Флемстидово означување

Флемстидово означување (или „Флемстидов каталог“) — попис на ѕвездите, сличен на Бајеровото, освен што тука се користат бројки наместо грчки букви. Секоја ѕвезда има број и генитивен латински назив на матичното соѕвездие[1]. Флемстидовите ознаки покриваат вкупно 2554 ѕвезди.

Броевите првично се распоредени по нагорен редослед ректасцензија во рамките на секое соѕвездуе, но денес на некои места ѕвездите се малку поместени заради прецесија. Овој метод на означување на ѕвезди за првпат се појавил во ракописот на делото „Историја на британското небо“ (Historia Coelestis Britannica) од Џон Флемстид, подоцна објавена од Едмонд Халеј и Исак Њутн во 1712 без одобрение од Флемстид.[2][3] Конечното издание на Флемстидовиот каталог е објавено во 1725 (посмртно) и во него сосем се изоставаат бројки од ознаките.

Овој систем на означување стекнал популарност во XVIII век, а денес се користи во случај кога нема Бајерова ознака. Оние ѕвезди што имаат Бајерово означување секогаш го користат Бајеровото, а речиси никогаш Флемстидовото. Попознати ѕвезди што редовно носат Флемстидова ознака како име се 51 Pegasi[4] и 61 Cygni[5]. Меѓутоа, доколку Бајеровата ознака има број како наставка, тогаш Флемстидовата ознака добива предност - на пример. „55 Cancri“ почесто се среќава од „Rho-1 Cancri“.

Постојат примери на ѕвезди со Флемстидови ознаки за соѕвездија на кои не еприпаѓаат, но вакви примери има и кај Бајеровите ознаки. Причина за ова е прекројувањето на соѕвездијата штѕо е извршено во поново време. Треба да се спомене и дека Флемстидовиот каталог содржи само ѕвезди што се гледаат од Велика Британија, па затоа ѕвездите од подалечните јужни соѕвездија немаат Флемстидови броеви. Некои ѕвезди, како блиската ѕвезда 82 Eridani, се именувани во значајниот каталог на јужната полутопка наречен Uranometria Argentina од Бенџамин Гулд, и затоа немаат вистински Флемстидови ознаки и треба да ја содржат буквата G, како на пример 82 G. Eridani. Денес овие ознаки не се во употреба, со само неколку исклучоци.

Некои ставки во Флемстидовиот каталог се грешки: на пример, Флемстид во 1690 го забележал Уран, но не го препознал како планета, туку мислел дека е ѕвезда, па затоа го завел во каталогот како ѕвезда 34 Tauri.

Список на соѕвездија што користат Флемстидови ознаки

уреди

Постојат 52 соѕвездија што претежно користат Флемстидови ознаки. Секое од наведените соѕвездија има список на ѕвездите што ги содржи:

Наводи

уреди
  1. вид. Список на соѕвездија за генитивните облици на имињата на соѕвездијата
  2. „Именување на астрономските објекти“. Меѓународен астрономски сојуз (МАС). Посетено на 30 јануари 2009. (англиски)
  3. „Именување на ѕвездите“. SEDS. Архивирано од изворникот на 2002-10-14. Посетено на 30 јануари 2009. (англиски)
  4. вид. Вонсончева планета
  5. вид. Паралакса

Поврзано

уреди