Список на етимолошки толкувања на државите во светот
список на статии на Викимедија
Ова е список на етмимолошки толкувања на имињата на државите во светот. Списокот вклучува независни држави, како и зависни територии и непризнати држави.
- Овој список е нецелосен. Можете да помогнете со тоа што ќе го дополните.
А
уреди- Името „Авганистан“ во македонскиот е позајмено од латинизираното име Afghanistan, со мало фонетско приспособување кон македонскиот фонетски систем. Во превод името значи „Земја на Авганите“. Наставката -стан е од персискиот јазик што е еквивалентно со македонското -ија, а Авган е синоним за Паштуните. Денешната држава била создадена од Ахмед Шах Абдали во средината на XVIII век и била составена од Авганистан, Пакистан и североисточен Иран. Синонимот „Авган“ е од санскритското племе Асвака што значи „коњаник“. Паштуните ги нарекувале авгани или коњаници, најмногу поради традицијата за одгледување расни коњи. Арапската форма Afġān (افغان) — позајмица од пракритската форма Avagānā (आभगन), кој пак за првпат бил користен во 6 век од Варахамихира. Во македонскиот името е најверојатно навлезено од персискиот преку турскиот или некој од останатите европски јазици.
- Името „Албанија“ потекнува од средновековниот грчки топоним Αλβανία (Albania).[1] Коренот на зборот е alb и често поставена теза е дека потекнува од праиндоевропскиот збор за бело или планина. Албанците за својата земја велат Shqipëria (Шќиприа). Shqipëria и Shqiptarë значат „меѓусебно разбирање“.[2][3] Меѓу Албанците постајат две теории за тоа дека името значи „деца на орелот“ или „земја на орелот“.
- Името на државата Алжир потекнува од името на главниот град Алжир. Ова име се проширило преку францускиот Alger и каталонскиот Aldjère[4] а зборот потекнува од арапскиот збор „الجزائر“ (al-ǧazāʼir) што значи „острови“. Ова име се однесува на четирите острови кои се наоѓаат во близина на градот Алжир. Островите во 1525 година станале дел од копното. Арапскиот збор „جزائر بني مَزغَنّاي„ (al-jazāʼir) — кратко име за фразата jazāʼir banī mazġannāy и значи „островите на (племето) Бани Мазганај“. Името се користело од средновековните арапски картографи.
- Птеклото на името Андора не е познато и најверојатно е уште од пред римското време. Според една теорија името потекнува од арапскиот збор al-Darra (الدرا) што значи „шума“. Кога Маврите ја населиле Шпанија, долините на Пиринеите биле покриени со шуми и така името „Андора“ може да се сретне како име за некои села во Шпанија кои биле под маврска контрола. Според друга теорија, името потекнува од шпанскиот збор andar и значи „чекори“/ „оди“ и овој збор бил основа за името на номадското племе Андориси кои мигрирале во Андора и околината. Според трета теорија, името потекнува од наварскиот збор andurrial што значи „земја покриена со грмушки“. Според една легенда, името потекнува од стариот збор „endor“, кој го користел Лиу ле Дебонер, зборот бил користен по победата на Маврите и значело „диви долини на пеколот“.
- Името на државата Ангола потекнува од титулата „нгола“, која се давала на монархот на Кралството Ндонго. Кога Португалците ја колонизирале територијата тие биле во сојузнуштво со Кралството и во нивна чест ја именувале државата по титулата т.е. Ангола.
- Името на Антигва и Барбуда е поврзано со доаѓањето на Кристофер Колумбо во овој дел од светот. Така, Колумбо го именувал островот Антигва во 1493 по катедралата Санта Марија ла Антигва или Света Стара Марија, која пак се наоѓала во Севиља во Шпанија. Барбуда пак потекнува од шпанскиот јазик и значи „забраден“. Ова име според првата теорија се однесува на корените на смоквите кои можат да се најдат на островот или пак се однесува на брадите кои месното население ги носеле.
- Името „Аргентина“ потекнува од латинскиот збор argentum и значи „сребро“. За време на шпанската колонизација на Америка во 16 век, шпанските освојувачи го дале името Рио де ла Плата на една од најзначајните реки во Аргентина. Рио де ла Плата значи „Сребрена Река“ и тие верувале дека реката ќе ги одведе до Сиера де ла Плата или „Сребрената Планина“. Така, регионот околу реката, а подоцна и поширокиот регион започнал да се именува по среброто, но со латинската варијанта и се добило името Tierra Argentina во превод „Сребрена Земја“. Ова име се скратило во 17 век и се добило името Аргентина.
Б
уреди- Името на државата Бангладеш е составено од зборовите Bangla (бенгалски: বাংলা), што е име за Бенгал, и зборот desh (бенгалски: দেশ) што значи земја. Протолкувано, името значи „Бенгалска земја“. Името Бангла потекнува од името на старото Кралство Ванга, кое се наоѓало на територијата на денешен Бенгал. За време на периодот од 1955 до 1971 година Бангладеш бил познат како Источен Пакистан, а пред тоа како Источен Бенгал. Двете се именувани со „Источен“ поради фактот што тогаш биле дел од пакистанскиот регион.
- Името на „Бахамите“ потекнува од шпанските зборови Baja Mar што значи „плитко море“ или „ниска плима“. Името најверојатно било дадено од шпанските освојувачи, а според друга теорија името потекнува од староседелското име за вториот најголем остров во држава ba-ha-ma. Староседелскиот збор значи „голема високосредна земја“.
- Името Бахреин е арапски збор што значи „две мориња“. Денес има несогласувања за тоа што точно означува фразата „две мориња“. Бидејќи Бахреин се наоѓа во Персискиот Залив, некои ја поврзуваат фразата со водите на заливот кои се наоѓаат на двете страни од островот. Според друга теорија, првото море е Персискиот Залив, а другото море е метафора за големото количество свежна подземна вода во државата.
- Името на Барбадос потекнува од португалскиот истражувач Педро А. Кампос „Забрадениот“ (Pedro A. Campos "Os Barbados") и било дадено во 1536 година. Името било инспирирано од корените не смоквите кои наликувале на брада.
- Името на Белорусија (Беларус) потекнува од белоруските збороти бела и Рус или Бела Рутенија. Во македонскиот името е навлезено од рускиот и значи Бела Русија, но со белорускиот матичен назив се мисли на стариот словенски народ Рус. Државата го променила името од „Белорусија“ во „Беларус“ по независноста поради историски причини, како и да се разграничи од името Русија, но во македонскиот јазик останал да се користи стариот назив. Денес не е сосема познато зошто се користи зборот бела, но според една теорија во старите култури белата боја била симбол на слобода, чистота и благородништво.
- Името на државата Белгија потекнува од името на старото келтско племе Белги. Името на племето потекнува од праиндоевропските зборови *bolg и значи „торба“ или „матка“. Според друга теорија, името потекнува од пракелтскиот збор *belo, што значи „светло“.
- Според традиционалното толкување, името Белиз потекнува од шпанскиот изговор на зборот „Wallace“, име на пиратот кој ја основал првата европска населба во државата во 1638 година. Според другата теорија, името потекнува од мајанскиот збор belix (белиш) и значи „матна вода“ и се однесува за реката Белиз. Колонијалното име на Белиз било Британски Хондурас (види Британија и Хондурас).
- Името на државата Бенин потекнува од името на Бенинскиот Залив и тоа име било официјално усвоено во 1975 година. Ова име било избрано бидејќи било неутрално и не симболизирало ниту една од над педесетте етнички групи во државата. Името „Бенин“ потекнува од Кралството Бенин, кое се наоѓало во регионот и за главен град бил назначен градот Бенин во денешна Нигерија (денешната држава Бенин не е поврзана со старото кралство). За името се верува дека потекнува од јорупскиот збор Ile-ibinu што значи „земја на расправии“ и се однесува на историските периоди исполнето со немири во кралството. Кога дошле Португалците во регионот го прифатиле тој назив и го нарекле регионот „Бенин“. До усвојувањето на името, државата се вика Дахомеј. Дахомеј потекнува од името на старото Фонско кралство. Сепак кога државата станала независна, властите сметале дека името Дахомеј не е соодветно бидејќи го симболизирал најголемиот народ во државата - Фоните. Името Дахомеј е составено од зборовите „dan“ што значи „змија“, „ho“ што значи „стомак“ и „mê“ што значи „во“ и сето ова се однесува за кралот кој го основал Ахомеј.
- Името на државата Боливија потекнува од Симон Боливар (1783–1830), првиот претседател на Боливија по независноста на државата во 1825. Презмието Боливар потекнува од името на селото Ла Пуебла де Болибар, село во Бискаја, Шпанија. За зборот болибар се верува дека е составено до зборовите bolu- („мелница“) + -ibar („река“) или протолкувано „мелница на река“.
- Името на државата потекнува од двата историско-географски региони: Херцеговина (помал регион) и Босна (поголем регион). Името на регионот Босна потекнува од реката Босна. Во римско време реката се викала „Bosona“ и се верува дека името е од илирско потекло. Херцеговина пак го добила името од германската титула Herzog што значи „војвода“. Стјепан Вукчиќ станал војвода на Херцеговина во 1448.
- Името на државата Боцвана потекнува од името на најголемата етничка група, народот Цвана. Во минатото државата се именувала како Бечуанлен, кое потекнува од Бечуана и тоа е алтернативен изговор за Боцвана.
- Името на Бутан е поврзано со Тибеќаните кои се преселиле на територијата на Бутан. Имено, етничките Тибеќани или наречени Ботија мигрирале од Тибет во Бутан во 10 век. Нивното име, Ботија, се засновало на зборот བོད་ бод што е всушност старо име за Тибет. Покрај тоа, постои теорија дека името на државата, Бутан, доаѓа од санскритските зборови भू-उत्थान Bhu-Utthan што значи „планини“или भोट-अन्त Bhoṭa-anta што значи „на крај на Бутан“ и ова се однесува на местоположбата на Бутан во рамките на Тибет. На бутански јазик, државата се вика འབྲུག་ཡུལ་ Druk Yul и значи „земја на молњестиот змеј“, „земја на молњите“ или „земја на змејот“, сите овие се однесуваат на молњите и невремињата на Хималаите.
- Името на Бразил потекнува од името на дрвото Caesalpinia echinata, кое на португалски се вика пау-брасил (pau-brasil). Португалците биле мотивирани да го дадат името Бразил бидејќи дрвото бил одличен извор за црвена боја.
- За името Британија се претпоставува дека потекнува од зборот Претани, што значи „обоени“ и се претпоставува дека се однесува на традицијата на обојување на телото кај овој стар народ. Зборот „Британија“ потекнува од латинскиот Britannia. Исто така се верува дека кованицата „Велика Британија“ („Голема Британија“, во македонскиот традиционално е навлезен старословенскиот збор „велик“) се користела за да се разграничи од „Мала Британија“ или денес Бретања. Пред римско време, островот бил познат како Албион од келтско потекло и значи „бело“
- Денес се верува дека името Брунеј е со малајско потекло („barunah!“) и значи „одлично“ и тоа се однесува на местоположбата на државата. Името било променето во Барунај во 14 век, најверојатно поради влијанието на санскритскиот збор varunai (वरुण) што значи „морепловци“ и на крај се добил зборот „Брунеј“. Исто потекло има и зборот Борнео. Целосното име на Брунеј е „Негара Брунеј Дарусалам“(بروني دارالسلام), каде „Дарусалам“ значи „место на мирот“ на арапски, додека „Негара“ значи држава на малајски.
- Името на државата Бугарија е добиено по турскиот народ Прабугари/ Бугари и се претпоставува дека значи „меша“ или „промеша“ како превод на турскиот збор bulģha[5] Прабугарите се населиле на територијата на Бугарија кога дошле Словените и го основале Првото Бугарско Царство.
- Името Буркина Фасо е кованица од два збора на двата најголеми јазика во државата и во превод значи „земја на исправените луѓе“ или „земја на чесните луѓе“. Зборот „Буркина“ морески, а зборот „Фасо“ е диулски. Д0 1984 година државата се викала Горна Волта. Горна Волта го добила името по реката Волта и нејзините две најголеми притоки во Буркина Фасо. Реката била наречена Волта од Португалците и на португалски значи „свиткува“ или „врти“.
- Името Бурунди (Burundi) потекнува од кирундскиот јазик и значи „земја на кирунди“. На кирундски за држава се става претставка на името на јазикот.
В
уреди- Името Вануату потекнува од зборот „вануа“, што значи „земја“ или „дом“ на неколку австронезиски јазици[6] и зборот „ту“, што значи „стои“.[7] Двата збора протолкувано го означуваат статусот на независност на нацијата[7]. Поранешното име на земјата е Нови Хебриди, кое го ставил капетанот Џејмс Кук во 1774 година во чест на островите Хебриди во Шкотска.
- Целосното име на Ватикан е „Град Ватикан“, на италијански Città del Vaticano и на латински Civitas Vaticana. Ова име било официјално усвоено по обединувањето на Италија, кога Папската Држава ја добила само територијата на денешен Ватикан. Името доаѓа од латинскиот Mons Vaticanus, кое пак потекнува од изразот ager vaticanus. Сите називи се добиени од глаголот vaticinari („проповедува“) и со тоа означуваат дека за време на Римското Царство на таа територија на Ватикан имало голем број кажувачи на иднината и видовити луѓе. Поранешното име на Ватикан бил Папска Држава, според водачот на римотаколичката црква - папата.
- Името Велс во македонскиот јазик е навлезен од англискиот назив Wales. Зборот Wales потекнува од староанглискиот назив Wēalas („земја на странци“), кој пак потекнува од зборот wælisc што значи „странец“. Името на државата на велшки е Cymru и значи „земја на сонародници“. Велшкото име потекнува од старовелшкиот kymry и значи „сонародници“. Ова име било за првпат забележано во околу 633[8] Старовелшкото име потекнува од бретонскиот збор combrogi со исто значење.[9] Името се однесува на перцепцијата дека Велшаните и луѓето од северниот дел на земјата се ист народ и со тоа се истакнувале од останатите народи, па дури и од Корните и Бретоните.[10]
- Името Венецуела потекнува од италијанскиот збор Venezuola и значи „Мала Венеција“. Името било ставено од Америго Веспучи и Алонсо де Охеда кога го посетиле езерото Маракаибо и наколните куќи. Куќите на вода ги потсетиле на Венеција.
- Името Виетнам потекнува од виетнамскиот назив Việt Nam и значи „јужен Јуе“. Ова име за првпат било користено во 16 век во поема од Нгујен Бин Кием[11] и се однесува на оригиналното име на кралството Нањуе од 2 век п.н.е. (Nányuè; Nam Việt)[12] Името започнало да се користи кога кинескиот имератор Џијакинг не му дозволил на виетнамскиот император Гија Лонг да го користи оригиналното име.[13] Нањуе било избрано за име на кралството за да се разликува од Мињуе и Бајуе. Сите овие го користат името „Јуе“ кое пак било име на претходната држава Јуе. Името на старата држава Јуе потекнува од името на едно племе кое живеело на територијата во 1200 г.п.н.е. Со тек на време, Јуе почнало да се изговара како Виет. Поранешното име на државата било Анам и значи „мирно“ или „мирен југ“ и потекнува од виетнамските зборови An Nam, кое пак потекнува од кинеското Ānnán. Ова име првично се користело за име на кинеската покраина Анам, но подоцна името го презеле Французите кои го колонизирале Виетнам и го наметнале името Анам. Името било укинато со независноста на државата.
Д
уреди- Името на Данска потекнува од данската верзија Danmark и значи „пограничен регион на Данците“, доминантна етничка група во регионот. Денес не е познато потеклото на името Данци, но има една теорија која вели дека тоа потекнува од праиндоевропскиот збор dhen што значи „ниско“ или „рамно“ и се однесува на рамниците на Данска.
- Името Доминика потекнува од латинскиот назив „Dies Dominica“ и значи „недела“. Името го дал Кристофер Колумбо кога пристигнал на островот, а пристигнал на островот во недела.
- Името на Доминиканската Република потекнува од името на главниот град Санто Доминго. Градот го носи името на шпанскиот свете Доминго де Гусман, основан на Доминиканскиот ред.
З
уреди- Името „Замбија“ потекнува од името на реката Замбези, која тече низ источниот дел од земјата. Името во македонскиот е навлезено од англискиот јазик. Во минатото, за време на колонизацијата, државата се викала Северна Родезија, северна се користело за да се оддели од Јужна Родезија (Зимбабве), а Родезија е во чест на Сесил Роудс, јужноафрикански министер кој помогнал за да се основа колонијата.
- Името на Република Зелен ’Рт потекнува од ’ртотот Зелен ’Рт кој се наоѓа во Сенегал и истиот е најзападната точка во Африка. На македонски името на оваа држава е Зелен ’Рт, но често се изведуваат и придавките Зелено’ртска Република и Зелено’ртски Острови. На португалски името на државата е Cabo Verde.
- Името „Зимбабве“ е алтернативен изговор на шонската фраза Dzimba-dze-mabwe што значи „куќи од камења“. Овој назив се однесува на старите камени зданија кои се граделе за време на империјата Големо Зимбабве. Македонскиот изговор е од англискиот или францускиот јазик. За време на колонизацијата државата се викала „Јужна Родезија“, каде „јужна“ се користело за да се оддели од Северна Родезија (Замбија), а „Родезија“ е е во чест на Сесил Роудс, јужноафрикански министер кој помогнал за да се основа колонијата.
Ј
уреди- Денес не е познато потеклото на името Јемен. Сепак, популарно протолкување на името е дека името потекнува од арапскиот збор ymn (يمن) и значи „југ“, но оваа не е потврдена теза.
- Името „Југославија“ е кованица од два збора: југ и славија што протолкувано значи „земја на Јужните Словени“.
М
уреди- Името „Мадагаскар“ потекнува од името Мадагејскар (Madageiscar), кој бил погрешен изговор на името Могадишу и истото било популаризирано од Марко Поло. Малгашите својата земја ја именуваат како Madagasikara, а самите себеси како Малагаси[14]. Така, името Мадагаскар не е од локално потекло, туку името било популарно во Средновековна Европа[15]. Марко Поло ги замешал островот со градот. Така името било широко прифатено во Европа, па дури и на картите. Денес не е зачуван доказ за името на островот пред доаѓањето на Европејците.
Мали:
- Името „Мали“ денешната држава го презела од поранешното западноафриканско кралство со истото име. Името „Мали“ значи 'нилски коњ' на јазиците мандинка и бамбара.
- Името на островите е дадено во чест на британскиот капетан Џон Маршал. Тој за првпат ги документирал островите во 1788 година. На маршалски јазик државата се пишува M̧ajeļ и во македонскиот е влезен преку англискиот јазик.
- Името на државата е преземено од името на регионот Микронезија, кое пак бил така именуван кога бил откриен од Европејците. Името „Микронезија“ е составено од грчките зборови mikros (μικρός; „мало“) и nesos (νῆσος; „остров“) – „мали острови“.
Н
уреди- Името на државата потекнува од името на Намибиската Пустина. Зборот „намиб“ значи „област каде нема ништо“ на намански јазик.
- Името „Науру“ потекнува од наурскиот израз Anáoero и значи „Јас одам на плажа“. Германските доселеници започнале да го нарекуваат островот Nawodo или Onawero.
- Името „Непал“ потекнува од "Nepa", како што е споменато низ историските карти од Јужна Азија. Непа буквално значи „тие што спитомиле добиток“ на тибетско-бурманските јазици. Некои други извори наведуват дека името потекнува од санскритскиот nipalaya, што значи „на подножјето на планините“, и се однесува на близината на Хималаите. Според трети името потекнува од тибетскиот niyampal, што значи „света земја“.
- Името на државата потекнува од реката Нигер. Името на реката потекнува или од локалното име Ni Gir (Река Гир) или од туарешкиот збор n'eghirren („вода што тече“).[16]
- Името на државата потекнува од името на реката Нигер. Види за Нигер погоре.
- Името на државата е кованица на шпанскиот истражувач Хил Гонсалес Давила. Името е составено од името Никарао, водач на староседелската заедница која ги населувала бреговите на езерото Никарагва и зборот „agua“ (вода).
- Името на државата потекнува од името на холандската покраина Зеланд (Zeeland, 'морска земја'). Името се однесува на големиот број острови. Првично Холанѓаните ја нарекле државата „Nova Zeelandia“, потоа како „Nieuw Zeeland“, за да на крај Англичаните ја именуваат како „New Zealand“. Најкористено староседелско име е маорското Aotearoa и значи „земја на долг бел облак“.
- Името на државата потекнува од старонорските зборови norðr и vegr и значи „северен пат“. Norðrvegr се однесува на долгиот крајбрежен пат од западниот дел на Норвешка до најсеверните предели. На норвешки државата е Norge илуи Noreg.
О
уредиОбединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска
- Името на Обединетото Кралство официјално е Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и самото име е описливо. Така тоа означува дека државата е составена од обединети кралства кои се наоѓаат на Велика Британија (види име на Велика Британија погоре) и од Северна Ирска, која се наоѓа на островот Ирска. Претходни имиња на државата биле: Обединето Кралство на Велика Британија, Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска. Во македонскиот, често целосното име се крати со Велика Британија (и со тоа се прави мешање на поимите меѓу оваа држава и островите Велика Британија) или со Обединетото Кралство.
- Името на државата Обединети Арапски Емирати е самото описливо. „Обединети“ се однесува на федералниот систем на управување на државата, „арапски“ се однесува на етно-географското потекло на народот и регионот (види Саудиска Арабија) и „емирати“ се федералните единици каде управува емир. Поранешните имиња на државата биле Примирски Оман и Примирски Држави. Имињата ги добиле кога се ослободиле од британската колонизација и биле отфрлени со воведувањето на денешното име. Имињата потекнуваат од името Оман, а „примирни“ се однесува на примирјето меѓу Обединетото Кралство и локалните шеици.
С
уреди- Името СССР или целосно Сојуз на советски социјалистички републики (руски: Сою́з Сове́тских Социалисти́ческих Респу́блик) било усвоено во декември 1922 година. „Сојуз“ се однесува на федералниот систем на државата, „совет“ се однесува на комунистичкиот начин на владеење, „социјализам“ се однесува на општественото уредување и „република“ на членките на федерацијата. Често името се скратува само на Советски Сојуз.
- Името на САД е само описливо. „Соединети“ се однесува за федералниот систем на функционирање, „американски“ се однесува на положбата на државите и „држави“ се однесува на федералните единици. Името на англиски е United States of America. Првично до усвојувањето на уставот на САД, името се запишувало со мала „с“ односно „соединети Американски Држави“, но со уставот и борот „соединети“ станал дел од официјалното име. Името често се скратува на „САД“ или „Соединетите Држави“.
У
уреди- Името на Уганда на свахили е „Буганда“ и ова име било усвоено за употреба уште за времето на колонијалниот период кога Британците го дале името во 1894. Буганда било кралство на 52 клана на народот Буганда.
- Името Узбекистан е составено од зборовите uz („свое“ на турските јазици), bek („господар“ на согдијски јазик) и -stan (персиски збор за „земја“). Така, името протолкувано значи „дом на слободните“ или „земја на слободните“.
- Името на Украина потекнува од словенските зборови „у“ (во) и „крај“. Протолкувано името значи „во крај“, „периферија“ или „гранични региони“. Името го дале Русите бидејќи од руска перспектива Украина се наоѓа во граничните региони на Русија со Европа.
- Името Уругвај е скратена верзија од целосното официјално име „Источна Република Уругвај“ или на шпански Republica Oriental del Uruguay. Протолкувано, скратеното име значи „земја покрај реката Уругвај“, а источна е дадено поради местоположбата на државата во однос на реката Уругвај (државата се наоѓа источно од реката). Уругвај потекнува од гваранскиот јазик и целосно не е јасно значењето. Сепак, има теорија дека зборот е составен од: urugua („рак“, „школка“) и i („вода“), а според друга теорија: uru (вид на птица во регионот), gua („наследен од“) и i („вода“).
Џ
уреди- Името на Џибути е добиено по најдолната точка на заливот Таџура. Денес се претпоставува дека потекнува од афарскиот збор gabouti и тоа значи еден вид бришалка за пред врата изработена од палмово дрво. Покрај оваа, постои и уште една непотврдена теза која вели дека Џибути значи „земја на Техути“ или „земја на Тот“, по староегипетскиот бог. Колонијалните имиња на Џибути биле Француска територија на Афарите и Исаите (двете најголеми етнички групи) и Француски Сомалиленд (види Сомалија).
Наводи
уреди- ↑ http://www.etymonline.com/index.php?search=albania&searchmode=none
- ↑ Lloshi, Xhevat. „The Albanian Language“ (PDF). United Nations Development Programme. Посетено на 9 November 2010.
- ↑ Kristo Frasheri. History of Albania (A Brief Overview). Tirana, 1964.
- ↑ Origins of Algiers by Louis Leschi, speech delivered June 16, 1941 published in El Djezair Sheets, July 1941 History of Algeria (француски).
- ↑ Late antiquity: a guide to the postclassical world, Harvard University Press 1999, Glen Warren Bowersock, Peter Robert Lamont Brown, Oleg Grabar, ISBN 0674511735, p. 354.
- ↑ Hess, Sabine C. (2009-07). Person and place: ideas, ideals and the practice of sociality on Vanua Lava, Vanuatu. Berghahn Books. стр. 115. ISBN 9781845455996. Посетено на 29 August 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 7,0 7,1 Crowley, Terry (2004). Bislama reference grammar. University of Hawaii Press. стр. 3. ISBN 9780824828806. Посетено на 29 August 2011.
- ↑ "Ar wynep Kymry Cadwallawn was" in Afan Ferddig. Moliant Cadwallon. Op. cit. Davies, John. A History of Wales, p. 71. Penguin (London), 1994.
- ↑ Davies, John. A History of Wales, p. 69. Penguin (London), 1994. ISBN 0-14-01-4581-8.
- ↑ Lloyd, John Edward (1911). „A History of Wales from the Earliest Times to the Edwardian Conquest“. I (Second. изд.). London: Longmans, Green, and Co. (објав. 1912): 191–192. Наводот journal бара
|journal=
(help);|contribution=
е занемарено (help) - ↑ Việt Nam khởi tổ xây nền ("Vietnam is being created") in Nguyễn Bỉnh Khiêm. "Sấm Trạng Trình".
- ↑ Nhu Trong Trung Bon Thi. "An Introduction to Vietology Архивирано на 23 јули 2011 г.", p март
- ↑ L. Shelton Woods (2002). Vietnam: A Global Studies Handbook. ABC-CLIO. стр. 38. ISBN 1576074161.
- ↑ Government of Madagascar. „Website of the Embassy of Madagascar, Washington D.C.“. Архивирано од изворникот на 2011-03-19. Посетено на April 30, 2006.
- ↑ Cousins (1895), pp. 11–12
- ↑ Atlas A-Z. New York City: Dorling Kindersley. 2004. стр. 289.
Користена литература
уреди- Room, Adrian. Brewer's Names: People. Places. Things. Cassell, 1992. ISBN 0-304-34077-4
- Room, Adrian. Placenames of the World, Origins and Meanings. McFarland and Company, Inc, Publishers, 1997. ISBN 0-7864-0172-9