Зодијак
Зодијакот претставува замислен појас на небесниот свод и се протега приближно 8 степени од двете страни на сончевата еклиптика (патеката на Сонцето) којшто ги вклучува и еклиптиките на Месечината, и на планетите Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн. Името зодијак потекнува од грчкиот збор ζώο - што значи животно. Постои зодијак и во хиндуистичката астрологија, сличен на овој во западната астрологија и многу поразличен зодијак во кинеската астрологија.

Историско потекло
уредиЗодијакот потекнува од Сумерите кои живееле во Месопотамија.
Зодијачки соѕвездија
уредиЗодијакот вклучува дванаесет од соѕвездијата низ кои еклиптиката поминува. Еклиптиката всушност поминува и низ тринаесетто соѕвездие - соѕвездието на борецот со змии (латински: Ophiuchus) но тоа не се смета за дел од зодијакот. Поради тоа што еклиптиката лежи во главната рамнина на Сончевиот Систем, Сонцето, Месечината и планетите изгледаат како да се движат низ зодијачките соѕвездија.
Следната табела ги споредува датите во кои Сонцето влегува во астролошки знак или од Западниот или од Хиндуистичкиот астролошки систем, и датата кога Сонцето влегува во астрономското соѕвездие со истото име. Датите можат да варираат најмногу до два дена, од година на година, во зависност циклусот на престапните години, и од изместувањето на оската на Перихелот на Земјината орбита низ текот на многу векови.
Ангели на зодијакот
уреди
Со појавата на христијанизацијата на Европа, ангелите беа поврзувани со знаците на зодијакот за да ги заменат традиционалните богови. Традиционалните поврзувања се:
Знак | Ангел |
---|---|
Овен | Малахидаел |
Бик | Азмодел |
Близнаци | Амбриел |
Рак | Муриел |
Лав | Верхиел |
Девица | Хамалиел |
Вага | Уриел |
Скорпија | Барбиел |
Стрелец | Адвахиел |
Јарец | Ханиел |
Водолија | Габриел |
Риби | Бархиел |
Зодијакот како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Самоизгнаник во кругот на Зодијак“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[1]
- „Зодијак“ (Zodiac) - рок-балет на македонската рок-група „Леб и сол“ од 1990 година.
- „Јарец (англиски: Capricorn) - песна на британската рок-група „Моторхед“ (Motörhead) од 1979 година.[2]
- „Зодијак“ (Zodiac) - филм на американскиот режисер Дејвид Финчер од 2007 година.
Надворешни врски
уреди- Карта на кинескиот зодијак — Најдете го Вашиот знак во кинескиот зодијак засновано на вашата дата на раѓање.
- Келтски зодијак Архивирано на 7 декември 2005 г. — Фолклор и историја на келтскиот зодијак.
- Зодијаци — Мрежно место кое ги опишува зодијаците детално.
- Ophiuchus — Пролемот на знакот на борецот со змии (Ophiuchus), таканаречениот 13ти знак на зодијакот.
- cartomanzia Архивирано на 4 октомври 2016 г. University of Pisa research
- Водич до бесплатни хороскопи со одбрани мрежни места, лекции за почетници и хороскопски бесплатен софтвер.
- Роден под знакот на борецот со змии (Ophiuchus) и игнориран од хороскопите: модерна дилема — Прилог кој го дискутира испуштањето на знакот на борецот со змии (Ophiuchus) од страна на астролозите.
- Карта на ерите на зодијакот Архивирано на 12 април 2006 г.
Наводи
уреди- ↑ Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 23-24.
- ↑ Discogs, Motörhead – Overkill (пристапено на 18 јануари 2021)