Орион (соѕвездие)
За други значења на поимот, видете Орион (појаснување)
лат. Orion | |
![]() | |
Кратенка | Ori |
---|---|
Генитивно | Orionis |
Ректасцензија | 5 ч. |
Деклинација | +5° |
Површина | 594 (°)² (26то) |
Главни ѕвезди | 7 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 81 |
Ѕвезди со планети | 2 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 8 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 2 |
Најсјајна ѕвезда | Ригел (β Orionis) (0,12m) |
Најблиска ѕвезда | π3 Ori ( сг, пс) |
Месјеови објекти | 3 |
Метеорски дождови | ориониди хи-ориониди |
Соседни соѕвездија | Близнаци Бик Еридан Зајак Еднорог |
Видливо на ширина од +85° до −75°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јануари. |
Орион (хебрејски כְּסִיל), често се преведува како „Ловецот“ е истакнато соѕвездие – едно од најголемите, највпечатливите и највидливите на ноќното небо.[1] Ова соѕвездие е наречено според митолошкиот ловец Орион.
Сјајните ѕвезди на Орион се наоѓаат на небесниот екватор и се видливи за целиот свет. Од северните ширини Орион е видлив навечер од октомври до почетокот на јануари, а наутро од крајот на јули до ноември.[2][3]
Приказната за Орион и АртемидаУреди
Орион бил ловец вљубен во Артемида, божицата на ловот и дивечот. Аполон, братот на Артемида, не сакал таа да биде во љубовна врска со смртник како Орион. Еден ден, Аполон ја предизвикал Артемида да погоди со својата стрела во центарот кој се наоѓал во морето, но таа цел била Орион кој во тоа време пловел со бродот и така, Артемида го погодила својот сакан во срцето. Кога Артемида сфатила дека убиениот е нејзиниот скана, таа го замолила својот татко Зевс да го стави Орион на небото така настанало созвездието.
Орион како мотив во уметноста и во популарната култураУреди
- „Орион“ (англиски: Orion) - песна на американската хеви-метал група „Металика“ (Metallica) од 1986 година.[4]
НаводиУреди
- ↑ Dolan, Chris. „Orion“. Архивирано од изворникот на 2011-12-07. Посетено на 5 октомври 2007.
- ↑ „Introduction to the Constellations“. Посетено на 10 октомври 2007.
- ↑ „Look for Orion the Hunter, and Sirius the Dog Star >> skywatching“. Посетено на 10 октомври 2007.
- ↑ Discogs, Metallica – Master Of Puppets (пристапено на 17.1.2021)
ЛитератураУреди
- Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0007251209. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0691135564.
Надворешни врскиУреди
„Орион (соѕвездие)“ на Ризницата ? |
- Карта на Орион Архивирано на 23 септември 2008 г.
- Фотографски водач низ соѕвездијата: Орион
- Планетариум Мелбурн: Прошетка низ соѕвездието Орион Архивирано на 30 јули 2008 г.
- Орион