Уругвај (река)

За други значења на поимот „Уругвај“, видете ја страницата за појаснување.

Уругвај (шпански: Río Uruguay; португалски: Rio Uruguai) е река во Јужна Америка. Реката Уругвај е една од главните реки во средишните и јужните предели на Јужна Америка и според неа е именувана државата Уругвај. Текот на реката е во правец север-југ и таа воедно претставува природна граница, на делови од границите, помеѓу Бразил, Аргентина и Уругвај. Реката извира во јужен Бразел и поминува низ сојузните држави Санта Катарина и Рио Гранде до Сул, потоа тече на границата на Бразил со Аргентина, а понатака и на границата помеѓу Аргентина и Уругвај.

Уругвај
Río Uruguay, Rio Uruguai
Залез над реката Уругвај во Аргентина
Земји Аргентина, Бразил, Уругвај
Главен извор Пелотас
 - место Сера Герал, Бразил
 - височина 1.800 м
Спореден извор Река Каноас
 - местоположба Сера Герал, Бразил
Утока Рио де ла Плата
 - височина м
Должина 1.838 км [1]
Слив 365.000 км2
Истек
 - просечен 5.500 м3
Карта на басенот на реката Уругвај
Карта на басенот на реката Уругвај

ЕтимологијаУреди

Името на реката потекнува од шпанската интерпретација на гваранските фрази кои биле користени за именување на реката. Постојат повеќе интерпретации за значењето на зборот, меѓу кои „реката на уру“ (уру е ендемска птица во регионот) и „реката на уругуа“ (автохтом мекотел, полжав).[2]

ТечениеУреди

Реката има должина на тек од околу 1838 километри. Уругвај извира во Сера до Мар во Бразил,[3][4][5][6][7] каде реките Каноас и Пелотас се спојуваат на надморска височина од 200 метри. Во понатамошниот тек реката тече низ нерамен терен, формирајќи падови и брзаци. Течението на реката во Рио Гранде до Сул не е пловно.

Интересна карактеристика на реката е подводниот кањон. Овој кањон бил создаден во доцното ледено доба, кога климата била посушна и реката била помала. Длабочината е до 100 метри под речниот канал.[6][8] Овој кањон се гледа само на две места, од кои едниот е водопадот Мокона. Сепак. водопадите не се видливи 150 дена од година. За разлика од други водопади, овие водопади се паралелни со реката. Водопадите се од 10 до 12 метри високи, а широки од 1800 до 3000 метри.[6][8]

Реката Уругвај се спојува со реката Парана и така се вливаа во Рио де ла Плата, односно Атлантскиот Океан. Главна притока на реката Уругвај е реката Рио Негро.

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. "Río de la Plata". Encyclopædia Britannica. Посетено на 14 August 2010.
  2. El País newspaper: Presentan tesis del nombre Uruguay Archived 2012-03-14 at the Wayback Machine, (шпански) Retrieved 21 November 2014.
  3. Rio Uruguay
  4. Consejo Nacional de Investigaciones Científicas y Técnicas
  5. FACULDADE DE BIOCIÊNCIAS PROGRAMA DE PÓS-GRADUAÇÃO EM BIOCIÊNCIAS – ZOOLOGIA
  6. 6,0 6,1 6,2 "A particular canyon excavated in the large Uruguay River channel (South America)".
  7. The fish fauna of two tributaries of the passo fundo river, uruguay river basin, rio grande do sul, brazil
  8. 8,0 8,1 "Moconá Falls (Yucumã Falls)". Wondermondo.

Надворешни врскиУреди