Северница
Северница (Алфа Мала Мечка; α UMi / α Ursae Minoris / Алфа Мала Мечка), позната е и како ѕвезда водилка, е најсјајната ѕвезда во соѕвездието Мала Мечка. Сместена е многу блиску до северниот небесен пол, и во моментов е поларна ѕвезда.
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Мала Мечка |
Ректасцензија | 02ч 31м 48.7с |
Деклинација | +89° 15′ 51″ |
Прив. величина (V) | 1.97 |
Особености | |
Спектрален тип | F7 Ib-II SB |
U−B Боен показател | 0.38 |
B−V Боен показател | 0.60 |
Променлив тип | кефеида |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | -17 км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: 44.22 млс/г Дек.: -11.74 млс/г |
Паралакса (π) | 7.56 ± 0.48 млс |
Оддалеченост | 430 ± 30 сг (132 ± 8 пс) |
Апсолутна величина (MV) | -3.64 |
Податоци | |
Маса | 4.3 +1.1 за Pol B M☉ |
Полупречник | 30 R☉ |
Сјајност | 2200 L☉ |
Температура | 7200 K |
Металичност | 112% solar[1] |
Вртење | ~17 км/с |
Старост | ? години |
Други ознаки | |
Северница е оддалечена околу 430 светлосни години од Земјата. Класифицирана е како α UMi A, F7 светлосен џин (II) или суперџин (Ib). Двете помали пратилки се: α UMi B, F3V ѕвезда која орбитира на растојание од 2400 ае, и α UMi Ab, ѕвезда џуџе која е многу блиску со полупречник на орбитата од 18,5 AU. Најновите истражувања покажуваат дека Северница може да е дел од отворена група ѕвезди од типот A и F.
Надворешни врскиУреди
- Податоци за Северница Архивирано на 6 февруари 2007 г.
- Северница
- Северница, сликана со Хабл
- Северница
НаводиУреди
- ↑ Cayrel de Strobel, G. (2001). „ Catalogue of [Fe/H] determinations for FGK stars: 2001 edition “. A&A. 373: 159–163. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help)
Претходник Kochab & Pherkad |
Поларна ѕвезда 500–3000 |
Наследник Alrai |