Кефеј (соѕвездие)
Кефеј — соѕвездие на северното небо. Именувано според Кефеј, Кралот на Етиопија во старогрчката митологија. Станува збор за едно од 48 соѕвездија забележани од Птоломеј во II век, и останало како едно од 88-те современи соѕвездија. Најсветлата ѕвезда Алфа Кефеј е со привидна светлинска величина од 2,5. Делта Кефеј е прототип за важна класа на ѕвезди познати како кефеиди. Ми-Кефеј и VV-Кефеј се црвени суперџинови и се едни од најголемите ѕвезди.
лат. Cepheus | |
Кратенка | Cep |
---|---|
Генитивно | Cephei |
Симболизам | Крал/Кралот Кефеј |
Ректасцензија | 20ч 01м [1] ч. | 56,4.481с–09ч 03м 19,7.931с
Деклинација | 88,6638870°–53,3532715°[1]° |
Површина | 588 (°)² (27-мо) |
Главни ѕвезди | 7 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 43 |
Ѕвезди со планети | 1 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 1 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 3 |
Најсјајна ѕвезда | α Cep (Алдерамин) (2,45m) |
Најблиска ѕвезда | Кругер 60 (13,15 сг, 4,03 пс) |
Месјеови објекти | 0 |
Метеорски дождови | нема |
Соседни соѕвездија | Лебед Гуштер Касиопеја Жирафа Змеј Мала Мечка |
Видливо на ширина од +90° до −10°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец ноември. |
Историја и митологија
уредиКефеј бил крал на Етиопија. Тој бил оженет со Касиопеја и бил татко на Андромеда, и двете денес се спомнуваат во современите соѕвездија заедно со Кефеј.[2]
Забележителности
уредиЅвезди
уредиАлфа Кефеј,традиционално позната како Алдерамин, е бела ѕвезда со светлинска величина 2,5, ина растојание од 49 сг. од Земјата. Бета Кефеј, традиционално позната како „Алфирик“, е двојна ѕвезда со син џин како првична ѕвезда со светлинска величина 3,2 и секундарна со светлинска величина 7,9. Првичната ѕвезда е променлива ѕвезда и се смета дека е прототпип на подкласа од пулсирачка променлива ѕвезда, кои понекогаш се именувани според Бета Големо Куче. Бета-кефеидите немаат големи промени во светлинската величина, ниту пак имаат периоди подолги од неколку часа. Бета кефеј и самата има промена во светлинската величина од 0,1 во период од 4,6 часа. Традиционалното име значи „стадо“ и се однесува на стадо од овци. Гама Кефеј, традиционлано познато и како Ерај, е портокалова ѕвезда со светлинска величина 3,2 и на растојание од 45 сг. од Земјата. Традиционалното име на истата означува „овчар“.[3] Станува звбор за двојна ѕвезда на приближно растојание од 50 сг. од Земјата. Системот се состои од портокалов подџин и црвено џуџе. поради прецесијата на еквиноксите, γ Кефеј ќе биде поларна ѕвезда во периодот меѓу 3000 и 5200 година, со најмало растојание до небесниот пол околу 4000 година. околу првичната ѕвезда орбитира и планета.
Делта Кефеј е кефеида, жолт суперџин на растојание од 980 сг. од Земјата. Откриено е дека станува збор за променлива ѕвезда од страна на Џон Гудрик во 1784 година. Има распон на светлинската величина од 3,5 до 4,4 во период од 5 дена и 9 часа. Кефеидите се класа на пулсирачки променливи ѕвезди, и Делта Кефеј има минимална големина од 40 сончеви пречницио и максимална големина од 46 сончеви пречници. Станува збор за двојна ѕвезда, жолтиот суперџин има придружна сина ѕвезда со светлинска величина 6,3.[3]
Во Кефеј постојат неколку изразити променливи ѕвезди. Една е, μ Кефеј, позната и како Хершелова Гранатна Ѕвезда поради својата изразена црвена боја. Станува збор за полупроменлива ѕвезда со минимална светлинска величина 5,1 и максимална 3,4. Периодот изнесува 2 години.[3] Ѕвездата е со полупречник од 11,8 ае. Доколку би била поставена во центарот на нашиот Сончев Систем, ќе се протега до Сатурн. Друга променлива ѕвезда е VV Кефеј, како и Ми Кефеј, станува збор за црвен суперџин и за полупроменлива ѕвезда, со местоположба на 2000 сг. од Земјата. Има минимална светлинска величина од 5,4 и максимална 4,8. Станува збор за една од најголемите ѕвезди во галаксијата, со пречник од 1000 сончеви пречници. VV Кефеј има невообичаено долг еклиптички придружник, но еклипсите, се случуваат на секои 20,3 години, и не можат да се забележат без употреба на инструменти. T Кефеј, исто така црвен џин, е Мирида со минимална светлинска величина од 11,3 и максимална од 5,2 на растојание од 685 сг. од Земјата. Со период од 13 месеци и пречник од 500 сончеви пречници.[3]
Постојат и неколу истакнати двојни ѕвезди во Кефеј. Омикрон Кефеј е двојна ѕвезда со орбитален период од 800 години. Системот е на растојание од 211 сг. од Земјата и се состои од портокалов џин со светлосна величина 4,9 и втората ѕвезда со светлинска величина 7,1. Кси Кефеј е уште една двојна ѕвезда на растојание од 102 сг. од Земјата, со орбитален период од 4000 сг. Првичната ѕвезда е бело-сина со светлинска величина 4,4, додека втората е жолта ѕвезда соо светлинска величина 6,5.[3]
Кругер 60 е двојна ѕвезда со светлинска величина 11 и се состои од две црвени џуџиња. Овој ѕвезден систем е еден од најблиските, на растојание од само 13 сг. од Земјата.
Далечни објекти
уреди- NGC 188 е расеано јато со тоа што е едно од најблиските јата до северниот небесен пол, а и едно од најстарите познати расеани јата.
- Огномет (NGC 6946) е спирална галаксија во која се набљудувани девет супернови, повеќе од која и да било галаксија.
- IC 469 е друга спирална галаксија, со особено компактно јадро, со овален облик, со забележителни странични краци.
- Маглината NGC 7538 е домот на најголемата до сега откриена протоѕвезда.
- Перуника е отсјајна маглина која се поврзува со ѕвезденото јато (Колиндер 429), со вкупна светлинска величина 7,7 и на растојание од 1.400 сг. од Земјата. Маглината и јатото се во близина на Бета Кефеј и T Кефеј.[5]
Претставување
уредиКефеј е најчесто претставен како ги држи дигнати нагоре, молејќи ги боговите да го поштедат животот на неговата ќерка Андромеда. Претставен е и како владетел кој седи во својот престол.[2]
Во источната астрономија
уредиВо кинеската астрономија, ѕвездите од соѕвездието Кефеј се сместени во две области: Виолетова Забранета Градба (紫微垣, Ѕе веј јуен) и Црна Желка на север (北方玄武, Беј фанг сјуен ву).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Cepheus, constellation boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Посетено на 15 February 2014.
- ↑ 2,0 2,1 Staal 1988, стр. 14–18
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Ridpath & Tirion 2001, стр. 112-113.
- ↑ „Smoky Shells“. ESA/Hubble Picture of the Week. Посетено на 13 December 2012.
- ↑ Levy 2005, стр. 107.
Надворешни врски
уреди„Кефеј (соѕвездие)“ на Ризницата ? |