Друштво на писателите на Македонија
Друштво на писателите на Македонија (скратено, ДПМ) — професионално здружение на писателите од Македонија. Друштвото е формирано на 13 февруари 1947 година,[1] од страна на осум писатели: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ е избран Блаже Конески.
Претседател на ДПМ во два мандати бил Гане Тодоровски (1969-1971 и 1985-1986). Од јуни 2004 до мај 2006 на чело на ДПМ бил Трајан Петровски, кој на таа функција дошол на местото на Веле Смилевски. Од мај 2006 година, функцијата претседател на ДПМ ја вршел Јован Павловски, кој претходно, во два мандата бил на челната позиција на ДПМ.[2] Друштвото ја издава и книжевната ревија „Стожер“.
Награди
уредиДПМ доделува неколку книжевни награди, и тоа:[1]
- „Ацо Шопов“ — за најдобра поетска книга,
- „Стале Попов“ — за најуспешна прозна книга,
- „Димитар Митрев“ — за најдобра книга критики,
- „Ванчо Николески“ — за најуспешна книга за деца,
- „Книжевен жезол“ — за поетски опус со високи естетски вредности,
- „Книжевен мост“ — за дело објавено на некој од јазиците на националностите во Македонија,
- „Даница Ручигај“ — за најдобра поетска книга од членка на ДПМ, и
- Награда „Празник на липите“ - за најдобра песна, најдобар расказ, и најдобар есеј по повод истоимената манифестација.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „ДПМ одбележува 70 години постоење“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 17.
- ↑ Павловски, Јован (2004). Друштво на писателите на Македонија 2000-2004: прилози за книжевниот живот во Република Македонија. Друштво на писателите на Македонија. ISBN 9789989855061.
Надворешни врски
уредиОваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |