Паоло Тиралонго
Паоло Тиралонго (италијански: Paolo Tiralongo; р. 8 јули 1977 во Авола) — поранешен италијански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2000-2017 година.[1]
Тиралонго на Тур де Романди 2011 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Паоло Тиралонго | ||
Роден | 8 јули 1977 Авола, Италија | ||
Висина | 1,68 м | ||
Маса | 56 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Професионални клубови | |||
2000–2002 2003–2005 2006–2009 2010–2017 | Фаса Бортоло Керамиче Панарија-Фјордо Лампре-Фондитал Астана | ||
Значајни победи | |||
|
Кариера
уредиВо 2009 година, додека возел за Лампре-НГЦ, Тиралонго го забележал најдобриот пласман на Гранд Тур, завршувајќи на Вуелта а Еспања на осмото место откако постојано возел добро на планинските етапи. Доцнел нешто помалку од девет минути во однос на победникот, Шпанецот Алехандро Валверде од Кес д’Епарњ.[2] Се придружил на Астана за сезоната 2010 со двегодишен договор.[3] Во 2011, Тиралонго победил на етапата 19 на Џиро д’Италија, завршница на врв. Нападнал во последните километри и јасно се одвоил од водечката група, но бил придружен од Алберто Контадор (Саксо Банк-СанГард) во последните неколку метри. Прв дошол до целта, со што ја освоил првата победа по повеќе од десет години.[4]
Во 2012 година, ја освоил седмата етапа на Џиро д’Италија, која завршувала на врвот на Рока ди Камбио. На 500 метри пред крајот, возачот на Астана нападнал по воведниот напад од Микеле Скарпони од Лампре-ИСД и го поминал Скарпони во последните 100 метри, остварувајќи ја својата втора победа во кариерата на етапа на Џиро д’Италија.[5]
На 24 април 2015 година, Тиралонго ја освоил првата победа во сезоната на последната етапа на Џиро дел Трентино. Го поминал последното искачување со мала водечка група и го освоил спринтот по спустот.[6] На 17 мај ја освоил деветтата етапа на Џиро д’Италија.
Достигнувања
уреди- 1999
- 1. Краен пласман Триптик Ардени
- 2001
- 2. Трофео дело Скалаторе 3
- 3. Краен пласман Трка околу Австрија
- 6. ГП Коста дели Етруки
- 8. Џиро Провинција ди Сиракуза
- 9. ГП Индустрија - Ларчано
- 10. Трофео дело Скалаторе 2
- 2002
- 2. Краен пласман Средоземна трка
- 6. Краен пласман Трка Бриксија
- 8. Копа Агостони
- 10. Трофео Панталика
- 2003
- 8. Краен пласман Сетимана Копи е Бартали
- 10. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 2004
- 1. Планински пласман Тур Даун Андер
- 2. Трофео Мелинда
- 2. ГП Сита ди Реио Саличето
- 2. Краен пласман Трка Бриксија
- 5. Џиро Медио Брента
- 7. Тре Вали Варезине
- 7. Џиро дела Ромања
- 8. Џиро дел Венето
- 2005
- 3. Милано-Торино
- 3. Трофео Лагвелија
- 6. ГП Фред Менгони
- 6. Краен пласман Сетимана Копи е Бартали
- 8. Џиро д’Оро
- 2008
- 6. Класика Примавера
- 2009
- 8. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 10. Џиро дел’Емилија
- 2011
- 1. Етапа 19 Џиро д’Италија
- 2012
- 1. Етапа 7 Џиро д’Италија
- 2013
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- 2015
- 1. Етапа 4 Џиро дел Трентино
- 1. Етапа 9 Џиро д’Италија
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | СО | — | 32 | 15 | 26 | — | 37 | СО | 18 | 23 | 99 | 45 | 19 | — | 83 |
Тур | — | — | — | — | — | — | 69 | — | 46 | — | 53 | СО | — | — | — | — | 74 | — |
Вуелта | 96 | — | 43 | — | — | — | — | СО | 27 | 8 | — | — | 38 | 51 | 33 | СО | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Giro d'Italia: Tiralongo to retire at season end“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 6 мај 2017. Посетено на 1 јануари 2018.
- ↑ „Вуелта а Еспања 2009 - Етапа 21, Крајни резултати“. Bike World News. Disqus. 20 септември 2009. Архивирано од изворникот на 2011-03-12. Посетено на 11 декември 2012.
- ↑ „Тиралонго потпишува со Астана“. Посетено на 20 октомври 2009.
- ↑ Сајмон Мекмајкл (27 мај 2011). „Џиро д'Италија Етапа 19: Тиралонго од Астана ја освоил првата победа по 12 години како професионалец“. RoadCC. Farrelly Atkinson Ltd. Посетено на 11 декември 2012.
- ↑ Вестемајер, Сузан (12 мај 2012). „Џиро д'Италија: Тиралонго победи на Рока ди Камбио“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 мај 2012.
- ↑ Кирстен Фратини (24 април 2015). „Ричи Порт ја запечати победата на Џиро дел Трентино“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 25 април 2015.
Надворешни врски
уреди„Паоло Тиралонго“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Паоло Тиралонго“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Паоло Тиралонго“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Паоло Тиралонго“. ProCycling.
- Профил на Cycling Base Архивирано на 10 ноември 2013 г.
- Паоло Тиралонго на Trap-Friis.dk