Пшемислав Њемјец

полски велосипедист

Пшемислав Њемјец (полски: Przemysław Niemiec; р. 11 април 1980) — поранешен полски професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално во периодот 2002-2018 година.[1]

Пшемислав Њемјец
Њемјец на Вуелта а Астурија 2010
Лични податоци
Цело имеПшемислав Њемјец
Роден11 април 1980(1980-04-11)(43 г.)
Ошвјенќим,  Полска
Висина1,84 м
Маса66 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедист
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2002–2003
2004–2010
2011–2018
Аморе & Вита-Берета
Мике
Лампре-ИСД
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2014)

Етапни трки

Трка околу Словенија (2005)
Трка околу Тоскана (2006)
Рут ду Суд (2009)
3 етапи

Кариера уреди

Го направил своето професионално деби во 2002 за екипата Аморе & Вита-Берета. Најголеми победи на Њемјец се Трката околу Словенија 2005 и Трката околу Тоскана 2006. Исто така има освоено три етапи на Рут ду Суд и завршил на 16. место помеѓу водечките велосипедисти на Летните олимписки игри 2008. Во 2013 година, Њемјец имал завршници во првите десет на многу етапни трки, вклучувајќи го Џиро дел Трентино, Волта а Каталуња и на Тирено-Адријатико. Подоцна возел на Џиро д’Италија како поддршка на Микеле Скарпони, каде имал солиден резултат, завршувајќи на шестото место во генералниот пласман.

Откако завршил трет на Џиро дел Трентино 2013, Њемјец бил избран да ја предводи екипата Тим Лампре на Џиро д’Италија. Иако неговото водство преминало на неговиот помлад колега, Диего Улиси, откако загубил седум минути на осмата етапа. Ја остварил својата најголема победа во кариерата на Вуелта а Еспања 2014. Бил дел од рано бегство и победил сам на последното искачување до Лагос де Коведонга.[2]

Достигнувања уреди

2003
1. Џиро дел Медио Брента
2004
1. ГП Чита ди Рио Саличето е Кореџо
2005
1. Етапа 1 Џиро дел Трентино
1. Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 3
2. Краен пласман Рут ду Суд
3. Џиро дел’Апенино
2006
1. Краен пласман Трка околу Тоскана
1. Етапа 3 Рут ду Суд
3. Краен пласман Трка околу Словенија
2008
1. Етапа 3 Рут ду Суд
2009
3. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Етапа 2
1. Краен пласман Рут ду Суд
1. Етапа 2
2010
2. Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 3
1. Планински пласман
2. Краен пласман Тур де Пиринеи
1. Етапа 2
3. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда
1. Планински пласман
5. Краен пласман Рут ду Суд
6. Субида ал Наранчо
10. Гран Премио Индустрија е Комерчо ди Прато
2011
5. Џиро дел’Емилија
5. Џиро ди Ломбардија
6. Гран Пиемонт
2012
4. Гран Премио Бруно Бегели
9. Џиро дел’Апенино
10. Трофео Мелинда
2013
6. Краен пласман Џиро д’Италија
6. Краен пласман Џиро дел Трентино
6. Трофео Сера де Трамунтана
7. Краен пласман Волта а Каталуња
9. Краен пласман Тирено-Адријатико
2014
1. Етапа 15 Вуелта а Еспања
3. Краен пласман Џиро дел Трентино
5. Краен пласман Трка околу Полска
2015
9. Страде Бјанке
2016
1. Етапа 1 Трка околу Турција
2. Краен пласман Трка околу Хајнан
2017
8. Краен пласман Трка околу Турција
  Награда за борбеност на етапа 8 на Вуелта а Еспања

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
  Џиро 40 39 6 49 40 СО
  Тур 57
  Вуелта 54 15 26 СО 86

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. „Przemysław Niemiec to retire after 17 seasons - News Shorts“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 3 октомври 2018. Посетено на 6 јануари 2019.
  2. „Вуелта а Еспања: Њемјец победи на нагорнина во Лагос де Коведонга“. Cyclingnews.com. Future plc. 7 септември 2014. Посетено на 7 септември 2014.

Надворешни врски уреди