Алан Дејвис
Алан Хауард Дејвис (англиски: Allan Howard Davis; р. 27 јули 1980) — поранешен австралиски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал од 2002 до 2013 година.
Дејвис на Тур Даун Андер 2009 | ||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Алан Хауард Дејвис | |||||||||||||||||||||||
Роден | 27 јули 1980 Ипсвич, Квинсленд, Австралија | |||||||||||||||||||||||
Висина | 1,72 м | |||||||||||||||||||||||
Маса | 73 кг | |||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | |||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||
Вид на возач | спринтер | |||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||
2001–2002 2003-2006 2007 2008 2008-2009 2010-2011 2012–2013 | Мапеи-Квик Степ ONCE Дискавери Канал Мицубиши-Џартази Квик Степ Астана ГринЕЏ | |||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
|
Кариера
уредиДејвис бил познат по неговите спринтерски вештини, започнувајќи со трки на десетгодишна возраст, а професионалец станал во 2002 година. Исто така, брат е на велосипедистот, Скот Дејвис и бил носител на стипендија на Австралискиот институт за спорт.[1]
Во 2004 и 2005 година учествувал на Тур де Франс, завршувајќи петти во бодовниот пласман за зелената маичка на Тур де Франс 2005 зад победникот, Тор Хушовд од Норвешка и сонародниците Стјуарт О’Грејди (2.) и Роби Мекјуан (3.).
Во 2006 година, Дејвис бил еден од петте возачи на екипата ONCE кои биле вклучени во случајот на допинг „Операција Пуерто“. Меѓутоа, на 26 јули 2006 година, бил прогласен за чист од страна на шпанските власти.[2]
Го имал своето деби со Квик Степ-Давитамон на 3 септември 2008 година на Меморијал Рик ван Стенберген, откако постигнал договор со Патрик Лефевр за следните две сезони и бил ослободен од претходната екипа Мицубиши-Џартази.
Сезоната 2009 му започнала одлично со три етапни победи и крајна победа на Тур Даун Андер 2009.
Дејвис се преместил со неговиот брат Скот во Астана за сезоната 2010.[3] Останал со екипата до крајот на 2011 година, кога се преселил во новата екипа ГринЕЏ.[4]
Дејвис го освоил златниот медал на друмската трка на Комонвелтските игри 2010.
Орика-ГринЕЏ одлучила да не го обнови договорот на Дејвис за 2014 година. Откако се обидел да пронајде нова екипа, Дејвис го објавил своето повлекување од трките во февруари 2014 година.[5]
Достигнувања
уреди- 2000
- 7. Светско друмско првенство под 23 години
- 9. Национално друмско првенство
- 2001
- 6. Светско друмско првенство под 23 години
- 2002
- 1. Етапа 1 Џиро дел Капо
- 2. ГП Истра
- 3. Национално друмско првенство под 23 години
- 2003
- 1. Трофео Манакор
- 1. Етапа 4 Сиркут Сиклист де ла Сарт
- 2. Национално друмско првенство
- 2004
- 1. Џиро дел Пиемонт
- 1. Трофео Алкудија
- 1. Трофео Манакор
- 1. Етапа 5 Трка околу Германија
- 1. Етапа 3 Трка околу Полска
- 2005
- Вуелта а Мурсија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 3 Енеко Тур
- 1. Етапа 5 Вуелта а Арагон
- 2. Краен пласман Тур Даун Андер
- 3. Париз-Тур
- 3. HEW Класик
- 2006
- Тур Даун Андер
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 5
- 3. Комонвелтски игри - друмска трка
- 2007
- Трка околу Езеро Ќингхаи
- 1. Етапа 3 Волта а Каталуња
- 2. Милано-Санремо
- 2008
- 2. Краен пласман Тур Даун Андер
- 1. Етапа 3
- 2. Краен пласман Заливски класик
- 1. Етапа 4
- 3. Ватенфал Класик
- 4. Краен пласман Трка околу Полска
- 2009
- 1. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2. Париз-Брисел
- 2. Гран при де Валони
- 4. Милано-Санремо
- 4. Ватенфал Класик
- 2010
- 1. Комонвелтски игри - друмска трка
- 1. Бодовен пласман Трка околу Полска
- 3. Светско друмско првенство
- 5. Ватенфал Класик
- 2011
- 9. Краен пласман Тур Даун Андер
- 10. Кансер Кансил Хелплајн Класик
- 2012
- 1. Краен пласман Заливски класик
- 6. Светско друмско првенство
Наводи
уреди- ↑ „Australian Team for 2010 Commonwealth Games: Research : Australian Sports Commission“. Ausport.gov.au. 18 октомври 2010. Посетено на 17 ноември 2012.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-10-20. Посетено на 2016-01-23.
- ↑ „Davis Brothers Sign With Astana“. Cyclingnews.com. Посетено на 17 ноември 2012.
- ↑ „Davis joins GreenEdge, with London Games in sights“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 20 септември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-01-27. Посетено на 1 јануари 2012.
- ↑ „Davis retires from cycling“. Cyclingnews.com. 14 февруари 2014. Посетено на 30 јуни 2014.
Надворешни врски
уреди„Алан Дејвис“ на Ризницата ? |
- Профил на Cycling Australia Архивирано на 15 март 2005 г.
- „Достигнувања на Алан Дејвис“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Алан Дејвис“. Cycling Quotient.