Афарски јазик
Афарскиот јазик (Qafár af) е низински источнокушитски јазик на народот Афари што се говори во Етиопија, Еритреја и Џибути. Се смета дека има 1,5 говорници. Како и кај другите јазици од групата, основниот збороред е од обликот „подмет-предмет-прирок“. Јазикот во практика е претежно говорен, бидејќи само 1-3% од неговите говорници се писмени. Најсроден јазик е сахо.[1]
Афарски | |
---|---|
Qafár af | |
Застапен во | Етиопија, Еритреја, Џибути |
Подрачје | Афарска Котлина, североисточна Африка |
Говорници | 1,4–1,5 милиони |
Јазично семејство | |
Писмо | етиопско (во Етиопија), латиница |
Признаен како малцински во | Еритреја |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | aa |
ISO 639-2 | aar |
ISO 639-3 | aar |
Во Еритреја, афарскиот е еден од деветте државни јазици со формално рамноправен статус (иако тигриња и арапскиот се во огромна мера најзначајните службени јазици). Во медиумите јазикот е застапен со секојдневна програма на државното радио. Во образованието, Афарите претпочитаат да го користат арапскиот јазик, кој го говорат како втор.[2] Во регионот Афар во Етиопија, афарскиот е делумно застапен во неколку училишта,[3] додека пак работен јазик во регионот е амхарскиот.[4]
Фонологија
уредиСогласки
уредиОва се согласките застапени во јазикот, запишани со стандарден правопис и изговор според МФА во загради:
Уснени | Венечни | Свиени | Предно- непчени |
Задно- непчени |
Голтнички | Гласилни | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Избувна | безвучни | t [t] | k [k] | |||||
звучни | b [b] | d [d] | x [ɖ] | g [ɡ] | ||||
Струјни | безвучни | f [f] | s [s] | c [ħ] | h [h] | |||
звучни | q [ʕ] | |||||||
Носни | m [m] | n [n] | ||||||
Приближни | w [w] | l [l] | y [j] | |||||
Едноударни | r [r] |
Согласките што ги затвораат слоговите се изговараат со приздив akʰˈme.
Самогласки и нагласок
уреди- кратки
- a [ʌ]
- e [e]
- i [i]
- o [o]
- u [u]
- долги
- aa [aː]
- ee [eː]
- ii [iː]
- oo [oː]
- uu [uː]
- кратки
Самогласките во потврдните глаголи на крајот од реченицата се приздивни (и нагласени), како на пр. abeh = /aˈbeʰ/ „направил“. Самогласките во потврдните глаголи на крајот од реченицата се неприздивни (и ненагласени), како на пр. maabinna = /ˈmaabinna/ „не направил“.
Самогласките во прашалните глаголи на крајот од реченицата се издолжени (и нагласени), како на пр. abee? = /aˈbeː/ „направи ли?“
Во сите други случаи, акцентот е на последниот слог од зборот.
Фонотактика
уредиСлоговите се од обликот (Сг)См(Сг)(См). Исклучок е трисложната група „-str-“.
Писмо
уредиАфарскиот се пишува на латиница или со етиопско писмо (геез).
Афарско писмо во подготовка
уредиЈазичарите во Јазичниот институт на Џибути, Министерството за образование на Еритреја и Центарот за изучување и збогатување на афарскиот јазик во Етиопија работат на стандардизирано афарско писмо за полесно описменување на неговите говорници.[5]
Латинично писмо
уредиПоврзано
уредиВикимедииниот Инкубатор испробува Википедија на афарски јазик |
Наводи
уреди- ↑ Raymond G. Gordon, Jr, ed. 2005. Ethnologue: Languages of the World. 15th edition. Dallas: Summer Institute of Linguistics.
- ↑ Marie-Claude Simeone-Senelle: Les langues en Erythrée Архивирано на 6 јануари 2010 г. - Chroniques Yeménites 8, 2000
- ↑ Интервју со афарскиот претседател - IRIN, 24 мај 200 (англиски)
- ↑ Афар - Парламент на Етиопија Архивирано на 28 септември 2008 г. (англиски)
- ↑ Развој на афарскиот јазик Архивирано на 5 март 2012 г. - Афарски пријатели во Шведска (PDF) (англиски)
Библиографија
уреди- Loren F. Bliese. 1976. "Afar", The Non-Semitic Languages of Ethiopia. Ed. Lionel M. Bender. Ann Arbor, Michigan: African Studies Center, Michigan State University. Pages 133–164.
- Loren F. Bliese. 1981. A generative grammar of Afar. Summer Institute of Linguistics publications in linguistics vol. 65. Dallas: Summer Institute of Linguistics & The University of Texas at Arlington. ISBN 0-88312-083-6.
- J.G. Colby. 1970. "Notes on the northern dialect of the Afar language", Journal of Ethiopian Studies 8:1–8.
- R.J. Hayward and Enid M. Parker. 1985. Afar-English-French dictionary with Grammatical Notes in English. London: School of Oriental and African Studies, University of London.
- Richard J. Hayward. 1998. "Qafar (West Cushitic)", Handbook of Morphology. Ed. A. Spencer & A. Zwicky. Oxford: Blackwell. Pages 624-647.
- Didier Morin. 1997. Poésie traditionnelle des Afars. Langues et cultures africaines, 21 / SELAF vol. 363. Paris/Louvain: Peeters.
- Enid M. Parker. 2006. English–Afar Dictionary. Washington DC: Dunwoody Press.
- Rainer M. Voigt. 1975. "Bibliographie des Saho–Afar", Africana Marburgensia 8:53–63.
Надворешни врски
уреди- Афарски јазик на Ethnologue (англиски)
- Афарски јазик - Светски атлас на јазични структури (англиски)
- Метод на афарскиот јазик - Afaraf (француски)