Име на Белорусија

Проблемот со името на Белорусија е поим со кој се опфаќаат разликите за именување на Белорусија на руски јазик, па и на останатите јазици. Овој проблем се појавил во првата половина на 1990-те години и трае сѐ до денес.

Потекло на името

уреди

Името „Белорусија“ или „Беларус“ (Беларусь, Белоруссия) потекнува од името Бел Рус (руски: Белая Русь, латински: Ruthenia Alba) кое се користело во западноевропската картографија и географска традиција во 16 век. Така, источнословенските територии „фигуративно“ се именувале како Црвен Рус, Бел Рус и Црн Рус, а тоа довело до именување на териториите на Голем Рус и Мал Рус кое било често употребувано од Византија. Црвен Рус во изворите се однесувал на Галиција и Волињ, а пак Бел Рус и Црн Рус во различни извори се користеле за Големото војводство Литванија и Големото војводство Москва.

Во современите источнословенски јазици топонимите Беларус и Белорусија се егзоглоси кои ги прифатиле полско-белоруските и украински автори, а преку нив тие биле претставени во Москва. Официјална Москва ги применила овие термини во официјално-дипломатската практика во 17 век. Конечното зацрврстување на поимите Бел Рус и Црн Рус било завршено во 18 век.[1]

Официјални имиња на Белоруската република

уреди

Во 20 век територијата на Белорусија била именувана со различни имиња како резултат на општествено-политичките услови. Така територијата се нарекувала Белоруска Народна Република[2][3], Литванско-белоруска Советска Социјалистичка Република и Белоруска Советска Социјалистичка Република. Последното менување на името важело за периодот од 30 декември 1922 до 19 септември 1991. Со независноста на Белорусија, државата одлучила да се нарекува Белорус (Беларусь) или Република Белорус (Рэспубліка Беларусь), наместо Белорусија (Белоруссия) или Република Белорусија (Рэспубліка Белоруссия).

Името на македонски

уреди

Името Белорусија во македонскиот јазик е прифатено од руската верзија „Белоруссия“, а не од белоруската Беларусь. Често се мисли дека името Белорусија потекнува од зборовите „бела“ и „Русија“, но сепак името не е поврзано со Русија, туку со Рус. Така, на руски за Русија се вели „Россия“, а не „Руссия“ кое е дел од името на Белорусија.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди