Џиро д’Италија 2018

издание 2018 на велосипедската трка Џиро д’Италија

Џиро д’Италија 2018 (позната и како Трка околу Италија 2018) — 101. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 4 и 27 мај како дваесет и први настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Џиро д’Италија 2018
Детали за трката
Издание101. Џиро д’Италија
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2018 2.UWT
Етапи21
Датуми4 – 27 мај
Растојание3.562,9 км
ДржавиITA Италија
ISR Израел
ПоаѓалиштеЕрусалим
ОдредиштеРим
Екипи22
Возачи на почеток176
Возачи на крај149
Просечна брзина40,012 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникGBR Крис Фрум (Тим Скај)
ВторопласиранNED Том Димулен (Тим ДСМ)
ТретопласиранCOL Мигел Анхел Лопес (Астана)
БодовенITA Елија Вивијани (Квик-Степ Флорс)
ПланинскиGBR Крис Фрум (Тим Скај)
СпринтерскиITA Давиде Балерини (Андрони Џокатоли-Сидермек)
МладинскиCOL Мигел Анхел Лопес (Астана)
БорбеностITA Давиде Балерини (Андрони Џокатоли-Сидермек)
BreakawayITA Марко Фрапорти (Андрони Џокатоли-Сидермек)
ЕкипенGBR Тим Скај
◀20172019▶
Документација

Џиро започнала во Ерусалим на 4 мај со поединечен хронометар во должина од 9,7 километри, по што следеле уште две етапи во Израел. По денот за одмор, имало уште 18 етапи во Италија пред да стигнат во Рим на 27 мај.[3] На почетокот на Џиро д’Италија 2018 била оддадена и почит кон италијанскиот велосипедст Џино Бартали, трикратен победник на Џиро д’Италија. Бартали помогнал во спасување на стотици италијански Евреи во текот на Холокаустот и бил прогласен во 2013 година од Јад Вашем како Праведен помеѓу народите.[4]

Трката била освоена од возачот на Тим Скај, Крис Фрум, кој со тоа ги држел во посед сите три титули на големите трки истовремено и станал првиот британски возач кој го освоил генералниот пласман на Џиро. Фрум паднал пред прологот и губел време во првите две недели. Во завршната недела, меѓутоа, ја освоил етапата која завршувала на Ѕонколан, а подоцна освоил неколку минути пред сите останати на етапата 19 со возење опишано како „за историските читанки“.[5] На крајот го поразил бранителот на титулата, Том Димулен, со 46 секунди.[6]

Преглед уреди

Големиот почеток на Џиро во периодот од 4 од 6 мај, еден од најскапите спортски настани во историјата на Израел, бил главно финансиран од канадско-израелскиот моќник Силван Адамс со помош на министерствата за туризам и сообраќа на Израел. Трката започнал со поединечен хронометар во должина од 9,7 километри во Ерусалим, а подоцна следеле етапите во должина од 167 километри од Хаифа до Тел Авив и 229-километарската етапа од Бершева до Ејлат.[7] Тоа биле први етапи на било која голема трка одржани надвор од Европа.

Екипи уреди

Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[8] Четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (4)

Фаворити пред трката уреди

Главни фаворити пред трката биле: Крис Фрум (Тим Скај), бранителот на титулата Том Димулен (Тим Санвеб) и Фабио Ару (ОАЕ Тим Емирати). Други кандидати за генералниот пласман биле Мигел Анхел Лопес (Астана), Џорџ Бенет (Лото НЛ-Џамбо), Тибо Пино (Групама-ФДЖ), Ваут Пулс (Тим Скај), Сајмон Јејтс и Естебан Чавес (обајцата од Мичелтон-Скот), Луис Мејнчес (Тим Дименжн Дата), Мајкл Вудс (ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак), Давиде Формоло (Бора-Хансгрое), Роан Денис (Ванти-Груп Гобер) и Доменико Поцовиво (Бахреин-Мерида).

Спринтери на Џиро биле Елија Вивијани, Јакуб Маречко, Николо Бонифацио, Дани ван Попел, Саша Модоло, Сем Бенет, Јенс Дебишер и Рајан Гибонс.[9]

Рута и етапи уреди

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)ПобедникCевкупен лидер
1  4 мај  Ерусалим  Ерусалим
 
индивидуален хронометар
9,7  Том Димулен    Том Димулен  
2  5 мај  Хаифа  Тел Авив
 
рамна етапа
167  Елија Вивијани    Роан Денис  
3  6 мај  Бершева  Ејлат
 
ридеста етапа
229  Елија Вивијани    Роан Денис  
4  8 мајКатанија – Каталџироне
 
ридеста етапа
202  Тим Веленс    Роан Денис  
5  9 мајАгриџенто – Санта Нинфа
 
ридеста етапа
153  Енрико Батаљин    Роан Денис  
6  10 мајКалтанисета – Етна
 
планинска етапа
164  Естебан Чавес    Сајмон Јејтс  
7  11 мајПицо – Праја а Маре
 
рамна етапа
159  Сем Бенет    Сајмон Јејтс  
8  12 мајПраја а Маре – Монтеверџине
 
среднопланинска етапа
209  Ричард Карапас    Сајмон Јејтс  
9  13 мајПеско Санита – Кампо Императоре
 
планинска етапа
225  Сајмон Јејтс    Сајмон Јејтс  
10  15 мајПене – Гуалдо Тадино
 
ридеста етапа
244  Матеј Мохорич    Сајмон Јејтс  
11  16 мајАсизи – Озимо
 
ридеста етапа
156  Сајмон Јејтс    Сајмон Јејтс  
12  17 мајОзимо – Имола
 
рамна етапа
214  Сем Бенет    Сајмон Јејтс  
13  18 мајФерара – Нервеза дела Баталја
 
рамна етапа
180  Елија Вивијани    Сајмон Јејтс  
14  19 мајСан Вито ал Талјаменто – Монте Цонколан
 
планинска етапа
186  Крис Фрум    Сајмон Јејтс  
15  20 мајТолмецо – Сапада
 
среднопланинска етапа
176  Сајмон Јејтс    Сајмон Јејтс  
16  22 мајТренто – Роверето
 
индивидуален хронометар
34,2  Роан Денис    Сајмон Јејтс  
17  23 мајРива дел Гарда – Изео
 
ридеста етапа
155  Елија Вивијани    Сајмон Јејтс  
18  24 мајАбијатеграсо – Прато Невозо
 
среднопланинска етапа
196  Максимилијан Шахман    Сајмон Јејтс  
19  25 мајВенарија Реале – Бардонекија
 
планинска етапа
184  Крис Фрум    Крис Фрум  
20  26 мајСуза – Бреј-Червинија
 
планинска етапа
214  Микел Ниеве    Крис Фрум  
21  27 мајРимРим
 
рамна етапа
115  Сем Бенет    Крис Фрум  

Поредок уреди

На Џиро д’Италија 2018 се доделувале четири различни маички. Во генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси (10, 6 и 4 секунди соодветно) за првите тројца велосипедисти на етапите, предводникот ја добива розовата маичка. Овој пласман се смета за најважен на Џиро д’Италија 2018 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.[10][11]

Бодови за планинскиот пласман
Место 1 2 3 4 5 6 7 8 9
Бодови за Чима Копи 45 30 20 14 10 6 4 2 1
Бодови за категорија 1 35 18 12 9 6 4 2 1 0
Бодови за категорија 2 15 8 6 4 2 1 0
Бодови за категорија 3 7 4 2 1 0
Бодови за категорија 4 3 2 1 0
Дополнителни бодови за МТФ 15 10 6 4 2 0

Постои и планински пласман каде се доделува сината маичка. Во планинскиот пласман, бодовите се добиваат доколку велосипедистите се искачат на врвот на некое искачување пред другите велосипедисти. Секое искачување е категоризирано како прва, втора, трета и четврта категорија, каде за повисоките категории постојат повеќе бодови. На искачувањата од прва категорија, осум возачи добивале бодови; на искачувањата од втора категорија, шест возачи добивале бодови; на искачувањата од трета категорија, само четворица возачи добивале бодови, додека само тројца возачи освојувале бодови на искачувањата од четврта категорија. На „Чима Копи“, највисоката точка на трката, се доделуваат уште повеќе бодови отколку на оние искачувања од прва категорија.[10] Со 2.757 метри, „Чима Копи“ за 2018 година ќе биде превојот Коле деле Финестре.

Бодови за бодовниот пласман
Место 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15
етапи 1–3, 5–7, 12–13 50 35 25 18 14 12 10 8 7 6 5 4 3 2 1
етапи 8, 14–15, 17 25 18 12 8 6 5 4 3 2 1 0
други етапи (освен ITT) 15 12 9 7

Дополнително, постои и бодовен пласман, кој се наградува со црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите петнаесет места на етапите. Рамните етапи носат повеќе бодови од планинските етапи, означувајќи дека овој пласман ќе биде во корист на спринтерите. Дополнително, бодови може да се освојуваат и на средните спринтови.[10][11]

Четвртата маичка го претставува пласманот за млад возач каде се доделува бела маичка. Овој пласман се смета на истиот начин како генералниот, но тука влегуваат во игра само возачите родени по или на 1 јануари 1994 година.[10]

Постојат два пласмани за екипите. Во пласманот Трофеј Брза екипа се сметаат времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа; водечката екипа е екипата со најниско вкупно време. Пласманот Трофеј Супер екипа претставува екипен бодовен пласман, каде најдобрите 20 возачи на секоја етапа заработуваат бодови (20 за првото место, 19 за второто, 18 за третото итн., сè до еден бод за 20. место) за нивната екипа.[10]

Водството на трката по етапа
Етапа Победник Генерален пласман
 
Бодовен пласман
 
Планински пласман
 
Пласман за млад возач
 
Трофеј Супер екипа
1 Том Димулен Том Димулен Том Димулен[б 1] недоделена Максимилијан Шахман Катјуша-Алпесин
2 Елија Вивијани Роан Денис Елија Вивијани Енрико Барбин
3 Елија Вивијани
4 Тим Веленс Мичелтон-Скот
5 Енрико Батаљин
6 Естебан Чавес Сајмон Јејтс Естебан Чавес Ричард Карапас
7 Сем Бенет
8 Ричард Карапас
9 Сајмон Јејтс Сајмон Јејтс[б 2]
10 Матеј Мохорич
11 Сајмон Јејтс
12 Сем Бенет
13 Елија Вивијани
14 Крис Фрум Мигел Анхел Лопес Тим Скај
15 Сајмон Јејтс
16 Роан Денис
17 Елија Вивијани
18 Максимилијан Шахман
19 Крис Фрум Крис Фрум Крис Фрум[б 3]
20 Микел Ниеве
21 Сем Бенет
На крај Крис Фрум Елија Вивијани Крис Фрум Мигел Анхел Лопес Тим Скај
Забелешки
  1. На втората етапа, Роан Денис, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел маичката циклама, бидејќи Том Димулен (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман.
  2. На етапите 10-15, Естебан Чавес, кој бил втор во планинскиот пласмна, ја носел сината маичка, бидејќи Сајмон Јејтс (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина Џулио Чиконе ја носел сината маичка на етапите 16-18.
  3. На етапата 20, Сајмон Јејтс, кој бил втор во планинскиот пласмна, ја носел сината маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина Џулио Чиконе ја носел сината маичка на етапата 21.

Пласмани уреди

Легенда
  Го означува предводникот на генералниот пласман   Го означува предводникот на планинскиот пласман
  Го означува предводникот на бодовниот пласман   Го означува предводникот на пласманот за млад возач

Победничка екипа уреди

Екипа Време
1 Тим Скај 267ч 48' 47"
2 Астана + 24' 58"
3 Бора-Хансгрое + 43' 32"
4 Тим Санвеб + 1ч 14' 35"
5 АГ2Р-Ла Мондијал + 1ч 30' 32"
6 Мовистар Тим + 1ч 39' 45"
7 Лото НЛ-Џамбо + 1ч 47' 01"
8 Мичелтон-Скот + 2ч 31' 52"
9 ОАЕ Тим Емирати + 2ч 33' 27"
10 Групама-ФДЖ + 2ч 34' 04"

Помали пласмани уреди

Биле наградувани и неколку други помали пласмани. Првиот бил пласманот за средни спринтови. На секоја друмска етапа имало два спринта. Првите возачи кои ќе поминеле низ целта на средните спринтови добивале бодови; возачот со најмногу бодови на крајот на трката го освојува пласманот. Друг пласман — наградата за борбеност (италијански: Premio Combattività) — вклучувала бодови доделени на возачот на завршницата на етапата, на средните спринтови и на врвовите на категоризираните искачувања. Постоела и награда за бегство (италијански: Premio della Fuga). За ова, бодови биле доделувани на секој возач вклучен во било кое бегство помало од 10 возачи, кое се одвоило најмалку 5 километри. Секој возач добивал бод за секој поминат километар надвор од групата. Возачот со најмногу бодови на крајот на Џиро ја добивал наградата. Завршниот пласман е „фер плеј“ за секоја екипа. Екипите добивале казнени бодови за нарушување на различни правила. Се движеле од половина бод, за нарушувања на предупредувања од организаторите на трката, до 2.000 бода казна за позитивен допинг-тест. Екипата со најмалку бодови на крајот на Џиро го освојувала пласманот.

Наводи уреди

  1. „UCI announces 2018 road calendar“. Cycling News. Посетено на 20 октомври 2017.
  2. „2018 UCI WorldTour calendar unveiled“. Velon. Архивирано од изворникот на 2017-09-25. Посетено на 20 октомври 2016.
  3. „Giro d'Italia 2018 will begin with Jerusalem individual time trial“. cyclingnews.com. Посетено на 18 септември 2017.
  4. „Giro 2018 Lotti omaggio Bartali“. www.gazzetta.it (италијански). Посетено на 7 мај 2018.[мртва врска]
  5. Браун, Грегор (26 мај 2018). 'The closest comparison is with Coppi': Chris Froome's attack to win the Giro d'Italia was one for the history books“. Cycling Weekly. Посетено на 27 мај 2018.
  6. „Chris Froome wins Giro d'Italia in Rome to join cycling's exclusive club“. Guardian. 27 мај 2018. Посетено на 31 мај 2018.
  7. „Israel gears up to host prestigious Giro D'Italia cycling race opener in May“. Посетено на 10 мај 2018.
  8. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  9. „GCN's 2017 Giro d'Italia Preview Show“.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 Лора, Вајсло (13 мај 2008). „Разјаснети пласманите на Џиро д'Италија“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 август 2009.
  11. 11,0 11,1 „Giro revamps time bonus and points systems for 2014 edition“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 8 април 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 16 октомври 2015.

Надворешни врски уреди