Томас де Гент
Томас де Гент (холандски: Thomas De Gendt; р. 6 ноември 1986 во Синт Никлас) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Дстни.[3]
Де Гент на Тур де Франс 2017 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Томас де Гент | ||
Роден | 6 ноември 1986 Синт Никлас, Белгија | ||
Висина | 1,77 м[1] | ||
Маса | 69 кг[1] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Лото-Дстни | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за бегства[2] | ||
Аматерски клубови | |||
2006-2008 | Унибет-Даво | ||
Професионални клубови | |||
2009–2010 2011–2013 2014 2015- | Топспорт Вландерен-Меркатор Вакансолел-ДКМ Омега Парма-Квик Степ Лото-Судал | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 17 ноември 2022 |
Претходно возел за Топспорт Вландерен-Меркатор,[4] Вакансолел-ДКМ,[5] и Омега Парма-Квик Степ.
Кариера
уредиДе Гент ја имал неговата најдобра сезона во 2011. Тој победил на првата етапа на Париз-Ница и исто така ја освоил етапата 7 на Тур де Свис. На Тур де Франс, и покрај тоа што имал мала фрактура на клучната коска, Де Гент имал силна завршна недела, завршувајќи шести на етапата 19 до Алп д‘Ез и четврти на хронометарот следниот ден.
Во 2012, Де Гент ја освоил етапата 7 на Париз-Ница, откако се нашол во бегство со Реин Тарамае. На Џиро д’Италија ја освоил кралската етапа на Пасо дело Стелвио, со соло бегство, кој го донел на четвртото место во генералниот пласман.[6] Следниот ден на поединечниот хронометар успеал да дојде до третото место во крајниот пласман, со што го зазел првиот негов подиум на некоја голема трка.[7]
Во октомври 2013, Омега Парма-Квик Степ објавила дека потпишале со Де Гент за сезоната 2014.[8] По една година со нив, Де Гент се преселил во Лото-Белисол во 2015 година со двегодишен договор.[9] На Тур де Франс 2016 ја освоил дванаесеттата етапа, која завршувала на Мон Венту.[10] На Вуелта а Еспања 2017, Де Гент ја освоил деветнаесеттата етапа од бегство, заокружувајќи го неговиот комплет на етапни победи на сите три големи трки.[11]
Во 2018 година, Де Гент ја освоил третата етапа на Волта а Каталуња од бегство, како што вообичаено прави. На долгата низа победи од долги бегства ја додал втората етапа на Тур де Романди.[12]
Во 2019 година ја освоил осмата етапа на Тур де Франс на спектакуларен начин, останувајќи напред (како дел од бегството) скоро на целата етапа на растојание од 200 километри. На последното искачување, кандидатите за жолта маичка Жилијан Алафилип и Тибо Пино се обиделе да го достигнат, но не успеале, со што на крајот победил за само 6 секунди.
Достигнувања
уреди- 2006
- 1. Планински пласман Трка околу Тирингија под 23 години
- 9. Гран при де Варегем
- 2007
- 1. Етапа 3 Трка околу Тирингија
- 2008
- 1. Краен пласман Триптих на планините и замоците
- 1. Етапа 1
- 1. ГП Варегем
- 3. Сиркуит де Валони
- 5. Краен пласман Трка околу Навара
- 1. Етапа 4
- 2009
- 1. Меѓународен велосипедски трофеј Јонг Мар Мудиг
- Трка околу Британија
- 1. Планински пласман
- 1. Бодовен пласман
- 4. ГП Триберг-Шварцвалд
- 10. Краен пласман Тур де Валони
- 1. Етапа 4
- 10. Краен пласман Трка околу Баварија
- 2010
- 1. Бодовен пласман Волта ао Алгарве
- 2. Брабантсе Пејл
- 3. Краен пласан Стер Електротур
- 4. Краен пласман Етоал де Бесеж
- 5. Краен пласман Трка околу Белгија
- 2011
- 1. Етапа 1 Париз-Ница
- 1. Етапа 7 Тур де Свис
- 2. Краен пласман Сиркут де Лорен
- 1. Етапа 3
- 9. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 9. Хроно де Насионс
- 2012
- 1. Етапа 7 Париз-Ница
- 3. Краен пласман Џиро д’Италија
- 1. Етапа 20
- 3. Амстел Курасао
- 2013
- 1. Етапа 7 Волта а Каталуња
- 2015
- 1. Планински пласман Париз-Ница
- 1. Планински пласман Тур де Свис[б 1]
- Тур де Франс
- Награда за борбеност на етапа 13
- 2016
- Тур де Франс
- 1. Етапа 12
- Награда за борбеност на етапите 5 и 12
- Волта а Каталуња
- Награда за борбеност на етапа 4 на Вуелта а Еспања
- 2017
- Вуелта а Еспања
- 1. Планински пласман Тур Даун Андер
- 1. Етапа 1 Критериум ди Дофине
- 4. Национално хронометарско првенство
- Награда за борбеност на етапа 14 на Тур де Франс
- 2018
- Вуелта а Еспања
- 1. Планински пласман
- Награда за борбеност на етапа 12
- Тур де Романди
- 1. Планински пласман Париз-Ница
- 1. Етапа 3 Волта а Каталуња
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2019
- Тур де Франс
- 1. Етапа 8
- Награда за борбеност на етапа 8
- Волта а Каталуња
- 1. Планински пласман Париз-Ница
- 2020
- 4. Национално хронометарско првенство
- 2021
- 1. Етапа 7 Волта а Каталуња
- 2022
- 1. Етапа 8 Џиро д’Италија
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | 3 | — | 65 | — | — | — | — | 51 | 41 | СО | 74 |
Тур | 62 | — | 96 | — | 67 | 40 | 51 | 65 | 60 | 52 | 82 | — |
Вуелта | — | 62 | СО | — | СО | 65 | 57 | 67 | 56 | — | — | 80 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Забелешки
уреди- ↑ Во јуни 2019 година, на Штефан Денифл му биле одземени сите резултати на трки кои ги забележал по Трката околу Баварија 2014, што следело по неговата суспензија од велосипедизмот за допинг во крвта.[13][14] Поради тоа, Де Гент ретроактивно добил едно место повеќе во пласманите.[15]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Thomas De Gendt - Lotto Soudal“. Архивирано од изворникот на 2019-07-13. Посетено на 24 July 2019.
- ↑ „Thomas De Gendt solos to victory at opening stage at Criterium du Dauphine as Tour de France favourites finish safely in the bunch“. telegraph.co.uk. 5 June 2017. Посетено на 10 September 2017.
- ↑ „Lotto Soudal“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
- ↑ „Достигнувања на 25237“. Cycling Archives.
- ↑ „Vacansoleil-DCM Pro Cycling Team (VCD) – NED“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2013-12-12. Посетено на 18 јануари 2013.
- ↑ Фотерингем, Аласдер. „Де Гент однесе спектакуларна соло победа на Џиро“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2012-05-30. Посетено на 26 мај 2012.
- ↑ „Giro d'Italia 2012 stage 21 results“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 27 May 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 10 September 2014.
- ↑ „Томас де Гент потпиша едногодишен договор со Омега Парма-Квик Степ“. Sky Sports. BSkyB. 4 октомври 2013. Посетено на 6 октомври 2013.
- ↑ „Де Генет потпиша двегодишен договор со Лото-Белисол“. Cyclingnews.com. Future plc. 25 септември 2014. Посетено на 25 септември 2014.
- ↑ Вајсло, Лаура (14 јули 2016). „Froome knocked from bike on Mont Ventoux, keeps yellow“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 25 јули 2016.
- ↑ О’Ши, Садб (8 септември 2017). „Vuelta a Espana: De Gendt takes Grand Tour stage triptych“. cyclingnews.com. Посетено на 10 септември 2017.
- ↑ „Tour de Romandie: De Gendt wins in Yverdon-les-Bains“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 26 април 2018. Посетено на 26 април 2018.
- ↑ „Denifl and Preidler handed four-year bans after blood doping confessions“. Cyclingnews.com. Future plc. 27 June 2019. Посетено на 26 June 2022.
- ↑ „Consequences Imposed on License-Holders as Result of Anti-Doping Rule Violations (ADRV) as per the UCI Anti-Doping Rules (ADR)“ (PDF). UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. 30 May 2022. стр. 2. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 June 2022. Посетено на 26 June 2022.
- ↑ „2015 Tour de Suisse - Mountain Classification“. UCI.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. 21 June 2015. Посетено на 26 June 2022.
Надворешни врски
уреди„Томас де Гент“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Томас де Гент“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Томас де Гент“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Томас де Гент“. ProCycling.
- Томас де Гент на Твитер