Планински пласман на Вуелта а Еспања


Планински пласман на Вуелта а Еспања — второстепен пласман на велосипедската трка Вуелта а Еспања. На овој пласман, бодови се доделуваат на велосипедистите кои први ќе поминат преку планинските врвови. Пласманот бил основан во 1935 година, кога бил освоен од Италијанецот Едоардо Молинар и до 2005 година, предводникот во планинскиот пласман ја носел зелената маичка. Во 2006 година, станала портокалова, а во 2010 година станала бела со сини точки.

Планински пласман на Вуелта а Еспања
Сина точкеста маичка
Детали за наградата
СпортДрумски велосипедизам
НатпреварувањеВуелта а Еспања
Доделена занајдобар искачувач
Историја
Прва награда1935
Изданија73 (до 2018)
Прв победник Едоардо Молинар (ИТА)
Најмногу победи Хосе Луис Лагија (ШПА) (5 победи)
Најнов победник Томас де Гент (БЕЛ)

Шпанецот Хосе Луис Лагија го освоил овој пласман рекордни пет пати, вклучувајќи три последователни победи. Други велосипедисти кои го освоиле овој пласман три последователни пати се Антонио Суарез, Антонио Кармани, Хулио Хименес, Хосе Марија Хименес, сите Шпанци. Севкупно, Шпанците го имаат освоено овој пласман 47 од 68 пати.

Во 2010 година, Давид Монкутје размислувал за повлекување, но останал и настапил на трката, освојувајќи го неговиот трет последователен планински пласман.[1] Во 2011 година, станал првиот возач кој го освојувал овој пласман четири последователни години.

Маичка

уреди

Од 2010 година, предводникот на планинскиот пласман ја носи белата маичка со сини точки.[2] Планинската маичка е трета во поредокот на маички, зад маичката на генералниот пласман и бодовниот пласман, но пред онаа на комбинираниот пласман; ова значи дека ако велосипедистите водат во генералниот и планинскиот пласман, велосипедистот ја носи маичката за генералниот пласман, а планинската маичка преоѓа на вториот велосипедист во пласманот.

Правила

уреди

Организаторите на Вуелта означуваат за кои искачувања ќе се доделуваат бодови и во која категорија ќе бидат. Од 2010 година постојат 5 категории: најмногу бодови носи врвот Алберто Фернандес, највисоката точка на Вуелта.[2]

Бодовна распределба
Вид 1 2 3 4 5 6
Врв Алберто Фернандес 20 15 10 6 4 2
Завршница на високо искачување 15 10 6 4 2
Прва категорија 10 6 4 2 1
Втора категорија 5 3 1
Трета категорија 3 2 1

Ако двајца или повеќе велосипедисти имаат ист број на бодови, велосипедистот кој бил прв на врвот „Алберто Фернандес“ ќе има повисок пласман. Ако ова не го реши проблемот, велосипедистите со најмногу победи на завршници на високи искачувања ќе добијат повисок пласман. Ако и ова не го реши проблемот, велосипедистите со најмногу победи од прва категорија и во другите, ќе добијат повисок пласман. Дури и ако по третата категорија сè уште е нерешено, ќе се искористи поредокот во генералниот пласман.

Список на победници

уреди
Победници на планинскиот пласман[3]
Година Победник Второпласиран Третопласиран
1935   Едоардо Молинар (ИТА)   Лујџи Барал (ИТА)   Лео Амберг (ШВА)
1936   Салвадор Молина (ШПА)   Хулијан Берендеро (ШПА)   Фермин Труеба (ШПА)
1937 - 1940: немало трка
1941   Фермин Труеба (ШПА)   Хулијан Берендеро (ШПА)   Хосе Хабардо (ШПА)
1942   Хулијан Берендеро (ШПА)   Пјер Брамбила (ИТА)   Исидро Берахано (ШПА)
1943 - 1944: немало трка
1945   Хулијан Берендеро (ШПА)   Жоао Ребело (ПОР)   Педро Фонт (ШПА)
1946   Емилио Родригес (ШПА)   Далмасио Лангарика (ШПА)   Хулијан Берендеро (ШПА)
1947   Емилио Родригес (ШПА)   Мартин Мансисидор (ШПА)   Мануел Коста (ШПА)
1948   Бернардо Руиз (ШПА)   Емилио Родригес (ШПА)   Бернардо Капо (ШПА)
1949: немало трка
1950   Емилио Родригес (ШПА)   Хосе Сера (ШПА)   Хесус Лороњо (ШПА)
1951 - 1954: немало трка
1955   Џузепе Бурати (ИТА)   Антонио Гелаберт (ШПА)   Жилбер Бовен (ФРА)
1956   Нино Дефилипис (ИТА)   Федерико Баамонтес (ШПА)   Антонио Суарез (ШПА)
1957   Федерико Баамонтес (ШПА)   Кармело Моралес (ШПА)   Бенињо Аспуру (ШПА)
1958   Федерико Баамонтес (ШПА)   Хесус Лороњо (ШПА)   Илер Куврер (БЕЛ)
1959   Антонио Суарез (ШПА)   Рихард ван Генехтен (БЕЛ)   Антонио Кармани (ШПА)
1960   Антонио Кармани (ШПА)   Антонио Суарез (ШПА)   Франс де Мулдер (БЕЛ)
1961   Антонио Кармани (ШПА)   Хулио Хименес (ШПА)   Хосе Перес (ШПА)
1962   Антонио Кармани (ШПА)   Хосе Сегу (ШПА)   Хулио Хименес (ШПА)
1963   Хулио Хименес (ШПА)   Антонио Кармани (ШПА)   Гуј Ињолен (ФРА)
1964   Хулио Хименес (ШПА)   Хосе Перес (ШПА)   Вентура Дијаз (ШПА)
1965   Хулио Хименес (ШПА)   Антонио Гомес дел Морал (ШПА)   Естебан Мартин (ШПА)
1966   Грегорио Сан Мигел (ШПА)   Доминго Перурена (ШПА)   Маријано Дијаз (ШПА)
1967   Маријано Дијаз (ШПА)   Грегорио Сан Мигел (ШПА)   Висенте Лопес-Карил (ШПА)
1968   Франсиско Габика (ШПА)   Антонио Гомес дел Морал (ШПА)   Хосе Перес (ШПА)
1969   Луис Окања (ШПА)   Роже Пинжон (ФРА)   Жилбер Белон (ФРА)
1970   Агустин Тамамес (ESP)   Вентура Дијаз (ШПА)   Хоаким Галера (ШПА)
1971   Јоп Зутемелк (ХОЛ)   Луис Балаге (ESP)   Вилфрид Давид (БЕЛ)
1972   Хосе Мануел Фуенте (ШПА)   Андрес Олива (ШПА)   Мигел Марија Ласа (ШПА)
1973   Хосе-Луис Абилеира (ШПА)   Еди Меркс (БЕЛ)   Луис Балаге (ШПА)
1974   Хосе-Луис Абилеира (ШПА)   Хосе Мануел Фуенте (ШПА)   Луис Окања (ШПА)
1975   Андрес Олива (ШПА)   Педро Торес (ШПА)   Луис Окања (ШПА)
1976   Андрес Олива (ШПА)   Лудо Лос (БЕЛ)   Жоаким Агостињо (ПОР)
1977   Педро Торес (ШПА)   Андрес Олива (ШПА)   Лудо Лос (БЕЛ)
1978   Андрес Олива (ШПА)   Енрике Сима (ШПА)   Бернар Ино (ФРА)
1979   Фелипе Јањез (ШПА)   Висенте Белда (ESP)   Јоп Зутемелк (ХОЛ)
1980   Хуан Фернандес (ШПА)   Анастасио Гресијано (ШПА)   Хосе Луис Лагија (ШПА)
1981   Хосе Луис Лагија (ШПА)   Висенте Белда (ШПА)   Хосе-Луис Серон (ШПА)
1982   Хосе Луис Лагија (ШПА)   Хуан Фернандес (ШПА)   Хосе Ресио (ШПА)
1983   Хосе Луис Лагија (ШПА)   Фјоренцо Аливерти (ИТА)   Марино Лехарета (ШПА)
1984   Фелипе Јањез (ШПА)   Хосе Луис Лагија (ШПА)   Ерик Кариту (ФРА)
1985   Хосе Луис Лагија (ШПА)   Роберт Милар (ВБР)   Франсиско Родригес (ШПА)
1986   Хосе Луис Лагија (ШПА)   Алваро Пино (ШПА)   Едуардо Чозас (ШПА)
1987   Луис Ерера (КОЛ)   Висенте Белда (ШПА)   Анри Абадје (ФРА)
1988   Алваро Пино (ШПА)   Анселмо Фуерте (ШПА)   Шон Кели (ИРС)
1989   Оскар Варгас (КОЛ)   Педро Делгадо (ШПА)   Иван Иванов (СССР)
1990   Хосе Мартин Фарфан (КОЛ)   Алваро Мехија (КОЛ)   Пабло Вилчес (КОЛ)
1991   Луис Ерера (КОЛ)   Марино Лехарета (ШПА)   Фабио Пара (КОЛ)
1992   Карлос Ернандес (ШПА)   Тони Ромингер (ШВА)   Хулио-Сесар Кадена (КОЛ)
1993   Тони Ромингер (ШВА)   Алекс Циле (ШВА)   Антонио-Мигел Дијаз (ШПА)
1994   Лук Леблан (ФРА)   Микеле Кополило (ИТА)   Тони Ромингер (ШВА)
1995   Лорен Жалабер (ФРА)   Роберто Писторе (ИТА)   Алекс Циле (ШВА)
1996   Тони Ромингер (ШВА)   Лорен Жалабер (ФРА)   Дмитри Конисјев (РУС)
1997   Хосе Марија Хименес (ШПА)   Алекс Циле (ШВА)   Лорен Жалабер (ФРА)
1998   Хосе Марија Хименес (ШПА)   Лорен Жалабер (ФРА)   Фернандо Ескартин (ШПА)
1999   Хосе Марија Хименес (ШПА)   Франк Ванденбрук (БЕЛ)   Роберто Ерас (ШПА)
2000   Карлос Састре (ШПА)   Роберто Ерас (ШПА)   Роберто Лаисека (ШПА)
2001   Хосе Марија Хименес (ШПА)   Клаус Михаел Мелер (ДАН)   Хуан Мигел Меркадо (ШПА)
2002   Аитор Оса (ШПА)   Роберто Ерас (ШПА)   Хуан Антонио Флеча (ШПА)
2003   Феликс Карденас (КОЛ)   Аитор Оса (ШПА)   Хоан Орач (ШПА)
2004   Феликс Карденас (КОЛ)   Роберто Ерас (ШПА)   Сантјаго Перес (ШПА)
2005   Хоаким Родригес (ШПА)   Еладио Хименес (ШПА)   Роберто Ерас (ШПА)
2006   Егои Мартинес (ШПА)   Пјетро Кауколи (ИТА)   Алехандро Валверде (ШПА)
2007   Денис Мењшов (РУС)   Јурген ван Голен (БЕЛ)   Карлос Састре (ШПА)
2008   Давид Монкутје (ФРА)   Кристоф Керн (ФРА)   Алберто Контадор (ШПА)
2009   Давид Монкутје (ФРА)   Давид де ла Фуенте (ШПА)   Хулијан Санчес (ШПА)
2010   Давид Монкутје (ФРА)   Серафин Мартинес (ШПА)   Езекиел Москера (ШПА)
2011   Давид Монкутје (ФРА)   Матео Монтагути (ИТА)   Хуан Хосе Кобо (ШПА)
2012   Сајмон Кларк (АВС)   Давид де ла Фуенте (ШПА)   Хоаким Родригес (ШПА)
2013   Никола Еде (ФРА)   Крис Хорнер (САД)   Даниеле Рато (ИТА)
2014   Луис Леон Санчес (ШПА)   Алберто Контадор (ШПА)   Алехандро Валверде (ШПА)
2015   Омар Фраиле (ШПА)   Рубен Плаза (ШПА)   Френк Шлек (ЛУК)
2016   Омар Фраиле (ШПА)   Кени Елисонд (ФРА)   Роберт Гесинк (ХОЛ)
2017   Давиде Вилела (ИТА)   Мигел Анхел Лопес (КОЛ)   Крис Фрум (ВБР)
2018   Томас де Гент (БЕЛ)   Бауке Молема (ХОЛ)   Луис Анхел Мате (ШПА)

Наводи

уреди
  1. Кренер, Хедвиг (15 јануари 2010). „Монкутје се подготвува за историски предизвик“. Cyclingnews.com. Future Publishing Limited.
  2. 2,0 2,1 „Specific Regulations 65 Edition Vuelta Spain“ (PDF) (PDF). Unipublic. 2010.
  3. „Историски резултати - Вуелта а Еспања“. Cycling hall of fame. Архивирано од изворникот на 2002-08-29. Посетено на 2014-08-30.