Јужен Повратник
23°26′16″S 0°0′0″W / 23.43778° ЈГШ; -0.00000° ИГД
Јужен Повратник (наречен и Јарчев Повратник) — замислена кружница на најјужната географска должина на Земјата на која Сонцето може да дојде нормално на Земјината површина. Оваа појава се јавува при декемврискиот сонцестој, кога јужната полутопка е во најголема мера наклонета кон Сонцето.
Ова е еден од петте главни напоредници што стојат на картите на светот. Моментално јужниот напоредник (епоха 2011) лежи 23° 26′ 16″ јужно од екваторот.[1]
Положбата на повратникот не е постојана, туку се поместува на север со стапка од речиси половина секунда (0,47″ или 15 метри) годишно. Во 1917 г. повратникот се наоѓал точно на 23° 27' ЈГШ.[2]
Повратникот се нарекува и „Јарчев Повратник“ поради фактот што пред 2000 сонцето влегло во соѕвездието Јарец за време на декемврискиот сонцестој. Денес сонцето во ова време од годината се јавува во соѕвездието Стрелец. Промената се должи на појавата наречена прецесија на рамнодениците.
Места
уредиПочнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, Јужниот Повратник минува низ следниве места:
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Пресметки на временските епохи (англиски)
- Корисни константи (англиски)
Наводи
уреди- ↑ Повратник во движење[мртва врска] (шпански)
- ↑ Миланковиќевите циклуси и глацијацијата Архивирано на 6 август 2011 г. - Државен унверзитет на Монтана (англиски)