Патар (раскази)
Патар – збирка раскази на македонски јазик од битолскиот писател Владимир Костов. Делото било издадено во 2020 година од издавачката куќа Матица македонска, а финансиски помогнато од Министерството за култура.[1]
Автор | Владимир Костов |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | збирка раскази |
Издавач | Матица македонска |
Издадена | 2020 |
Медиум | печатено издание |
Страници | 190 |
ISBN | 608-10-0777-4 |
Содржина
уредиКнигата содржи 15 раскази[1]:
- Крин
- Патар
- Пусулче
- Фауст
- Еврејчето Шами
- Холокауст
- Огледалце
- Десетте божји заповеди и една антрополошка
- Бунарџија
- Умирање на Бог
- Жив труп
- Таа поза не ти личи
- Џизлија
- Интервју
- Последниот збор
Книгата содржи осврт од Раде Силјан.
Осврт
уредиЗа расказите во „Патар“, писателот Раде Силјан напишал:
Расказите на Владимир Костов го отсликуваат времето во кое ги боледуваме социјалните и моралните вредности во нашето општество. Во нив дефилираат трагични судбини што се во судир со сопствената малограѓанска средина. Преокупирани од потребата за евтина слава и кариеризам, тие наконтени развратници го претставуваат грдото лице на новото време. Тоа се кариеристи и заблуденици по евтина слава, но и по големо материјално богатство.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Костов, Владимир (2020). Патар. Скопје: Матица македонска. стр. 190. ISBN 608-10-0777-4.