Јужен Крст (соѕвездие)

Јужен Крстсоѕвездие со местоположба високо на јужното небо, по површина е најмалото соѕвездие но сепак е највпечатливото од сите 88 современи соѕвездија. Името потекнува од латинскиот збор што значи крст, и се претставува со облик на крст, астеризам кој е познат како Јужен Крст. Иако било видливо за Старите Грци, истото се сметало за дел од соѕвездието Кентаур, и истото не било прецизно исцртано сè до XVI век.

Јужен Крст
лат. Crux
КратенкаCru
ГенитивноCrucis
СимболизамЈужен Крст
Ректасцензија12,5 ч.
Деклинација−60°
КвадрантSQ3
Површина68 (°)² (88-мо)
Главни ѕвезди4
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
19
Ѕвезди со планети2
Ѕвезди посјајни од 3,00m5
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)0
Најсјајна ѕвездаАкрукс (α Cru) (0,87m)
Најблиска ѕвездаη Cru
(64,22 сг, 19,69 пс)
Месјеови објекти0
Метеорски дождовиКрукиди
Соседни
соѕвездија
Кентаур
Мува
Видливо на ширина од +20° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец мај.

Позната како Акрукс, синобелата Алфа Јужен Крст е најсјајната ѕвезда во соѕвездието и ѕвездата на долната страна од крстот. Слични по сјајност се и Бета и Гама, додека пак Делта и Епсилон го образуваат астеризмот. Многу од сјајните ѕвезди на соѕвездието се дел од ѕвезденото здружение Скорпија-Кентаур, ретка група на топли синобели ѕвезди кои потекнуваат од исто место и се движат подеднакво низ Млечниот Пат. Кај системите од две ѕвезди се забележани планети. Соѕвездието исто така содржи и четири класични кефеиди кои можат да се забележат и со голо око при идеални услови. Јужен Крст исто така ги содржи и Кутија за Накит, сјајно растурено јато и маглината Торба за Јаглен, најзабележителната темна маглина на небесниот свод.

Историја

уреди
 
Приказ на соѕвездието Јужен Крст (означен како 'Las Guardas') од страна на докторот и астроном Жуан Фараш во неговото писмо до португалскиот крал Мануел I од 1 мај 1500 година испратено од новооткриената земја Бразил

Јужен Крст било видливо и за Старите Грци, Птоломеј го сметал за дел од соѕвездието Кентаур.[1][2] Истото можело да се види на север сè до Британија во четвртиот миленим п.н.е. Но поради прецесијата ѕвездите од соѕвездието се спуштиле под хоризонтот на набљудување на Европа, и со текот на времето биле заборавени од жителите на северните широчини.[3] До 400 година, повеќето од ѕвездите не се изкачувале на хориизонтото за да бидат забележани од страна на жителите на Европа.

Венецијанскиот морепловец Алвизе Кадамосто во XV век забележал соѕвездие кое веројатно било Јужен Крст при напуштањето на заливот на реката Гамбија во 1455 година, нарекувајќи го „јужна кочија“ (carro dell'ostro). Но, соѕвездието на Кадамосто имало премногу ѕвезди и било накосено на погрешната страна.[4] Историчарите го посочуваат Жуан Фараш како откривач на соѕвездието при неговото патување до Бразил во 1500 година. Фараш го нацртал и опишал соѕвездието во своето писмо до португалскиот крал.[5]

Друго спомнување на соѕвездието Јужен Крст му се препишува на италијанскиот навигатор Андреа Корсали, кој од 1515 па сè до 1517 година пловел до кина и источна Индија во експедиција поддржана од страна на кралот Мануел I. Во 1516 година, Корали пишал писмо до кралот опишувајќи ги своите набљудувања на јужното небо, на кое имало и мала карта со 19 ѕвезди и двата Магелановим Облаци во околуземска насока, со видлив текстуален опис на Јужниот Крст.[6]

Емери Молине исто така се наведува како прв уранографер кој го рзликувл Јужен Крст, неговиот цртеж потекнува од 1592 година. Подоцна истото го прифатиле и Јакоб Барч во 1624 година и Августин Роје во 1679 година. Роје понекогаш по грешка се наведува како прв уранограф кои го опишал Јужен Крст.[2] Истражувачот Америго Веспучи го опишал Јужен Крст како бадем, наречен „Мандорла“.[7]

Јужен Крст за првпате прикажано како одвоено соѕвездие на небесниот глобус од страна на Петар Планциј и Јодок Хондиј во 1598 и 1600 година. Ѕвездите во соѕвездието за првпат биле посебно каталогизирани од Кентаур од страна Фредерик де Хаутман во 1603 година.[8]

Особености

уреди

Јужен Крст се граничи со соѕвездијата Кентаур на исток север и запад, и Мува на југ. Со површина од 68 квадратни степени или 0,165% од ноќното небо, е најмалото соѕвездие од 88 современи соѕвездија.[9] Кратенката од три букви 'Cru' за соѕвездието била усвоена од стрна на Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 година.[10] Официјалните граници на соѕвездието се поставени од страна на Ежен Делпорт во 1930 година, станува збор за многуаголник со четири делови. Во екваторскиот координатен систем, координатите на ректасцензијата на овие граници се 11ч 56,13м и 12ч 57,45м, додека пак координатите на деклинацијата се движат меѓу −55,68° и −64,70°.[11] Целото соѕвездие може да се набљудува јужно од 25 степени географска широчина.[12][б 1]

Во тропските области Јужен Крст може да се види на небото од април до јуни. Јужен Крст е точно на спротивната страна од Касиопеја на небесната сфера, и поради тоа не може истовремено да се набљудуваат и двете соѕвездија. За местата јужно од географската широчина 34°ЈГШ, Јужен Крст е околуполарно соѕвездие и истото може да се набљудува преку целата година.

Јужен Крст понекогаш се погрешува со блиското соѕвездие Лажен Крст од страна на набљудувачите. Јужен Крст наликува на делтоид, и ја има петтата ѕвезда (ε Јужен Крст). Лажниот Крст е со облик на баклава, потемен не поседува петта ѕвезда и му недостасуваат забележливите две ѕвезди наречени „Посочувачки Ѕвезди“.

Видливост

уреди
 
Петте најсјајни ѕвезди во Јужен Крст се забележливи од десно горе. Црвениот џин Гакрукс и портокаловиот џин Епсилон потполно се разликуваат од останатите три поголеми ѕвезди во соѕвездието, кои се сино бели по боја.
 
A CTX слика од Јужен Крст.
 
Долготрајна експозиција на Јужен Крст, Торба за Јаглен, и IC 2944

Јужен Крст е лесно видливо соѕвездие од јужната полутопка скоро во секој период од годината. Истото може да се види и од тропските области во близина на хоризонтот од тропските широчини на северната полутопка за неколку часа секоја ноќ за време на зимата и пролетта. На пример, може да се набљудува од Канкун или кое и дабило друго место на 25° СГШ или помала СГШ од 22.00 часот на крајот од месец април.[13][14] Се глеедаат петте главни ѕвезди.

Употреба во навигацијата

уреди
 
Одредување на местоположбата на јужниот небесен пол.

На јужната полутопка, Јужен Крст постојано се користи како средство за навигација на ист начин како што се користи ѕвездата северница на северната полутопка. Алфа и Гама (познати како Акрукс и Гакрукс) се ѕвездите кои се користат за да се одреди јужната насока. Со исцртување на линија од Гакрукс до Акрукс Tсе добива точка која е близу до јужниот небесен пол.[3] Друг начин е да се исцрта линија нормална на линијата меѓу Алфа Кентаур и Бета Кентаур, точката каде овие две линии се сечат го означува јужниот небесен пол. Двете ѕвезди Алфа Кентаур и Бета Кентаур се нарекуваат и „Посочувачки Ѕвезди“ или само „Посочувачи“, што им овозможува на луѓето лесно да го одредат астеризмот на Јужниот Крст или пак соѕвездието Јужен Крст. Има мал број на важни сјајни ѕвезди меѓу Јужен Крст и јужниот небесен пол, иако соѕвездието Мува можне лесно може да се забележи веднаш под Јужен Крст.[15]

Една техника која се користи за определување на јужниот небесен пол е се стисне тупаница со десната рака, со издолжен палец и да се набљудува крстот, подредувајќи го првиот зглоб со оската на крстот, врвот од палецот ќе го покажува јужниот небесен пол.[15]

аргентинските гаучоси се познати по тоа што го користат Јужниот Крст за навигација низ широките пампи и патагоноски области.

Забележителности

уреди
 
Соѕвездието Јужен Крст како што се набљудува со голо око.

Ѕвезди

уреди

Четирите главни ѕвезди кои го образуваат астеризмот се Алфа, Бета, Гама и Делта Јужен Крст. Алфа Јужен Крст, наречена Акрукс е тројна ѕвезда на растојание од 321 сг. од Земјата. Сина по боја и со светлинска величина 0,8, се состои од две блиски ѕвезди со светлински величини 1,3 и 1,8, додека пак далечната трета ѕвезда има светлинска величина 5. Двете блиски ѕвезди можат да се набљудуваат одделно во мали аматерски телескопи, додека пак далечната ѕвезда може одделно да се набљудува и со двоглед. Бета Јужен Крст, Наречена Мимоза, е син џин со светлиснка величина 1,3 на растојание од 353 сг. од Земјата. Станува збор за променлива ѕвезда од типот на кефеиди со промена на светлинската величина помала од 0,1.[3] Гама Јужен Крст, наречена Гакрукс, е двојна ѕвезда. Првичната е црвен џин со светлинска величина 1,6 и на растојание од 88 сг. од Земјата. Втората ѕвезда е со светлинска величина 6,5, и на растојание од 264 сг. од Земјата. Делта Јужен Крст е синобела ѕвезда со светлинска величина 2,8 и на растојание од 364 сг. од Земјата. Таа најтемната ѕвезда од четирите ѕвезди на соѕвездието Јужен Крст.[3] Like Beta it is a Beta Cepheid.[9]

Има и неколку потемни ѕвезди во границите на соѕвездието Јужен Крст. Епсилон Јужен Крст е портокалов џин со светлинска величина 3,6 и на растојание од 228 сг. од Земјата. Јота Јужен Крст е двојна ѕвезда на 125 сг. од Земјата. Првичната ѕвезда е портокалов џин со светлинска величина 4,6, додека пак втората има светлинска величина 9,5. Ми Јужен Крст е двојна ѕвезда каде неповрзаните ѕвезди се на растојание од 370 сг. од Земјата. Првичната е синобела ѕвезда со светлинска величина 4, додека пак втората е исто така синобела ѕвезда со светлинска величина 5,1. Ми Јужен Крст може одделно да се набљудува во мали аматерски телескопи.[3]

15 од 23-те најсјајни ѕвезди се синобели ѕвезди од спектралната класа B.[9] Од петте главни ѕвезди на крстот, Делта Јужен Крст а веројатно и Акрукс и Мимоза се членови на ѕвезденото здружение Скорпија-Кентаур, најблиското OB-здружение до Сонцето.[16][17] Тие се меѓу најголемите и најмасивни членови на помалата подгрупа Кентаур-Јужен Крст, со просечна старост на ѕвездите од 10 до 20 милиони години.[18][19] Други членови на синобелите ѕвезди се Зета, Ламбда, Ми1 и Ми2.[20]

Ламбда Јужен Крст и Тета2 Јужен Крст се исто така кефеиди.[9]

Јужен Крст содржи и четири кефеиди кои можат да се набљудуваат со голо око. BG Јужен Крст има промена на светлинската величина од 5,34 до 5,58 во период 3,3428 денови,[21] T Јужен Крст има промена на светлинската величина од 6,32 до 6,83 во период од 6,73331 денови,[22] S Јужен Крст има промена на светлинската величина од 6,22 до 6,92 во период од 4,68997 денови,[23] и R Јужена Крст со промена на светлинската величина од 6,4 до 7,23 во период од 5,82575 денови.[24] BH Јужен Крст, позната и под името Велчова Црвена Променлива , е Мирида чија промена во светлинската величина се движи од 6,6 до 9,8 во период од 530 денови.[25] Истата била откриена во октомври 1969 година и станала поцрвена и посјајна а и периодот се продолжил за 25% во првите 30 години од нејзиното отривање.[26]

За ѕвездата HD 106906 е откриено дека поседува планета HD 106906 b која има поголема орбита од која и да е досега откриена вонсончева планета.

Далечни објекти

уреди
 
Јужен Крст и маглината Торба за Јаглен

Маглината Торба за Јаглен е најизразената темна маглина на небото, лесно видлива за голо око како изразенатемна дамка на јужниот Млечен Пат. Станува збор за голема маглина, 5 степени на 7 степени, и на растојание од 600 сг. од Земјата. Целата маглина не е во границите на Јужен Крст, дел е во Мува и Кентаур.[3]

Расеаното ѕвездено јато NGC 4755, познато и како Кутија за Накит или јатото Капа Јужен Крст, има вкупна светлинска величина од 1,2 и гледано со голо око наликува ан заматена ѕвезда[3] и е на растојание од 7.600 сг. од Земјата.[27] Името на јатото му било дадено од страна на Џон Хершел.[3] Со старост од седум милиони години, старсот која го прави едно од најмладите расеани јата во Млечниот Пат, и истото го има обликот на буквата А. Јатото е класифицирано како Шеплиева класа g и Трамплерова класа I 3 r, што значи дека е богато со централно концентрирани ѕвезди одвоени од останатото ѕвездено поле. Во јатото има повеќе од 100 ѕвезди кои се разликуваат значајно по своите сјајности.[27] Најсветлите ѕвезди се најчесто бели суперџинови, иако јатото содржи и неколку светли црвени суперџинови. Капа Јужен Крст е претставителниот член на ова јато кое го носи нејзиното име, станува збор за најсјајната ѕвезда со светлинска величина 5,9.[3]

Културолошко значење

уреди

Најизразената особина на Јужен Крст е неговиот астеризам познат под иметто Јужен Крст. Истото има големо значење во културите на јужната полутопка, особено во Австралија, чии жители себеси си се нарекуваат синови и ќерки на Јужниот Крст.[28]

Знамиња и ознаки

уреди
 
Јужен Крст, се појавува како ознака на голем број на знамиња и амблеми

На почетокот на колонијалната ера, Јужен Крст станува заштитен симбол на неколку јужни народи. Најсјајните ѕвезди од Јужен Крст се појавуваат на знамињата на Австралија, Бразил, Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја и Самоа. Истите се појавуваат и на знамињата на австралиската држава Викторија, австралиската Главна Територија, Северната Територија, како и на знамето на Магелановата област во Чиле, знамето на Лондрина (Бразил) и неколку аргентински покраински знамиња и амблеми (на пример, Огнена Земја и Санта Крус). Знамето на трговската зона Меркосур ги содржи најсјајните четири ѕвезди. Јужен крст се појавува и на Бразилскиот грб.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Додека дел од соѕвездието може да го забележат и набљудувачи на географски широчини меѓу 25°СГШ и 34°СГШ, ѕвездите на неколку степени од хоризонтот не се видливи.[12]

Наводи

уреди
  1. Pasachoff, Stars and Planets, 2006, p. 144.
  2. 2,0 2,1 Staal 1988, стр. 247.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Ridpath & Tirion 2001, стр. 132-133.
  4. "We likewise observed...due south by compass, a constellation of six large bright stars, in the figure of a cross in this form...we conjectured this to be the southern chariot, but could not expect to observe the principal star, as we had not yet lost sight of the north pole." A. Cadamosto Navigatione, written c.1465 (1550 Ramusio edition, p.116r; 1811 Kerr edition p.244)
  5. Revista do Instituto Histórico e Geográfico Brasileiro, V nº 19., Rio de Janeiro, 1843
  6. Nick Kanas (2012), Star Maps: History, Artistry, and Cartography, Second Edition, Chichester, U.K., стр. 118, ISBN 978-1-4614-0917-5
  7. Staal 1988, стр. 249.
  8. „Ian Ridpath's Star Tales – Crux“. Посетено на August 5, 2013.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Bagnall, Philip M. (2012). The Star Atlas Companion: What You Need to Know about the Constellations. New York, New York: Springer. стр. 183–87. ISBN 978-1-4614-0830-7.
  10. Russell, Henry Norris (1922). „The New International Symbols for the Constellations“. Popular Astronomy. 30: 469. Bibcode:1922PA.....30..469R.
  11. „Crux, Constellation Boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Посетено на 23 June 2014.
  12. 12,0 12,1 Ian Ridpath. „Constellations: Andromeda–Indus“. Star Tales. self-published. Посетено на 23 June 2014.
  13. Pasachoff, Jay M (2000). Field Guide to the Stars and Planets. Houghton Miflin. стр. 67. ISBN 978-0-395-93431-9.
  14. „Ian Ridpath.com: Constellations“. Посетено на 4 March 2011.
  15. 15,0 15,1 Grainger, DH. Don't die in the Bundu (8. изд.). Cape Town. стр. 84–86. ISBN 0 86978 056 5.
  16. Preibisch, T., Mamajek, E. (2008). „The Nearest OB Association: Scorpius-Centaurus (Sco OB2)“. Handbook of Star-Forming Regions. 2: 0. arXiv:0809.0407. Bibcode:2008hsf2.book..235P.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  17. Rizzuto, Aaron; Ireland, Michael; Robertson, J. G. (October 2011), „Multidimensional Bayesian membership analysis of the Sco OB2 moving group“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 416 (4): 3108–3117, arXiv:1106.2857, Bibcode:2011MNRAS.416.3108R, doi:10.1111/j.1365-2966.2011.19256.x.
  18. de Geus, E. J., de Zeeuw, P. T., & Lub, J. (1989). „Physical Parameters of Stars in the Scorpio-Centaurus OB Association“. Astronomy & Astrophysics. 216 (3): 44–61. Bibcode:1989A&A...216...44D.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  19. Mamajek, E.E.; Meyer, M.R.; Liebert, J. (2002). „Post-T Tauri Stars in the Nearest OB Association“. Astronomical Journal. 124 (3): 1670–1694. arXiv:astro-ph/0205417. Bibcode:2002AJ....124.1670M. doi:10.1086/341952.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  20. de Zeeuw, P.T.; Hoogerwerf, R.; de Bruijne, J.H.J.; Brown, A.G.A.; Blaauw, A. (1999). „A Hipparcos Census of Nearby OB Associations“. Astronomical Journal. 117 (1): 354–99. arXiv:astro-ph/9809227. Bibcode:1999AJ....117..354D. doi:10.1086/300682.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  21. Watson, Christopher (4 January 2010). „BG Crucis“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 12 March 2014.
  22. Watson, Christopher (4 January 2010). „T Crucis“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 12 March 2014.
  23. Watson, Christopher (4 January 2010). „S Crucis“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 12 March 2014.
  24. Watson, Christopher (4 January 2010). „R Crucis“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 12 March 2014.
  25. Otero, Sebastian (6 January 2011). „BH Crucis“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 23 June 2014.
  26. Walker, W.S.G. (2009). „BH Crucis : Period, Magnitude, and Color Changes“. J. Am. Assoc. Variable star obs. 37: 87–95. Bibcode:2009JAVSO..37...87W.
  27. 27,0 27,1 Levy 2005, стр. 87.
  28. http://www.smh.com.au/national/sons-and-daughters-of-the-southern-cross-20091009-gqub.html

Надворешни врски

уреди