Награда „4 Ноември“

Наградата „4 ноември“ која ја доделува Општина Битола по повод Денот на ослободувањето на градот Битола е највисоко општинско признание кое се доделува од 1958 година, а од 2002 година е воведена и награда за животно дело. Се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на општината, Република Македонија и светот. Наградата за едногодишно остварување се доделува на правни и физички лица, додека пак, наградата за животно дело се доделува само на едно физичко лице.

Добитници на наградата за животно дело

уреди

Добитници на наградата за едногодишно остварување

уреди

Наградата не е доделена.[10]

  • Димитар Митревски и Благојче Тодоровски – меѓународен судиски пар
  • Лидија Тфирст Митревска, директор на ЈОУДГ Естреја Овадија Мара
  • Македонското научно друштво – Битола
  • доцент д-р Владимир Рендевски – специјалист неврохирург
  • Панде Димитровски, автор на проектот „Незаборав“
  • Васко Михалчев, пилот во Дирекцијата за заштита и спасување, кој е предложен заради значаен придонес со своето учество во гаснење на повеќе од 90 настанати пожари, од кои само во еден месец имало повеќе од 45 пожари.
  • Ѓорѓи Лазаревски, педагог, заради остварувањата и неговата активност во полето на литературата во изминатата година, посебно за неговите издадени две книги „Педагошко-психолошката служба во Битола и Битолско (1973-2018)“ и „Шепотот на пелагониските села“.
  • д-р Јасмина Буневска Талевска, заради нејзините достигнувања и признанија добиени на европско ниво, а како резултат на вложениот труд, работа и ентузијазам на полето на подигнувањето на сообраќајната безбедност, култура и подвижност.
  • Печатницата „Киро Дандаро“, го добива признанието како успешна компанија која не само во Битола туку и на европско тло опстојува како бренд повеќе од 70 години.
  • м-р Марија Младеновска-Димитровска, психолог, заради нејзините достигнувања во областа на психологијата и успешното претставување на Општина Битола и Македонија на 16. Европски конгрес за психологија каде го изложи својот истражувачки труд на Московскиот државен универзитет Ломоносов.
  • Марија Росенгрен, хуманист, заради остварувања од областа на хуманоста. Има направено повеќе хуманитарни дела, донации во училиштето Ѓорѓи Сугарев, во Заводот „Кочо Рацин“, во битолската болница и други.
  • Градинката „Мајски цвет“ ќе го добие признанието заради достигнување во областа на социјалната заштита, организирање повеќе обуки, работилници, како и ментор на студентите од прва година на Педагошкиот факултет во Битола.

2018 година[15]

уреди
  • доцент д-р Александар Литовски - за достигнувања во областа на литературата
  • Јован Василев - за неговите достигнувања во спортот како претседател на женскиот ракометен клуб Пелистер
  • проф. д-р Иван Додовски - за неговите достигнувања во областа на науката и културата

2017 година[6]

уреди
  • д-р Васо Радивоевиќ - за достигнувања од областа на здравствената заштита
  • Драган Најденовски - самостоен ликовен уметник, за неговата огромна ангажираност на полето на ликовниот живот во Битола
  • Менка Николовска - за остварувања од областа на хуманоста и филантропијата

Претходни години

уреди

Доделени се повеќе од 300 награди меѓу кои и на:

  • Организација на жени на Општина Битола
  • СОУ „Јосип Броз-Тито“ - Битола, 1975
  • Ансамбл за фолклор „Гоце Делчев“
  • НУУБ „Св. Климент Охридски“
  • ХО „Самарјанин“
  • Фабрика „Цермат“
  • Огнен Дранговски
  • Болница „Плодност“
  • д-р Вангел Тодоров
  • д-р Зоран Пејковски

Наводи

уреди
  1. http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/358312/
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-10-18.
  3. http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=feljton&action=details&record_id=139
  4. http://bitolskivesnik.mk/bitolski-vesnik-dobitnik-na-4-noemvriskata-nagrada/
  5. http://sitel.com.mk/nagradata-zhivotno-delo-na-opshtina-bitola-za-milica-shperovikj-ribarski
  6. 6,0 6,1 „Доделени наградите 4 ноември“. Архивирано од изворникот на 2022-01-03. Посетено на 2017-11-06.
  7. „Виолета Томовска, добитник на наградата за животно дело, по повод 4 ноември“. Bitola News. Посетено на 4 ноември 2018.
  8. „Наградата за животно дело на Битола, годинава, за Благој Стефановски-Баге“. Bitola news. Посетено на 31 октомври 2019.
  9. „АВТОРОТ НА ПЕСНАТА „АКО ОДАМ ВО БИТОЛА" ПЕТАР ГЕОРГИЕВСКИ – КАЛИЦА ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „4 НОЕМВРИ" ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“. СДК. 31 октомври 2020. Посетено на 4 ноември 2020.
  10. 10,0 10,1 „АКТЕРОТ ПЕТАР МИРЧЕВСКИ ЈА ДОБИ ОПШТИНСКАТА НАГРАДА НА БИТОЛА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „4 НОЕМВРИ". СДК. 25 октомври 2021. Посетено на 26 октомври 2021.
  11. 11,0 11,1 „Доделени наградите "4-ти Ноември" на Општина Битола, плакета за животно дело на Петар Ставрев (фотогалерија)“. bitolanews. 5 ноември 2022. Посетено на 7 ноември 2022.
  12. 12,0 12,1 „По повод Денот на ослободувањето на Битола доделени награди на заслужни битолчани“. bitolanews. 5 ноември 2023. Архивирано од изворникот на 2023-11-07. Посетено на 7 ноември 2023.
  13. „Доделени 4-то ноемвриските награди“. ТВ Тера. 4 ноември 2020. Посетено на 4 ноември 2020.[мртва врска]
  14. „Кои се добитниците на наградата „4 ноември". ТВ Тера. 31 октомври 2019. Посетено на 4 ноември 2019.[мртва врска]
  15. Доделени 4-ноемвриските награди во Битола Архивирано на 6 ноември 2018 г. на семережното место на телевизија Тера