Мала Водна Змија (соѕвездие)

Мала Водна Змија — мало соѕвездие на далечното јужно небо. За првпат е прикажано на небесен атлас од страна на Јохан Бајер во неговото дело Уранометрија од 1603 година. Францускиот истражувач и астроном Никола Луј де Лакај ги исцртал сјајните ѕвезди и им дал Бајерови ознаки во 1756 година. Името hydrus означува „машка водна змија“, спротивно на Водна Змија, многу поголемо соѕвездие кое претставува женска водна змија. И останува под хоризонтот за повеќето набљудувачи на северната полутопка.

Мала Водна Змија
лат. Hydrus
КратенкаHyi
ГенитивноHydri
Симболизамводна змија
Ректасцензија00ч 06,1м до 04ч 35,1м[1] ч.
Деклинација−57,85° до −82,06°[1]°
КвадрантSQ1
Површина243 (°)² (61-во)
Главни ѕвезди3
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
19
Ѕвезди со планети4
Ѕвезди посјајни од 3,00m2
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)1
Најсјајна ѕвездаβ Hyi (2,82m)
Најблиска ѕвездаβ Hyi
(24,38 сг, 7,47 пс)
Месјеови објектинема
Метеорски дождовинема
Соседни
соѕвездија
Златна Рипка
Еридан
Часовник
Маса
Октант
Феникс
Мрежичка
Тукан
Видливо на ширина од +8° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец ноември.

Најсјајната ѕвезда е со светлинска величина 2,8 е Бета Мала Водна Змија, и една од најблиските сјајни ѕвезди јужниот небесен пол. Со променлива светлинска величина која се движи меѓу 3,26 и 3,33, Гама Мала Водна Змија е променлив црвен џин со пречник 60 пати поголем од пречникот на Сонцето. Во близина е VW Мала Водна Змија, една од најсјајните џуџести нови. Четири ѕвездени системи поседуваат вонсончеви планети, од кои најпозната е HD 10180, ѕвезда која можно е да поседува 9 планети.

Историја

уреди
 
Мала Водна Змија (долу десно) во извадок од небесниот атлас Уранометрија од Јохан Бајер, првата претстава на соѕвездието во ѕвезден атлас.

Мала Водна Змија е едно од 12-те соѕвездија осмислени од страна на холандскиот астроном Петар Планциј преку набљудувањата на јужното небо од страна на истражувачите Питер Дејсон Кејзер и Фредерик де Хаутман, кој испловил со првата холандска трговска експедиција Eerste Schipvaart, кон Индија. Првпат се појвува на 35-см небесен глобус објавен во 1598 година во Амстердам од страна на Планциј и Јодок Хондиј. Првото пртставување на ова соѕвездие во небесен атлас Уранометрија на германскиот картограф Јохан Бајер издаден во 1603 година.[2][3] Де Хаутман го вклучил во неговиот јужен ѕвезден каталог во истата година под името на холандски De Waterslang, „Водна Змија“,[4] и претставува змија која ја видел при патувањето и не станува збор за митолошко суштество.[5] Францускиот астроном и истражувач Никола Луј де Лакај го нарекол l’Hydre Mâle во неговата карта на јужното небо од 1756 година 1756, со што се правело разлика од женската Хидра. француското име било зачувано од Жан Никола Фортен во неговиот Atlas Céleste од 1776 година, додека пак Лакај го латинизирал името во Hydrus за преработениот Coelum Australe Stelliferum во 1763 година.[6]

Особености

уреди

Иако има неправилен облик,[7] Мала Водна Змија се граничи со Маса на југоисток, Еридан на исток, Часовник и Мрежичка на североисток, Феникс на север, Тукан на северозапад и запад и Октант на југ но Лакај ја скусил опашката на Мала Водна Змија за да направи место за своето последно соѕвездие.[5] Со површина од 243 квадратни степени и 0,589% од ноќното небо, и е на 61-то место меѓу 88-те соѕвездија.[8] Кратенката со три букви 'Hyi' за ова соѕвездие била усвоена од Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 година.[9] Официјалните граници се поставени од Ежен Делпорт во 1930 година, и се дефинирани како многуаголник со 12 страни. Во екваторскиот координатен сстем, координатите на ректасцензијата се движат меѓу 00ч 06,1м и 04ч 35,1м, додека пак координатите на деклинација се меѓу −57,85° и −82,06°.[1] Како едно од најјужните соѕвездија останува под хоризонтото за набљудувачите северно од 30-тиот северен напоредник, а истото е околуполарно за должини јужно од 50-тиот јужен напоредник на јужната полутопка.[7] И навстина, Херман Мелвил го споменува Брод Арго во Моби Дик „под сјајното антарктичко небо“, со што се потврдува познавањето на јужните соѕвездија од патувањата за лов на китови.[10] Линија повлечена по должина на оската на Јужен крст до Бета Мала Водна Змија и тогаш издолжена 4,5 пати ќе се означи точка на југ.[11] Мала Водна Змија кулминира на полноќ околу 26 октомври.[12]

Забележителности

уреди
 
Соѕвездието Мала Водна Змија како што изгледа набљудувано со голо око.

Ѕвезди

уреди

Кејзер и де Хаутман определиле 15 ѕвезди во соѕвездието во нивните малајски и мадагаскарски речници, со ѕвезда која подоцна ќе биде наречена Алфа Мала Водна Змија која ја означува главата, Гама телото и одреден број на ѕвезди кои подоцна биле додадени кон Тукан, Мрежичка, Маса и Часовник означувајќи ја опашката на змијата.[13] Лакај нацртал и означил 20 ѕвезди со Бајерови ознаки, односно од алфа до тау во 1756 година. Од овие, ги употребил ознаките Ета, Пи и Тау по двапати, бидејќи станува збор за три ѕвезди кои се системи од две ѕвезди блиски една до друга, а ги испуштил омикрон и кси. Ознаката Ро ја дал на ѕвезда која подоцнежните астрономи не успеале да ја најдат.[14]

Бета Мала Водна Змија, најсјаната ѕвезда во Мала Водна Змија, е жолта ѕвезда со светлинкса величина 2,8, на растојание од 24 сг. од Земјата.[15] Има 104% од масата на Сонцето и 181% од сончевиот полупречник, со трипати поголема сјајност од онаа на Сонцето.[16] Спектарот на оваа ѕвезда се поклопува со ѕвездената класификација G2 IV, со сјајна калса 'IV' означувајќи дека станува збор за подџиновска ѕвезда. Како таква, станува збор за малку постара ѕвезда од Сонцето, при што горивото во јадрото се истрошува. Ова е најблискиот подџин до Сонцето и една од најстарите ѕвезди во соседството. Се смета дека ѕвездата е стара меѓу 6,4 и 7,1 милијарда години, ова е ѕвезда која го покажува изгледот на Сонцето во далечната иднина, со што оваа ѕвезда е од интерес за астрономите.[16] Оваа ѕвезда е сјајна ѕвезда која е најблизу до јужниот небесен пол.[7]

Сместена на северниот раб на соѕвездието и малку на југозапад од Ахернар е Алфа Мала Водна Змија,[17] бел подџин со светлинска величина 2,9 и на растојание од 72 сг. од Земјата.[18] Со спектрален тип F0IV,[19] оваа ѕвезда започнува да се лади и зголемува како што ги троши последните резеви на водородното гориво. Двапати е помасивна и 3,3 пати поширока од Сонцето и 26 пати посјајна од истото.[18] A line drawn between Alpha Hydri and Beta Centauri is bisected by the south celestial pole.[12]

Во југоисточниот раб на соѕвездието е Гама Мала Водна Змија,[7] црвен џин со спектрален тип M2III на растојание од 214 сг. од Земјата.[20] Станува збор за полупроменлива ѕвезда, чија светлинска величина се менува меѓу 3,26 и 3,33. Набљудувањата во период од 5 години не биле доволни за да се воспостави нејзината периочност.[21] Станува збор за ѕвезда која старее и е 1,5 до 2 пати помасивна од Сонцето, но има пречник 60 пати поголем од ној на Сонцето. и сјае со сјајност 655 пати од онаа на Сонцето.[22] Сместена 3° североисточно од Гама е VW Мала Водна Змија, џуџеста нова од типот SU Голема Мечка. Станува збор за блиска двојна ѕвезда која се состои од бело џуџе и уште една ѕвезда од која џуџето повлекува материја и образува забрзувачки диск. Овие системи се одликуваат со чести ерупции и помалку чести супер ерупции. Првите се послаби, додека пак вторите имаат куси „суперсјаности“ од засилената активност.[23] Ова е една од најсјаните ѕвезди џуџести нови neна небото,[24] основната светлинска величина е 14,4 и моѓе да засјаи до светлинска величина 8,4 при врвот на активноста.[23] BL Мала Водна Змија е уште еден близок дбоен систем кој се состои од мала по маса ѕвезд и силно магнетизирано бело џуџе. Позната како полар или променлива AM Херкул, овие системи произведуваат оптички поларизирани и инфрацрвени оддавања и силни меки и тврди X-зраци со честота еднаква на периодот на белото џуџе кој во овој случај изнесува 113,6 минути.[25]

Постојат и две значајни оптички двојни ѕвезди во соѕвездието Мала Водна Змија. Пи Мала Водна Змија, се состои од Пи1 Мала Водна Змија и Пи2 Мала Водна Змија, која моѓе да се набљудува оддвоено со двоглед.[7] На растојание од 476 сг. од Земјата,[26] Пи1 е црвен џин со спектрален тип M1III со променлива светлинска величина која се двужи меѓу 5,52 и 5,58.[27] Пи2 портокалов џин со спектрален тип K2III и со светлинска величина 5,7 и нарастојание од 488 светлони години од Земјата.[28]

Ета Мала Водна Змија е другата оптичка двојна ѕвезда, која се состои од Ета1 и Ета2.[7] Ета1 е синобела ѕвезда од главната низа со спектрален тип B9V за која се претпоставува дека е променлива ѕвезда,[29] и истата е на растојание од 700 сг. од Земјата.[30] Ета2 и,а светлинска величина 4,7 и е жолт џин со спектрален тип G8.5III околу 218 сг. од Земјата,[31] која ја напуштила главната низа и почнала да се лади и е на пат да стане црвен џин. Пресметките покажуваат дека станува збор за ѕвезда од спектрална класа А со маса двапати поголема од онаа на Сонцето. Планета, Ета2 Hydri b, со маса 6,5 пати поголема од Јупитер е откриена во 2005 година со орбитален период од 711 денови и на растојание од 1,93 ае. од матичната ѕвезда.[32]

Најдени се уште три ситеми кои поседуваат планети, најпозната е ѕвездата HD 10180, која наликува на Сонцето и поседува 7 планети, и можно е да има уште две и претставува планетарен систем со најмногу планети.[33] На растојание од 127 сг. од Земјата,[34] има светлинска величина 7,33.[35]

GJ 3021 е ѕвезда слична ан Сонцето и на растојание од 57 сг. од Земјата со спектрален тип G8V и светлинска величина од 6,7.[35] Истата има придружник сличен на Јупитер наречен GJ 3021 b, кој се наоѓа на растојание од 0,5 ае. од матичната ѕвезда и маса 3,37 пати поголема од онаа на Јупитер и орбитален период од 133 денови.[36] овој систем е сложен бидејќи слабосјајната ѕвезда GJ 3021B е во орбита на растојание од 68ае. и станува збор за црвено џуџе со спектрален тип M4V.[37]

HD 20003 е ѕвезда со светлинска величина 8,37. Станува збор за жолта ѕвезда од главната низа со спектрален тип G8V и малку поладна и помала од Сонцето на растојание од 143 сг. Истата има две планети кои се 12 и 13,5 пати помасивни од Земјата со опрбитални периоди ос 12 и 34 денови.[38]

Далечни објекти

уреди
 
Галаксијата PGC 6240 снимена од вселенскиот телескоп Хабл.

Мала Водна Змија содржи само слабосјајни далечни објекти. IC 1717 е далечен објект откриен од данскиот астроном Јохан Лудвиг Емил Дрејер во доцниот XIX век. Но, објектот кој го набљудувал Дрејер не е повеќе на тоа место и сега претставува мистерија. Најверојатно станувало збор за слабосјајна комета.[8] Позната како галаксијата Бела Роза, PGC 6240 џиновска спирална галаксија опколена со обвивки кои наликуваат на листови од роза, на растојание од 345 милиони сг. од Земјата. Невообичаено, истата има содружници ѕвездени јата кои се со три различни старости, што укажува на пост ѕвездороден период по спојување на галаксии.[39] Соѕвездието исто така содржи спирална галаксија, NGC 1511 која е свртена рабно кон Земјата и може да се види со аматерски телескопи.[12]

Со поголем дел од својата површина во Златна рипка, Големиот Магеланов Облак се протега и во Мала Водна Змија.[40] Збиеното ѕвездено јато NGC 1466 е познат дел од галаксијата, и содржи многу променливи ѕвезди од типот на RR Лира. Има светлинска величина 11,59 и се смета дека било со старост од 12 милијарди години.[41] Две ѕвезди, HD 24188 со светлинска величина 6,3 и HD 24115 со светлинска величина 9, се пред ова збиено јато.[12] NGC 602 се состои од оддавна маглина и младо, сјајно расеано ѕвездено јато, ѕвезди кои се дел од источниот раб на Малиот Магеланов Облак,[42] кој е придружна галаксија на Млечниот Пат. Поголемиот дел од облакот е сместен во соседното соѕвездие Тукан.[43]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Hydrus, Constellation Boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Посетено на 11 September 2013.
  2. Ridpath, Ian. „Johann Bayer's Southern Star Chart“. Star Tales. self-published. Посетено на 23 August 2013.
  3. „Hydrus (Water Snake)“. Chandra X-ray Observatory. Посетено на 10 July 2012.
  4. Ridpath, Ian. „Frederick de Houtman's Catalogue“. Star Tales. self-published. Посетено на 11 September 2013.
  5. 5,0 5,1 Ridpath, Ian. „Hydrus—the Lesser Water Snake“. Star Tales. self-published. Посетено на 29 September 2013.
  6. Ridpath, Ian. „Lacaille's Southern Planisphere of 1756“. Star Tales. self-published. Посетено на 29 September 2013.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 Motz, Lloyd; Nathanson, Carol (1991). The Constellations: An Enthusiast's Guide to the Night Sky. London, United Kingdom: Aurum Press. стр. 385, 391. ISBN 978-1-85410-088-7.
  8. 8,0 8,1 Bagnall, Philip M. (2012). The Star Atlas Companion: What You Need to Know about the Constellations. New York, New York: Springer. стр. 251. ISBN 978-1-4614-0830-7. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „bagnall“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  9. Russell, Henry Norris (1922). „The New International Symbols for the Constellations“. Popular Astronomy. 30: 469. Bibcode:1922PA.....30..469R.
  10. Zimmerman, Brett (1998). Herman Melville: Stargazer. Montreal, Quebec: McGill-Queen's University Press. стр. 5. ISBN 978-0-7735-1786-8.
  11. Stilwell. Alexander (2010). Crisis Survival. SAS and Elite Forces Survival Guide. London, United Kingdom: Amber Books. стр. 201. ISBN 978-1-908696-06-9.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Malin, David; Frew, David J. (1995). Hartung's Astronomical Objects for Southern Telescopes: A Handbook for Amateur Observers. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. стр. 259. ISBN 978-0-521-55491-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  13. Knobel, Edward B. (1917). „On Frederick de Houtman's Catalogue of Southern Stars, and the Origin of the Southern Constellations“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 77: 414–32 [422]. Bibcode:1917MNRAS..77..414K. doi:10.1093/mnras/77.5.414.
  14. Wagman, Morton (2003). Lost Stars: Lost, Missing and Troublesome Stars from the Catalogues of Johannes Bayer, Nicholas Louis de Lacaille, John Flamsteed, and Sundry Others. Blacksburg, VA: The McDonald & Woodward Publishing Company. стр. 176–77. ISBN 978-0-939923-78-6.
  15. „Beta Hydri“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 11 September 2013.
  16. 16,0 16,1 Brandão, I. M.; Doğan, G.; Christensen-Dalsgaard, J.; Cunha, M. S.; Bedding, T. R.; Metcalfe, T. S.; Kjeldsen, H.; Bruntt, H.; Arentoft, T. (March 2011). „Asteroseismic Modelling of the Solar-type Subgiant Star β Hydri“. Astronomy & Astrophysics. 527: A37. arXiv:1012.3872. Bibcode:2011A&A...527A..37B. doi:10.1051/0004-6361/201015370.
  17. Moore, Patrick (2005). The Observer's Year: 366 Nights of the Universe (2. изд.). New York, New York: Springer. стр. 4. ISBN 978-1-85233-884-8.
  18. 18,0 18,1 Kaler, Jim. „Alpha Hydri“. Stars. University of Illinois. Посетено на 12 September 2013.
  19. „LTT 1059—High Proper-motion Star“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 12 September 2013.
  20. „Gamma Hydri—Variable Star“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 12 September 2013.
  21. Tabur, V.; Bedding, T. R.; Kiss, L. L.; Moon, T. T.; Szeidl, B.; Kjeldsen, H. (2009). „Long-term Photometry and Periods for 261 Nearby Pulsating M Giants“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 400 (4): 1945–61. arXiv:0908.3228. Bibcode:2009MNRAS.400.1945T. doi:10.1111/j.1365-2966.2009.15588.x.
  22. Kaler, Jim. „Gamma Hydri“. Stars. University of Illinois. Посетено на 12 September 2013.
  23. 23,0 23,1 BSJ (19 July 2010). „VW Hydri“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 12 September 2013.
  24. Vogt, N. (1974). „Photometric Study of the Dwarf Nova VW Hydri“. Astronomy and Astrophysics. 36: 369–78. Bibcode:1974A&A....36..369V.
  25. Middleditch, John; Imamura, James N.; Steiman-Cameron, Thomas Y., John (1997). „Discovery of Quasi-periodic Oscillations in the AM Herculis Object BL Hydri“ (PDF). Astrophysical Journal. 489 (2): 912–16. Bibcode:1997ApJ...489..912M. doi:10.1086/304834. На |first2= му недостасува |last2= (help); На |first3= му недостасува |last3= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  26. „HR 667“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 12 September 2013.
  27. „NSV 767“. International Variable Star Index. AAVSO. 18 January 2010. Посетено на 12 September 2013.
  28. „HR 678“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 12 September 2013.
  29. „Eta1 Hydri“. International Variable Star Index. AAVSO. 4 January 2010. Посетено на 12 September 2013.
  30. „Eta 1Hydri—Variable Star“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 12 September 2013.
  31. „HR 570—Star“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 27 September 2013.
  32. Setiawan, J.; Rodmann, J.; Da Silva, L.; Hatzes, A. P.; Pasquini, L.; Von Der Lühe, O.; De Medeiros, J. R.; Döllinger, M. P.; Girardi, L. (2005). „A Substellar Companion Around the Intermediate-mass Giant star HD 11977“. Astronomy & Astrophysics. 437 (2): L31–L34. arXiv:astro-ph/0505510. Bibcode:2005A&A...437L..31S. doi:10.1051/0004-6361:200500133.
  33. Tuomi, Mikko (April 2012). „Evidence for 9 planets in the 10180 system“. Astronomy & Astrophysics. 543: A52. arXiv:1204.1254v1. Bibcode:2012A&A...543A..52T. doi:10.1051/0004-6361/201118518.
  34. Gill, Victoria (24 August 2010). „Rich exoplanet system discovered“. BBC News. BBC. Посетено на 24 August 2010.
  35. 35,0 35,1 „HD 10180—Star“. SIMBAD. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 13 September 2013. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „SIMBAD“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  36. Naef, D.; Mayor, M.; Pepe, F.; Queloz, D.; Santos, N. C.; Udry, S.; Burnet, M. (2001). „The CORALIE survey for southern extrasolar planets V. 3 new extrasolar planets“. Astronomy and Astrophysics. 375 (1): 205–18. arXiv:astro-ph/0106255. Bibcode:2001A&A...375..205N. doi:10.1051/0004-6361:20010841.
  37. Chauvin, G.; Lagrange, A.-M.; Udry, S.; Mayor, M. (2007). „Characterization of the Long-period Companions of the Exoplanet Host Stars: HD 196885, HD 1237 and HD 27442“. Astronomy and Astrophysics. 475 (2): 723–27. arXiv:0710.5918. Bibcode:2007A&A...475..723C. doi:10.1051/0004-6361:20067046.
  38. Mayor, M.; Marmier, M.; Lovis, C.; Udry, S; Ségransan, D.; Pepe, F.; Benz, W.; Bertaux, J.-L.; Bouchy, F.; Dumusque, X.; Lo Curto, G.; Mordasini, C.; Queloz, D.; Santos, N. C. (2011). „The HARPS Search for Southern Extra-solar Planets XXXIV. Occurrence, Mass Distribution and Orbital Properties of Super-Earths and Neptune-mass Planets“ (PDF). arXiv:1109.2497 [astro-ph.EP].CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  39. Maybhate, Aparna; Goudfrooij, Paul; Schweizer, François; Puzia, Thomas; Carter, David (2007). „Evidence for Three Subpopulations of Globular Clusters in the Early-Type Poststarburst Shell Galaxy AM“. Astronomical Journal. 1729. 134 (5): 139−655. arXiv:0707.3133. Bibcode:2007AJ....134.1729M. doi:10.1086/521817.
  40. Ellyard, David; Tirion, Wil (2008) [1993]. The Southern Sky Guide (3. изд.). Port Melbourne, Victoria: Cambridge University Press. стр. 48. ISBN 978-0-521-71405-1.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  41. Westerlund, Bengt E. (1997). „The Age Distribution of Cloud Clusters“. The Magellanic Clouds. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. стр. 57. ISBN 978-0-521-48070-3.
  42. Bakich, Michael E. (2010). 1001 Celestial Wonders to See Before You Die: The Best Sky Objects for Star Gazers. New York, New York: Springer. стр. 373. ISBN 978-1-4419-1777-5.
  43. Moore, Patrick; Tirion, Wil (1997). Cambridge Guide to Stars and Planets. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. стр. 194. ISBN 978-0-521-58582-8.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди