Даниел Морено

шпански велосипедист

Даниел Морено Фернандес (шпански: Daniel Moreno Fernández; р. 5 септември 1981 во Мадрид) — шпански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[1] Тој е специјализиран за искачување и трките на кои има високи планини, како што се големите трки Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања.

Даниел Морено
Морено во 2009
Лични податоци
Цело имеДаниел Морено Фернандес
ПрекарМуњеко
Роден5 септември 1981(1981-09-05)(43 г.)
Мадрид,  Шпанија
Висина1,73 м
Маса59 кг
Податоци за клубот
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2005 Релакс-Бодисол (стажант)
Професионални клубови
2005–2007
2008–2009
2010
2011–2015
2016-2017
2018
Релакс-Гам
Кес д’Епарњ
Омега Парма-Лото
Катјуша
Мовистар Тим
ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
3 поединечни етапи (2011, 2013)

Етапни трки

Вуелта а Бургос (2012)

Еднодневни трки и класици

Џиро дел Пиемонт (2011)
ГП Мигел Индураин (2012)
Флеш Валон (2013)
Последна промена
11 февруари 2019

Животопис

уреди

Морено ја започнал неговата професионална кариера во септември 2004 со екипата Релакс-Гам Фуенлабрада. На неговата прва трка, Трката околу Британија, тој веќе постигнал одличен резултат со освојувањето на 5. место во генералниот пласман. Во 2005, тој продолжил со одличните резултати, па така бил втор на Класика де Ордизија и Вуелта а Андалусија.

На крајот, во 2006 ја постигнал и неговата прва победа на етапа на Класика де Алкобендас и уште една на Волта ао Алентежо. Тој ги заокружил неговите триумфи со три подиума на Алентежо, Алкобендас и Вуелта а Бургос.

Исто така, и 2007 се покажала како успешна за него. Тој победил на етапа на аргентинската трка Тур де Сан Луис и мексиканската Вуелта Чихуахуа, го освоил конечниот пласман на Ескалада а Монхуик[2]. Покрај овие резултати, тој се покажал како силен возач со второто место на етапа на Вуелта а Еспања и така стигнал до 12. место во генералниот пласман. Во септември објавил дека ќе премине во француската екипа Агритубел за наредната сезона[3] но потоа Морено ја повлекол оваа изјава.

Меѓутоа, со пропаѓањето на Релакс-Гам Фуенлабрада на крајот на 2007, возачот го изгубил постојаниот договор заедно со можноста да настапува на професионалните трки. Морено успеал да се врати на трките дури во март 2008, откако потпишал договор со шпанската екипа Кејс д’Епарњ.

Потоа поминал две сезони (2008-2009) работејќи како помагач на Алехандро Валверде[4] и потоа преминал во Омега Парма Лото на една година[5].

Во 2011, се приклучил на руската екипа Катјуша-Алпесин[6] и станал помагач на неговиот водач, Хоаким Родригес. Придружувајќи го познатиот „Пурито“ на планинските трки, Морено успеал да се докаже себеси на неколку значајни натпреварувања, вклучувајќи ги Џиро дел Пиемонт и Вуелта а Бургос. На 23 август успеал да дојде до првата етапна победа на Вуелта а Еспања, придружувајќи му се на претходниот бегалец Крис Анкер Серенсен во последните километри. Серенсен бил дел од рано бегство и останал до крај, но Морено го достигнал во последните 400 метри, додека групата била зад него.[7] Следниот ден успешно му помогнал на Родригес на Валдепенас де Хаен. Големата координираност помеѓу двајцата Шпанци го донела Морено на третото место, додека Родригес на врвот на подиумот. Во текот на трите недели на шпанската трка, Морено возел во полна брзина и така успеал да дојде во 9. место во генералниот пласман. Во октомври, Морено победил на италијанскиот класик Џиро дел Пиемонт.[8]

Во 2012, Морено продолжил да оди напред. Остварил победа на ГП Мигел Индураин[9], го однел првото место на етапата 4 на Вуелта а Андалусија и етапите 2 и 7 на Критериум ду Дофине. Морено, исто така му помогал на Хоаким Родригес на Џиро д’Италија; што му помогнало на Пурито да дојде до второто место во генералниот пласман. Помеѓу неговите приоритети за понатамошната сезона се Вуелта а Еспања и другите домашни трки[10].

Ја освоил шпанската трка Вуелта а Бургос, преживувајќи го падот на последната етапа на искачувањето Лагунас де Неила од двајцата сериозни кандидати за генерален пласман, Колумбијците Естебан Чавес од Колумбија-Колдепортес и Серхио Енао од Тим Скај. На крај, Морено ги ограничил неговите загуби на 22 секунди на таа етапа, задржувајќи ја водечката маичка со 10 секунди предност пред Енао. Исто така освоил 2 етапи и бодовниот пласман на трката.[11]

Исто така, имал солиден пласман со петтото место на Вуелта а Еспања 2012, каде му помагал на неговиот водач Хоаким Родригес на планинските етапи. Родригес го зазел третото место на подиумот.[12]

Во 2013, Морено ја освоил трката од Светската турнеја, Флеш Валон, откако го следел нападот започнат од Филип Жилбер (Аксент Џобс-Ванти) на последното искачување, Мур де Хуј. Го поминал Жилбер и Карлос Бетанкур (Аг2р-Ла Мондијал) за победа на трката.[13] Подоцна продолжил со добрата форма на Критериум ду Дофине, каде завршил како трет во генералниот пласман. На Вуелта а Еспања ги освоил четвртата етапа и деветтата етапа и завршил десетти во генералниот пласман.

Во октомври 2015 година, Мовистар Тим објавиле дека Морено потпишал со нив двегодишен договор од 2016 година.[14]

Достигнувања

уреди
2003
10. ГП Сиудад де Виго
2004
6. Краен пласман Трка околу Британија
2005
2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2. Класика де Ордизија
6. Класика Сиклиста а лос Пуертос
2006
2. Краен пласман, Волта ао Алентежо
1. Етапа 3
3. Краен пласман, Класика а Алкобендас
1. Етапа 1
3. Краен пласман Вуелта а Бургос
4. Класика де Ордизија
4. Субида ал Наранко
7. Краен пласман Вуелта а Астурија
2007
1. Ескалада а Монтхуик
1. Етапа 5 Тур де Сан Луис
1. Етапа 4 Ла Вуелта а Чихуахуа
2. Краен пласман Класика а Алкобендас и Коладо Вилјалба
3. Класика Сиклиста а лос Пуертос
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
7. ГП Лодио
7. Краен пласман, Вуелта пор ун Чиле Водач
2008
1. Етапа 1 Еускал Бициклета
6. Краен пласман Вуелта а ла Риоха
9. Краен пласман Вуелта а Бургос
12. Краен пласман Вуелта а Еспања
2009
1. Етапа 4 Ла Вуелта а Чихуахуа
2. Јапонски куп
2. Џиро дел Пиемонт
2. Краен пласман Трка околу Полска
6. Класика де Ордизија
7. Субида ал Наранко
10. ГП Мигел Индуран
11. Краен пласман Вуелта а Еспања
2010
8. Класика де Алмерија
10. Брабант Пајл
2011
1. Џиро дел Пиемонт
1. Етапа 4 Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 4
2. Класика де Ордизија
8. Флеш Валон
9. Трофео Деја
2012
1. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Бодовен пласман
1. ГП Мигел Индураин
Критериум ду Дофине
1. Етапа 2
1. Етапа 7
1. Етапа 4 Вуелта а Андалусија
5. Краен пласман Вуелта а Еспања
2013
1. Флеш Валон
3. Краен пласман Критериум ду Дофине
3. Милано-Торино
4. Гран Премио Индустрија е Комерчо ди Прато
6. Џиро ди Ломбардија
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 4
1. Етапа 9
2014
2. Краен пласман Вуелта а Бургос
3. Милано-Торино
8. Краен пласман Тирено-Адријатико
9. Амстел Голд Рејс
9. Флеш Валон
9. Лиеж-Бастон-Лиеж
10. Краен пласман Трка околу Оман
2015
1. Етапа 5 Вуелта а Бургос
2. Џиро ди Ломбардија
4. Класика де Сан Себастијан
5. Флеш Валон
6. Краен пласман Тур де Сан Луис
9. Краен пласман Вуелта а Еспања
9. Милано-Торино
10. Лиеж-Бастон-Лиеж
2016
3.   Европско друмско првенство
3. Краен пласман Вуелта а Астурија
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 3
4. Милано-Торино
8. Краен пласман Вуелта а Еспања
2017
4. Национално друмско првенство
7. Краен пласман Вуелта а Бургос
  Награда за борбеност на етапа 17 на Вуелта а Еспања

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
  Џиро 26 29 20 41
  Тур 21 17 31
  Вуелта 36 12 12 11 9 5 10 11 9 8 18 38

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Daniel Moreno to EF Education First-Drapac“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 11 ноември 2017. Посетено на 2 јануари 2018.
  2. Морено победи во Монхуик - Cyclingnews.com, 22 октомври 2007
  3. Daniel Moreno firmará con Agritubel para 2008 - Diario Vasco - 07.09.2007[мртва врска]
  4. Кејс д’Епарњ: Профил на екипата - Cyclingnews.com, 2010
  5. Морено ќе вози за Омега Парма-Лото во 2010 - Cyclingnews.com, 20 октомври 2009
  6. Катјуша потпиша со Даниел Морено, Алберто Лосада и Леиф Хосте - Velonation.com, 23 септември 2010
  7. Питер Косинс (23 август 2011). „Морено дојде до етапна победа на Сиера Невада“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 13 декември 2012.
  8. „97. Џиро дел Пиемонт - Гран Пиемонт“. Daily Peloton. 2002-2011 by Daily Peloton. 13 октомври 2011. Архивирано од изворникот на 2011-12-22. Посетено на 18 декември 2012.
  9. Морено го освоил ГП Индураин - Eurosport.yahoo.com, 31 март 2012
  10. „Морено се одморил за етапна победа на Дофине, планира одмор - Velonews.com, 6 јуни 2012“. Архивирано од изворникот на 2012-06-08. Посетено на 2012-06-23.
  11. Химас, Питер (5 август 2012). „Морено победил на Вуелта а Бургос 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 6 август 2012.
  12. „Вуелта а Еспања 2012: Резултати од етапата 21“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. 9 септември 2012. Архивирано од изворникот на 2013-02-18. Посетено на 18 декември 2012.
  13. „Морено победоносен на Мур де Хуј“. Cyclingnews. Future plc. 17 април 2013. Архивирано од изворникот на 2013-04-20. Посетено на 17 април 2013.
  14. „Дани Морено се приклучува на Мовиста за 2016“. Cyclingnews.com. 19 октомври 2015. Посетено на 19 октомври 2015.

Надворешни врски

уреди