Вавилонска астрономија

Вавилонската астрономија бележи поголеми достигнувања. Вавилонската цивилизација растела од 17 до 6 век п.н.е. За да го усовршат нивниот календар, тие ги проучувале движењата на Сонцето и Месечината. Тие го назначиле денот после младата месечина за почеток на секој месец.

Снимка на таблет Вавилон на Халеева Комета во 164 п.н.е.

Околу 400 година п.н.е., период кога Вавилон е дел од Персија, вавилонските астрономи забележале дека привидните движења на Сонцето и Месечината од запад кон исток околу Зодијакот немаат постојана брзина[1]. Овие тела наизглед се движат со брзина која расте сè до половината на нивната ротација до одреден максимум по што нивната брзина опаѓа на својот минимум. Вавилонците се обиделе да го претстават овој циклус аритметички со тоа што на Месечината ѝ дале фиксна брзина на движење за време на едната половина од нејзиниот циклус, а различна фиксна брзина за другата половина од циклусот. Подоцна тие го усовршиле математичкиот метод со тоа што ја претставиле брзината на Месечината како фактор кој линеарно расте од минимум до максимум за време на првата половина од револуцијата, за потоа да опадне на минимумот до крајот на циклусот. Со овие пресметки на месечевите и сончевите движења Вавилонските набљудувачи на ѕвезди можеле да го предвидат времето на младата месечина и воедно првиот ден од месецот. На сличен начин биле пресметани и планетарните позиции претставени заедно со нивните повратни и вообичаени движења кон исток. Веројатно е дека од оваа цивилизација потекнуваат астрономите кои го измислиле системот на пресметки.

Наводи

уреди
  1. Hunger, Herman (1999). „Ziqpu Star Texts“. Astral Sciences in Mesopotamia. Brill. стр. 84–90. ISBN 9789004101272. Архивирано од изворникот 2020-11-22. Посетено на 2018-10-13.