Давид де ла Фуенте

шпански друмски велосипедист

Давид де ла Фуенте Расилја (шпански: David de la Fuente Rasilla; р. 4 мај 1981 во Реиноса, Кантабрија) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Торку Шекерспор, напуштајќи ја Каха Рурал-Сегурос РГА по сезоната 2012.[1] Де ла Фуенте водел во планинскиот пласман на Тур де Франс 2006 повеќе етапи, добивајќи ја точкестата маичка на етапата 2 и потоа повторно на етапата 11, сè додека Михаел Расмусен не го презел водството во натпреварувањето. Поради неговите бројни напади, Де ла Фуенте бил награден со наградата за борбеност.

Давид де ла Фуенте
Де ла Фуенте на Тур де Франс 2007
Лични податоци
Цело имеДавид де ла Фуенте Расилја
Роден4 мај 1981(1981-05-04)(43 г.)
Реиноса, Шпанија
Висина1,74 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТорку Шекерспор
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2001 Соние Дувал-Мапеи
Професионални клубови
2003
2004–2009
2010
2011
2012
2013–
Вини Калдирола
Соние Дувал-Продир
Астана
Геокс-ТМЦ
Каха Рурал-Сегурос РГА
Торку Шекерспор
Значајни победи
Тур де Франс, Награда за борбеност (2006)
ГП Мигел Индуран (2009)
Последна промена
3 јануари 2015

Достигнувања

уреди
2005
3. Трофео Калвија
2006
56. Краен пласман Тур де Франс
Краен пласман Награда за борбеност
Етапи 2 и 11 награда за борбеност
2007
1. ГП Лодио
1. Планински пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
2008
1. Етапа 2 Трка околу Германија
2009
1. ГП Мигел Индураин
2011
35. Краен пласман Вуелта а Еспања
3. Етапа 14
2012
65. Краен пласман Вуелта а Еспања
4. Етапа 15
2. Планински пласман
2013
1. Етапа 2 Трка околу езерото Кингхај

Наводи

уреди
  1. „Де ла Фуенте оди за Каха Рурал за 2012“. Cyclingnews.com. Посетено на 4 јануари 2012.

Надворешни врски

уреди