја афирмирале кошаркарката, градот Кавадарци и Република Македонија. Меѓу нив, најпознати се: Врбица Стефанов, Тодор Гечевски, Ристе Стефанов и Горан Самарџиев.

ИсторијаУреди

СоздавањеУреди

Во 1969 година, по иницијатива на И. Каровски, Б. Ивановски, Д. Галапчев, Ж. Клинчаров, Т. Ридов, М. Ацев, Б. Камчев и Р. Прескакулев се формирал кошаркарскиот клуб Тиквеш, кој и официјално постои од 11 јануари 1970. Прв тренер на КК Тиквеш бил професорот Живко Клинчаров, а подоцна како предводници на клубот работеле и Р. Анѓушев, Д. Пецов, Т. Клинчаров, П. Камчевски, О. Тотов и други. Во својот прв официјален настап, Тиквеш го декласирал тимот на "23 Октомври" од Кочани со резултат 102-64. На тој натпревар настапувале: А. Књазев, С. Кировски, М. Спанџов, Б. Петреназов, М. Ацев, К. Спанџов, О. Тотов, Б. Гечевски, П. Камчевски, З. Мукаетов и А. Галапчев. Најголемиот успех, кошаркарите на Тиквеш го постигнале во сезоната 1984/1985, кога го освоиле првото место во Првата македонска републичка лига.[1]

Настапи во Првата македонска лигаУреди

Во првата сезона на Првата македонска кошаркарска лига, во сезоната 1992/93, КК Тиквеш обезбедил пласман. Клубот си го сменил името и од 1995 до 1997 настапувал како КК Алумни Деком Тиквеш, а потоа во КК Орка Спорт (од 1997 до 1999 година) и повторно во КК Тиквеш (од 1999 до 2002 година).[2]

Во 2005 година, како главен спонзор на клубот влегла компанијата „Фени Индустри“ и поради тоа, клубот го променил името во КК Фени Индустри. Во сезоната 2005/2006, клубот настапувал во Втората лига, каде го освоил второто место и така обезбедил пласман во Првата лига. Во следната сезона 2006/2007, го освоил шестото место во Првата лига, а веќе во сезоната 2007/2008 била освоена двојната круна - шампион на Македонија и освојувач на Купот.[3] Во сезоната 2008/2009, Фени Индустри загубил во финалето против Фершпед Работнички во првенството, додека во купот стигнал до полуфиналето. Сезоната 2009/2010, исто така, била успешна за клубот, кој повторно ја освоил двојната круна. Во сезоната 2010/2011, Фени Индустри ја освоил третата титула во Првата лига, додека во Купот стигнал до полуфиналето. Во сезоната 2011/2012, престанала доминацијата на кавадаречкиот клуб, кој стигнал до финалето во Првата лига и во Купот, каде на двапати загубил од МЗТ Аеродром. Во сезоната 2012/2013, Фени Индустри стигнал до полуфиналето во Лигата и во Купот. Сезоната 2013/2014 била најлоша сезона во поновата историја на клубот, Фени не успеал да обезбеди пласман во Суперлигата со што играл опстанок односно Плејаут, а во Купот стигнале до четвртфинале. Во Првенството 2014/2015, Фени Индустри бил елиминиран во полуфиналето од МЗТ Аеродром.[4]

На 8 јули 2019 година, Фени Индустри го сменил своето име во Еуро Никел 2005.[5] Причина за смена на името било промена на сопствеништвото на главниот сопственик и спонзор на клубот - Топилницата Фени Индустри која била откупена и преименета во Еуро Никел Индустри во март истата година.[6]

УспесиУреди

КК Еуро Никел 2005 има забележано неколку успеси, меѓу кои:

Еуроникел 2005 има учествувани и во неколку европски купови, како што е Купот Корач.

Состав 2020/2021Уреди

Главен тренер на екипата е Горан Самарџиев.

број име висина см позиција години државјанство пристигнал
во (година)
претходен клуб
8 Никола Караколев 197 Бек 33   Македонија 2019 Кожув
6 Дарко Соколов 189 Бек 34   Македонија 2019 МЗТ Аеродром
42 Јане Петровски (к.) 181 Разигрувач 35   Македонија 2015 Работнички
13 Благој Димитриев 200 Центар 20   Македонија 2020 АВ Охрид
20 Милан Милков 206 Крилен центар 23   Македонија 2013 Младински состав
14 Илија Колев 195 Крило 24   Македонија 2020 Кожув
9 Тодор Златев 18   Македонија 2020 Еуро Никел 2005
4 Љупчо Мелов 20   Македонија 2017 Младински состав
3 Петар Коцев 26   Македонија 2017 Радовиш
Стефан Вељаноски 17   Македонија 2020
14 Илија Мирков 17   Македонија 2020 Младински состав
10 Ранко Мамузиќ 202 Крилен центар 22   Македонија 2020 МЗТ Уни Банка (II)
47 Антон Казарновски 206 Крилен центар
/ Центар
35   Русија
  Израел
2020 Пелистер
25 Данило Мијатовиќ 206 Крилен центар
/ Центар
37   Србија 2020 Работнички
55 Александар Влаховиќ 190 Разигрувач 30   Македонија 2020 Интер Братислава  

Извор: Кошаркарска Федерација на Македонија eurobasket.com

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Одбележување 46 години од формирањето на првиот кошаркарски клуб во Кавадарци a1on.mk 11 јануари 2016
  2. На денешен ден, во 1970 година, во Кавадарци е формиран kavadar4e.com 11 јануари 2014
  3. „ФЕНИ ИНДУСТРИ НОВ КОШАРКАРСКИ ШАМПИОН“. utrinski.mk. 8 јуни 2008.
  4. Шампионот МЗТ преку Кавадарци до ново финале ekipa.mk 24 мај 2015
  5. „РТК - Фени Индустри“. РТК на Facebook преку web.archive.org. 8 јули 2019. Посетено на 1 септември 2019.
  6. „„Фени" сега е Еуроникел индустри, и има недостиг од стручен кадар“. telma.com.mk преку web.archive.org. 6 март 2019. Посетено на 1 септември 2019.

Надворешни врскиУреди