Олтар (соѕвездие)
Олтар — јужно соѕвездие сместено меѓу Скорпија и Јужен Триаголник. Името потекнува од латинскиот збор Ara што означува „олтар“. Олтар било едно од 48 соѕвездија кои биле забележани од Птоломеј во II век, и останало едно од 88-те современи соѕвездија определени од Меѓународниот астрономски сојуз.
лат. Ara | |
Кратенка | Ara[1] |
---|---|
Генитивно | Arae[1] |
Симболизам | Олтар[1] |
Ректасцензија | 16ч 34м [2] ч. | 16,9.497с–18ч 10м 41,3.407с
Деклинација | −45,4859734°–−67,6905823°[2]° |
Површина | 237 (°)² (63-то) |
Главни ѕвезди | 8[1] |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 17 |
Ѕвезди со планети | 7 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 2 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 3 |
Најсјајна ѕвезда | β Ara (2.84m) |
Најблиска ѕвезда | Глизе 674 (14,80 сг, 4,54 пс) |
Месјеови објекти | 0 |
Метеорски дождови | нема |
Соседни соѕвездија | |
Видливо на ширина од +25° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јули. |
Notable features
уредиЅвезди
уредиОлтар содржи дел од Млечниот Пат на југ од Скорпија и поради тоа е богато со ѕвездени полиња.[1]
- α Ara синобела ѕвезда со светлинска величина 2,8, 242 сг. од Земјата..[1]
- β Ara портокалов суперџин со светлинска величина 2,8, 600 сг. од Земјата..[1]
- γ Ara син суперџин со светлинска величина 3,3, 1.140 сг. од Земјата..[1]
- δ Ara синобела ѕвезда со светлинска величина 3,6, 187 сг. од Земјата..[1]
- ζ Ara потокалов џин светлинска величина 3,1, 574 сг. од Земјата.[1]
Ѕвездите во соѕвездието немаат имиња во западната култура, но во Кина тие се наречени α Arae „Чу“ („палка“ или „стап), и ε Arae „Цо Канг“, што значи 'лев чувар'.
Далечни објекти
уредиВо северозападниот агол на Олтар се наоѓа дел од Млечниот Пат и во истиот се содржат неколку расеани јата (од особена важност NGC 6200) и расеани маглини (вклучувајќи го тука и парот од јато/маглина NGC 6188 и NGC 6193). Најсјајното од збиени ѕвездени јата, со светлинска величина 6 NGC 6397, и на растојание од само о 6.500 сг (6.149×1013 км), со што е едно од најблиските збиени ѕвездени јата до Сончевиот Систем.[3]
Иако Олтар е во близина на средиштето на Млечниот Пат, можат да се видат две спирални галаксии (NGC 6215 и NGC 6221) во близина на η Arae.[3]
Расеани ѕвездени јата
уреди- NGC 6193 е расеано ѕвездено јатокое содржи 30 ѕвезди со вкупна светлинска величина 5 и површина од 0,25 квадратни степени, половина од големината на полна Месечина. Се наоѓа на растојание од 4.200 сг. од Земјата. Поседува еден член со изразена сјајност, двојна ѕвезда со синобела првична ѕвезда со светлинска величина 5,6 и втора ѕвезда со светлинска величина 6,9. NGC 6193 е опколено со NGC 6188, слабосјајна маглина која може да се види само во фотографии подложени на долга експозиција.[1]
- NGC 6200
- NGC 6204
- NGC 6208
- NGC 6250
- NGC 6253
- IC 4651
Збиени ѕвездени јата
уреди- NGC 6352
- NGC 6362
- NGC 6397 е збиено ѕвездено јато со вкупна светлинска величина 6 и може да се види со голо око во неверојатно темно небо, а нормално видливо со употреба ан двоглед. Станува збор за неверојатно густо збиено ѕвездено јато, на растојание од 10.500 сг. од Земјата.[1]
Планетарни маглини
уредиСкат (Hen 3-1357), најмладата позната планетарна маглина од 2010 година, образувана во соѕвездието Олтар, светлината од нејзиното создавање за првпат е забележана во 1987 година.
На крај, NGC 6326. Планетарна маглинакоја можно е да има двоен систем во својот центар.
Прикази
уредиВо цртежите, соѕвездието е прикажано како олтар од кој се издигнува чад во јужна насока.[4] Но, цртежите за Олтар не се секогаш исти. На почетокот на печатењето, во резба од 1482 година на Хигинсовата класична Poeticon Astronomicon го претставува олтаропт опколен со демони.[5] Јохан Бајер во 1603 година го претставил Олтар со запалени кандила, и пламените јазици се издигнуваат кон југ во повеќето атласи. Гај Јулиј Хигинс исто така го претставил Олтар со запалени кандила, но покрај нив стоеле ѓаволи. Но, Вилем Блау, холандски уранографер кој работел во XVI и XVII век, го претставил Олтар како олтар на кој се вршат жртвувања, и со запалени животински понуди. За разлика од повеќето цртежи, чадот во цртежите на Блау е насочен северно, и е претставен од Алфа Олтар. Понеобичен цртеж за Олтар е оној на Арат, старогрчки уранографер, од 270 п.н.е. Тој го претставил Олтар како светилник, каде Алфа, Бета, Епсилон и Зета Олтар ја претставуваат основата на светилникот, а Ета Олтар ги претставува пламените јазици на светлината од светилникот.[6]
Митологија
уредиВо старогрчката митологија, Олтар било местото во кое боговите принеле жртва пред да создадат сојуз и да ги поразат Титаните.[1] Блискиот Млечен Пат го претставува чадот од нивното жртвување на олтарот.[7]
Иточна астрономија
уредиВо кинеската астрономија, ѕвездите од соѕвездието Олтар се во Азурниот Змеј на исток (東方青龍, Дунг фанг ќинг лунг).[8]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 Ridpath & Tirion 2001, стр. 82–83.
- ↑ 2,0 2,1 „Ara, constellation boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Посетено на 14 February 2014.
- ↑ 3,0 3,1 Dunlop 2005.
- ↑ Ridpath, Star Tales Ara.
- ↑ Kanas, Nick (2012). History, Artistry, and Cartography (Second Edition). Chichester, U.K.: Praxis Publishing. стр. 136. ISBN 978-1-4614-0916-8.
- ↑ Staal 1988, стр. 230.
- ↑ Staal 1988, стр. 229.
- ↑ AEEA 2006.
Надворешни врски
уреди„Олтар (соѕвездие)“ на Ризницата ? |