Хавиер Арамендија

друмски велосипедист

Франсиско Хавиер Арамендија Љоренте (шпански: Francisco Javier Aramendia Llorente; р. 5 декември 1986 во Памплона) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2008-2016 година.

Хавиер Арамендија
Арамендија на Енеко Тур 2008
Лични податоци
Цело имеФрансиско Хавиер Арамендија Љоренте
Роден5 декември 1986(1986-12-05)(38 г.)
Памплона,  Шпанија
Висина1,87 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за бегства
Аматерски клубови
2007 Орбеа-Орека СДА
Професионални клубови
2008–2011
2012–2016
Еускалтел-Еускади
Каха Рурал-Сегурос РГА
Последна промена
27 август 2017

Професионална кариера

уреди

На Вуелта а Еспања 2012, Арамендија се појавувал во голем дел од долгите бегства,[1] освојувајќи ја наградата за борбеност четирипати во текот на трката, рекорд за Вуелта во таа година.[2] Се чинело дека има големи шанси да ја добие титулата најборбен возач на крајот на трката, но го победил Алберто Контадор.[3]

Арамендија бил именуван за најборбен возач на целата трка на Вуелта а Еспања 2013, откако на трипати бил прогласен за најборбен возач на поединечните етапи.

Достигнувања

уреди
2006
1. Етапа 2 Бизкаико Бира
2012
Вуелта а Еспања
  Награда за борбеност на етапите 2, 7, 8 и 10
2013
Вуелта а Еспања
  Награда за борбеноста на етапите 7, 9, 17 и на цела трка
2014
Вуелта а Еспања
  Награда за борбеност на етапите 2, 8 и 15

Наводи

уреди
  1. Кајл Мур (28 август 2012). „Вуелта а Еспања: Четири победи за Дегенколб по етапата 10“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 14 септември 2012.
  2. „Арамендија повторно - Етапа 10 Вуелта а Еспања“. Cycling Components. Blogger. 28 август 2012. Архивирано од изворникот на 2013-10-23. Посетено на 14 септември 2012.
  3. „La Vuelta“. La Vuelta. Mastercom. Посетено на 15 септември 2012.

Надворешни врски

уреди