Метаморфози (Овидиј)

Метаморфози или Преобразби (латински: Metamorphōseōn librī) — латинска наративна поема од 8 н.е., од римскиот поет Овидиј, која се смета за негов магнум опус. Сочинета од 11995 реда, 15 книги и над 250 митови, поемата ја раскажува историјата на светот од неговото создавање до обожението на Јулиј Цезар во лабава митско-историска рамка.

Навидум еден вид на епопеја, поемата пркоси на простата родова класификација преку употребата на различни теми и тонови. Овидиј се инспирирал од родот на поезија за метаморфоза, а некои од Метаморфозите произлегуваат од претходно толкување на истите митови; сепак, тој значително се има оддалечено од сите негови модели.

Едно од највлијателните дела во западната култура, Метаморфозите служеле како инспирација на автори како Данте Алигиери, Џовани Бокачо, Џефри Чосер и Вилијам Шекспир. Бројни епизоди од поемата се прикажани во признати дела на вајарството, сликарството и музиката. Иако интересот за Овидиј исчезнал по ренесансата, повторно се појавило внимание на неговата работа кон крајот на 20 век. Денес Метаморфозите продолжуваат да инспирираат и да се раскажуваат преку разни медиуми.

Надворешни врски уреди