Појава рамноденица сонцестој рамноденица сонцестој
Месец март[3] јуни[4] септември[5] декември[6]
година ден време ден време ден време ден време
2020 20 03:50 20 21:43 22 13:31 21 10:03
2021 20 09:37 21 03:32 22 19:21 21 15:59
2022 20 15:33 21 09:14 23 01:04 21 21:48
2023 20 21:25 21 14:58 23 06:50 22 03:28
2024 20 03:07 20 20:51 22 12:44 21 09:20
2025 20 09:02 21 02:42 22 18:20 21 15:03
2026 20 14:46 21 08:25 23 00:06 21 20:50
2027 20 20:25 21 14:11 23 06:02 22 02:43
2028 20 02:17 20 20:02 22 11:45 21 08:20
2029 20 08:01 21 01:48 22 17:37 21 14:14
2030 20 13:51 21 07:31 22 23:27 21 20:09

Рамнодненица или рамнодневицаденоноќието кога должината на денот и ноќта се исти, и се случува двапати годишно, на почетокот на пролетта и на есента.[7]

Приказ на Земјините годишни времиња гледано од северната полутопка. Крајно десно е декемвриската краткодневица.

Годишните времиња се предизвикани од закосувањето на Земјината оска во однос на вртежната рамнина околу Сонцето. Ова закосување изнесува околу ±23,44° во однос на вртежната рамнина, па така, половина година, приближно од 20 март до 22 септември, северната полутопка е поизложена кон Сонцето со максимум околу 21 јуни, а другата половина од годината јужната полутопка е поизложена на Сонцето, со максимум околу 21 декември.

На рамнодневицата која се случува околу 20 март на северната полутопка настапува пролетта, а на јужната есента; обратно, на 22 септември на северната полутопка настапува есента, а на јужната пролетта.

Двата моменти кога Сонцето е точно над екваторот (кога оската на вртење на Земјата е нормална на вртежната рамнина) се викаат рамнодневица.

Интересни податоци за рамнодениците

уреди

Неколку интересни податоци за рамнодениците:

  • Бидејќи Сонцето е сфера, а не светлосна точка, реалното преминување на Сонцето преку екваторот трае 33 часа;
  • На рамнодениците, брзината на промена на траењето на денот и ноќта е најголема: на половите рамнодневицата означува преод од 24-часовен ден во 24-часовна ноќ (или обратно), и таа промена е поголема колку се оди од екваторот кон половите;
  • Од јунската долгодневица до септемвриската рамнодневица има 94 дена, но само 89 дена од декемвриската краткодневица до мартовската рамнодневица: затоа годишните времиња се со различна должина. Причината за ова е различната брзина на Земјата додека се движи околу Сонцето (афел и перихел);
  • Појавата на рамнодневицата не е фиксна, туку приближно 6 часа подоцна секоја година, што изнесува еден цел ден во четири години, но тоа се поништува со престапните години (видете и грегоријански календар);
  • Помалите нерегуларности во моментот на рамнодневицата се предизвикани од влијанието на Месечината и другите планети врз движењето на Земјата;
  • Датите на рамнодневицата ги пресметуваме според времето по Гринич (универзално време), и тие може да варираат и по два календарски дена за луѓето што живеат на далечниот исток или запад, близу до датумската граница. Така, на островите Тонга во 1999. рамнодневицата била на 24 септември, и ќе биде на таа дата повторно дури во 2103. Слично на тоа, на крајниот запад на Америка, рамнодневицата може да биде и на 19 март.

Рамнодневицата во културата на цивилизациите

уреди

Рамнодневицата, особено пролетната, играла значајна улога во културата на сите цивилизации од минатото. Почетокот на пролетта бил поврзан со почеток на земјоделските работи, или со приложување на жртви заради успешен род. Пролетната рамнодневица била прославувана и како почеток на новата година. Во Македонија, најстарото познато наоѓалиште на кој се определувал датумот на рамнодневицата е Кокино, од околу 1800 г. п.н.е.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Astronomical Applications Department of USNO. „Earth's Seasons - Equinoxes, Solstices, Perihelion, and Aphelion“. Посетено на 1 август 2022.
  2. „Solstices and Equinoxes: 2001 to 2100“. AstroPixels.com. 20 февруари 2018. Посетено на 21 декември 2018.
  3. Équinoxe de printemps entre 1583 et 2999
  4. Solstice d’été de 1583 à 2999
  5. Équinoxe d’automne de 1583 à 2999
  6. Solstice d’hiver
  7. „рамнодневица“Дигитален речник на македонскиот јазик