Јужна небесна полутопка

северната половина од небесната сфера

Јужна небесна полутопка или јужно небојужната полутопка на небесната сфера, односнo подрачјето кое лежи јужно од небесниот екватор. За оваа произволна сфера велиме дека се врти во западен правец околу поларната оска поради вртењето на Земјата.

Карта на сето јужно небо, сосредоточена на небесниот пол.

Целото јужно небо е видливо од географскиот Јужен Пол во секое време, и станува помалку видливо како што набљудувачот оди посеверно. Северниот истоветник на оваа полутопка е северната небесна полутопка.

Астрономија

уреди
 
Земјиното вртење во рамките на небесната сфера. Јужното небо е под небесниот екватор.

Во контекст на астрономските расправи во врска со небесната картографија, оваа небесна полутопка се нарекува просто „северна полутопка“.

При изработка на ѕвездени карти, астрономите го поимуваат небото во сфера поделена на две по линијата на небесниот екватор. Јужното небо (јужната полутопка) е онаа половина од небесната сфера која лежи јужно од небесниот екватор.

Дури и ако геоцентричниот систем е идеална проекција на земскиот екватор врз замислена небесна сфера, јужната и северната небесна полутопка не треба да се мешаат со полутопките на самата Земја.

Набљудување

уреди

Гледајќи ог Јужниот Пол, при поволни услови на јужното небо се гледаат преку 2.000 неподвижни ѕвезди кои лесно се гледаат со голо око, и уште 20.000 до 40.000 со помош на инструмент. Во големите градови се видливи 300 до 500 ѕвезди, зависно од светлинското и воздушното загадување. Видливоста зависи и од географската положба, па така во посеверните краишта се гледаат помалку јужни ѕвезди.

На оваа полутопка има разни сјајни ѕвезди. Со привидна величина од –1,46, Сириус во соѕвездието Големо Куче е најсјајната ѕвезда на ова небо; има двапати поголем полупречник од Сончевиот и оддалечена е на 8,6 светлосни години. На истата полутопка се и Канопус и Толиман (α Кентаур), на далечина од 4,2 светлосни години, со деклинација од околу –60° — преблиску до јужниот небесен пол за да бидат видливи од Средна Европа.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. David Ellyard, Wil Tirion: The Southern Sky Guide. Cambridge Univ. Press, Cambridge 2009, ISBN 978-0-521-71405-1