Марија Павликовска-Јасножевска
Марија Павликовска-Јасножевска (полски: Maria Pawlikowska-Jasnorzewska; 1895-1945) - полска поетеса.
Животопис
уредиПо окупацијата на Полска за време на Втората светска војна, Павликовска-Јасножевска емигрирала. Тешко заболена од рак, неуспешно третирана со радио-терапија, таа умрела во една болница во Лондон, два месеца по завршувањето на војната.[1]
Творештво
уредиПавликовска-Јасножевска почнала да ги објавува своите песни во периодот меѓу двете светски војни, во „Скамандар“ и во „Вјадомошќи лјитерацкје“ поради што некои книжевни критичари ја сметаат за шестиот припадник на скамандровците. Нејзината поезија потполно се издвојува според силноизразената женска тема, целосно непозната во историјата на полската поезија. Цело време, таа пеела само за љубовта кон мажот или кон „машкото“ и нејзе ѝ биле туѓи сите други материјални, политички и философски проблеми. Пред неа, ниедна полска поетеса не пеела толку отворено, искрено и со толкава елеганција за телесната љубов и токму со тоа се поврзани сите добри и слаби страни на нејзината поезија. Подоцна, под влијание на војната, окупацијата на Полска и сеќавањата на драгите луѓе, во нејзината поезија се појавила нота на очајување, елегичност и мистичен страв за иднината на нејзиниот народ. Инаку, нејзините песни се одликуваат со китнест јазик, исклучително концизна и кратка форма. Долго време, Павликовска-Јасножевска била игнорирана, но Втората светска војна, по нејзината смрт, полската критика со воодушевување ја прифатила поезијата на Павликовска-Јасножевска, сместувајќи ја во врвот на полската поезија и нарекувајќи ја „словенската Сафо“.[2]