Лингва латина (раскази)
Лингва латина – збирка раскази на македонски јазик од битолскиот писател Владимир Костов. Делото било издадено во 2010 година од издавачката куќа Матица македонска.[1]
Автор | Владимир Костов |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | збирка раскази |
Издавач | Матица македонска |
Издадена | 2010 |
Медиум | печатено издание |
Страници | 297 |
ISBN | 978-9989-48-992-1 |
Содржина
уредиКнигата содржи 10 раскази[1]:
- Лингва латина
- Прокураторот
- Луѓе од посебен ков
- Фауст
- Мрша
- Белосветска
- Апокалипса
- Змија
- Тула
- Сенка
Книгата содржи поговор од Раде Силјан.
Осврт
уредиЗа расказите во „Лингва латина“, писателот Раде Силјан во поговорот со наслов „Пред судот на времето“ напишал:
Низ пресек на мноштво пројави од современиот и динамичен живот, но и со рефлексии од подалечното и поблиското историско минато на Битола, во новелите на Костов опфатени се настани кои од филозофска гледна точка, го фиксираат градот како многу значаен центар во македонската географска и етничка карта. Меѓутоа, според богатството на содржините о книжевно-историска смисла, градот ги проширува границите на регијата, како и рамките на регионалната и национална историја. Со својата богата литературна зафатнина авторот го зголемува и го проширува видното поле на одредени историски, социјални и општествени настани.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Костов, Владимир (2010). Лингва латина. Скопје: Матица македонска. стр. 297. ISBN 978-9989-48-992-1.