Матица македонска

Матица Македонска, позната и како Клуб Матица — македонска издавачка куќа, со седиште во Скопје.

Логото на Матица Македонска

Историја

уреди

Ова книгоиздавателство е основано во почетокот на 90-тите години на XX век од страна на поетот Раде Силјан, кој потоа бил и негов директор. Со текот на времето, „Матица македонска“ прераснала во една од најголемите издавачки куќи во Македонија. Во склоп на издаваштвото, функционира и продавница, која се наоѓа на бул. Климент Охридски во Скопје, но книгите од оваа издавачка куќа се застапени во голем број други книжарници низ земјата.

 
Специјално дизајнираното лого по повод 20-годишниот јубилеј на издаваштвото

Издавачка дејност

уреди

Каталогот на „Матица македонска“ содржи поголем број наслови, како:

Други активности

уреди

„Матица Македонска“ организира многубројни манифестации поврзани со литературата, од кои најпознати се двата нивни фестивали на книгата, односно Саемот на книги, кој се одржува редовно во последните николку години во текот на февруари, како и летниот фестивал, наречен Со книга на плажа, кој, исто така, е од традиционален карактер. Овие два фестивали се многу попуарни меѓу целото македонското население, бидејќи има големо намаление на речиси целиот асортиман во книжарницата, а истовремено се случуваат и промоции на нови наслови како од македонски автори, така и преводи на познати странски дела.[8]

Наводи

уреди
  1. Рената Тренеска, Сепа. Скопје: Матица македонска, 1996.
  2. Меша Селимовиќ, Дервишот и смртта. Скопје: АЕА издавачи, Матица македонска, 2000.
  3. Виктор Иго, Клетници. Скопје: Матица македонска, 2003.
  4. Роберт Алаѓозовски, „Кога розовото ќе зацрвени до мрак“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 101-103.
  5. Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015.
  6. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016.
  7. Ана Бунтеска, Да му се насмееш на животот. Скопје: Матица Македонска, 2017.
  8. Матица Македонска

Надворешни врски

уреди

Официјално мрежно место